Црна хроника
Ограбен маж на Камениот мост во Скопје

Триесетгодишен маж бил ограбен на Камениот мост во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера бил уапсен А.Ќ.(23) од Скопје, кој бил фатен во кражба.
А.Ќ. го извршил делото околу 16:55 часот на Камениот мост, а од оштетениот О.К.(30) украл пари.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Починат маж пронајден во неговиот дом во Скопје

Вчера во 12.03 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Бутел во Скопје бил пронајден починат Л.М.(77) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсен крадец во Кавадарци, крадел по куќи, цркви и болница

Полицијата до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против О.В.(42) од Кавадарци поради постоење основи за сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“.
Според информациите на МВР, во периодот од ноември 2024 година до мај 2025 година, тој со употреба на сила и подесен алат од семејни домови, од Општа болница Кавадарци и од верски објект во Росоман одзел различни предмети.
На 06.05.2025 во 07.00 часот на улица „Зелен пазар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода, а од Основен суд Кавадарци изречена му е мерка притвор и бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката.
Црна хроника
Поднесено обвинение за осомничениот за пожарот во куќата и станот на покојниот Зоки Фаци

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши претходната постапка и ги прибра доказите врз основа на кои поднесе обвинение против едно лице за две кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот беше идентификуван како одговорен за намерно предизвикување пожар во викенд-куќа во Катланово и во стан во Скопје, кои биле во сопственост на неговата сопруга со која биле во бракоразводна постапка.
Најпрво, на 1 мај телефонски и се заканувал на оштетената и на нивниот заеднички син дека ќе им ги запали станот и куќата, а еден ден подоцна ја реализирал заканата, предизвикувајќи пожар со бензин пред влезните врати на двата објекти. Пожарот се проширил и во внатрешноста на куќата и на станот кој се наоѓал во зграда, па била предизвикана значителна опасност за животот на луѓето.
Со обвинителниот предлог, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставл и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Обвинетиот е зет на покојниот водител Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци.