Црна хроника
Идентификувана жртвата најдена во Црн Дрим
Жртвата која утрово беше пронајдена во водите на реката Црн Дрим е 21 годишна девојка Захарија П. од Вевчани. Нејзиното тело утрово околу седум часот го забележале минувачи кои веднаш ја известиле полицијата
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски изјави дека полицијата го завршила увидот на местото на настанот и не биле констатирани траги на насилство врз телото на жртвата, кое е предадено на семејството.Полицијата работи на утврдување на мотивите за извршениот чин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
19-годишник со „пасат“ излета од пат, со тешки повреди пренесен во Клиничката болница Штип
Вчера во 13.37 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Плачковица, на влез од село Стар Караорман, штипско, патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Б.М. од село Јонузлија, општина Карбинци, излетало од коловозот, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.М., констатирани во Клиничката болница Штип, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
МВР со детали за сообраќајката кај Влае
Денеска во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“, управувано од 32-годишната Е.С. од Скопје и патничко возило „ауди“, управувано од 27-годишниот Б.А. од село Сарај, скопско, двете со скопски регистарски ознаки, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возачот Б.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник И.А.(32) од с.Љубин, скопско, исто така, се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Деца ограбиле деца со нож во Скопје, МВР ги фати
Полицијата вчера приведе четворица малолетници од Скопје.
Тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари.
Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.