Забава
Возачи на Ф1 ја фалат документарната серија на „Нетфликс“ по оклевањето на Ферстапен

Водечки возачи на Формула 1 во четвртокот ја бранеа популарната документарна серија на „Нетфликс“ Drive to Survive fly-on-the-wall, откако возачот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен, одби да биде дел од неа бидејќи смета дека некои од ривалствата се лажирани.
Документарната серија, која сега ја снима својата четврта сезона, е заслужна како голем фактор за поттикнување на растот на спортот во САД.
24-годишниот Холанѓанец Ферстапен претходно изјави за „Асошиетед прес“ дека ја препознава важноста на серијата, но не сака да биде дел од неа и дека нема да дава интервјуа.
Седумкратниот светски шампион на „Мерцедес“, Луис Хамилтон, ривалот на Верстапен за нова титула, им изјави на новинарите на трката за Гран-при на САД во Остин, Тексас, дека забележал пораст на интересот за земјата.
„Во последните неколку години тоа беше најголемиот пораст и сè повеќе луѓе зборуваат за тоа, сè повеќе луѓе се ангажираат“, рече Хамилтон. „Количината на е-пошта и пораки што ги добивам од луѓе што ги познавам со години во САД и кои никогаш не знаеле што правам, сега се навлекоа и едвај чекаат да дојдат. Мислам дека многу од нив доаѓаат овој викенд.“
Мексиканскиот колега на Ферстапен, Серхио Перез, двократен победник на трката, кој многу напредна минатата сезона, рече дека го почитува она што го прави документарецот.
„Она што го направи документарецот за Формула 1 е огромно. Тоа е навистина нешто што го ценам“, рече тој, како што пренесува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Безос малку се „опушти“ по свадбата, но неговата сакана сè уште „пука од сексапил“

Основачот на Амазон, Џеф Безос, и неговата сакана Лорен Санчез уживаат во животот и бракот.
Папараците неодамна ги фотографираа пред ресторан во Западен Холивуд, а вљубените, покрај нивните блескави насмевки, ги покажаа и квалитетите на брачниот живот.
Се чини дека Безос малку се „опуштил“ по свадбата. Тој ја покажа својата брада која штотуку почнала да расте, а досега не сме го виделе во тоа издание јавно.
Што се однесува до стајлингот, тој се одлучи, како и претходно, за црно издание – од глава до пети.
Од друга страна, неговата сакана сопруга сè уште „пука“ од сексапил. Лорен носеше кафеав фустан со бели реси и интересни детали на долниот дел.
Фустанот имаше длабоко деколте, и на тој начин госпоѓа Санчез Безос, по којзнае кој пат, ги истакна своите гради.
Таа го комплетираше изгледот со брановидна фризура и минимална шминка во земјени тонови.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Се ожени синот на Шварценегер: невестата блесна во класична бела венчаница

Актерот Патрик Шварценегер и Аби Чемпион решија да ја официјализираат својата врска и на интимна церемонија покрај езерото Кер д’Ален си се заколнаа на вечна љубов.
Свадбата беше организирана за семејството и пријателите, а според списанието „Пипл“, невестата блескаше во класична бела венчаница, додека младоженецот носеше елегантно бело сако и црни панталони.
На свадбата присуствуваа родителите на Патрик, Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер, сестрата Кетрин Шварценегер Прат со нејзиниот сопруг Крис Прат, како и братот Џозеф Бин. Среќната двојка беше поддржана и од родителите на Аби, Лора и Грег Чемпион.
Patrick Schwarzenegger marries longtime girlfriend Abby Champion in lavish Idaho weddinghttps://t.co/ZnLPdjwB39
— BREAKING NEWZ Alert (@MustReadNewz) September 7, 2025
Меѓу познатите лица на списокот на гости беа актерот Роб Лоу, како и Џејсон Исак, колегата на Патрик од популарната серија „Бел лотос“. Церемонијата се одржа на ранчот „Гозер“, кој двојката го посети неколку пати.
Романтичната врска на Патрик и Аби првпат беше откриена во септември 2015 година, а тие ја потврдија својата врска на Инстаграм во февруари 2016 година. Веста за нивната свршувачка ја објавија во декември 2023 година.
Аби Чемпион е модел која работела за големи брендови, па дури и неколку пати снимала реклами за модни брендови со своето момче.
фотo: принтскрин
Забава
(Фото) Експериментот не успеа? По сите критики, Кејт Мидлтон се врати на старата варијанта

Само неколку дена откако предизвика шок и јавни критики за нејзината руса коса, принцезата од Велс Кејт Мидлтон (43) одлучи да се врати „на старо“.
На трибините на Светското првенство во рагби за жени во саботата, Кејт блесна во елегантен комплет – сако, бела блуза и панталони кои ги комбинираше со дискретни обетки.
Kate Middleton seemingly reverts to her signature brown hair only days after debuting new blond ‘do https://t.co/QICYkGileA pic.twitter.com/c5cSubdojd
— Page Six (@PageSix) September 6, 2025
Сепак, токму нејзината коса привлече најголемо внимание. Принцезата од Велс не можеше да ги издржи бројните критики за нејзината нова фризура и се врати на својата оригинална кафеава боја.
Beaming Kate ties back her lighter locks as she cheers on England at the Women's Rugby World Cup https://t.co/DXT9mYN1Ux via https://t.co/ft5Jcq2hOb
— Jim Polk 🇺🇸 (@JimPolk) September 7, 2025
Се чини дека нејзиниот експеримент со новата боја не успеал и под притисок на јавноста морала да се врати на својот оригинален изглед.
фото: принтскрин