Македонија
Бочварски: Преку транспарентен начин носиме нов закон за градење
Текстот на новиот закон за градење е веќе изготвен и доставен до сите заинтересирани страни за што Министерството за транспорт и врски во овој период прибира предлози и идеи за негово подобрување, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој на покана на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се обрати на стручната расправа по однос на текстот за новиот предлог-закон за градење.
„Реформските процеси ги продолжуваме за да изградиме праведно општество кое ќе се темели на сигурност за сите чинители во оваа дејност, граѓани, инвеститори, интитуции. Се определивме да креираме комплетно нов zакон за градење кој ќе има за цел да ги забрза процедурите и ќе го стимулира просторниот и економски развој во државата.
Со новиот предлог-закон се уредува материјата на проектирање, на издавање акти за градење, подготвителни работи, уредување на градилиште. Дополнително, се уредува категоризацијата на градби, а го зајакнуваме и инспекцискиот надзор над градењето со тоа што општинските инспектори стануваат дел од Државниот инспекторат за урбазниам и градежништво, преку оформување на rегионални подрачни единици“ – изјави министерот за транспорт и врски, Бочварски.
Тој во продолжение истакна дека со предло-законот за градење ќе се овозможи и стимулира просторниот и економскиот развој, ќе се стимулира инвестирањето во градење, ќе се зајакне улогата на стручната јавност и правата на странките и на крајот, ќе се овозможи разрешување на наталожените проблеми што постојното се јавуваат во оваа област.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

