Спорт
„Граѓаните“ победнички кај Брајтон, ја завршија работата за 18 минути
Фудбалерите на Манчестер Сити со 4-1 славеа на гостувањето кај Брајтон во рамки на 9. коло во Премиерлигата.
Гостите целата работа ја завршија за само 18 минути во првото полувреме, од 13. до 31. минута.
Гундоган по асистенцијата на Бернардо Силва го отвори резултатот во 13 минута.
Грилиш запиша асистенција, а Фоден погодок во 28 минута.
Победникот беше решен во 31 минута кога повторно Фоден беше прецизен, овојпат по асистенцијата на Габриел Хесус.
Домаќините единствено што успеаја да направат беше почесен погодок, и тоа од белата тока во 80 минута. Мак Алистер биеше прецизно против Едерсон.
Во 95 минута, кога сите го очекуваа последниот судиски свиреж, Ријад Марез постигна и честври гол во домашната мрежа.
„Граѓаните“ упатија двојно повеќе удари за разлика од избраниците на тренерот Потер, а посебно се истакнаа двајцата голмани со неколку одлични интервенции.
По 9 кола, Сити е втор на табелата со 20 гола, минус 2 од лидерот Челси.
Брајтон, пак, одличната серија на 4 победи која ја прекинаа со три нерешени во низа вечерва ја завршија со вториот сезонски пораз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ферстапен за Норис: Ова нема да биде неговата последна победа
Втор пат во 2024 година, Макс Ферстапен не триумфираше на една од трките во Формула 1 шампионатот Холанѓанецот мораше да се откаже во Австралија поради проблеми со сопирачките (победи Карлос Саинц), а во неделата вечерта во Мајами, шампионот беше поразен од Британецот Ландо Норис.
Норис ја постигна првата победа во својата 110. трка во кариерата, а по тој повод зборуваше и Ферстапен.
„Понекогаш победуваш, а понекогаш губиш. Сите сме навикнати на тоа во тркачкиот свет, нели? Денеска ми беше малку проблематично. Дури и на мидиум пневматиците не се чувствував удобно. Правевме предност но не на востонски начин. Кога слушнав како Мекларен поминува во боксот, помислив: „Леле, тоа е навистина брзо“. Тој леташе. Тој дел беше навистина тежок за нас“, изјави Макс Ферстапен по трката.
„Многу сум среќен за Ландо. Долго чекаше на оваа победа, а нема да му биде последна. Дефинитивно го заслужи триумфот“, изјави актуелниот шампион во Формула 1.
На прашањето дали оваа трка е одраз на вистинската брзина на надградениот болид на Мекларен, Ферстапен одговори:
„Се надевам дека не!
Во генералниот поредок води Верстапен со 136 бодови, пред Перез со 101, додека Леклер е трет со 98.
Овогодинешниот шампионат во Формула 1 продолжува со Големата награда на Емилија Ромања на патеката „Енцо и Дино Ферари“ од 17 до 19 мај.
Спорт
Ѓоковиќ ќе биде број 1 сигурно до 10 јуни
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во понеделникот ја започна 424-та недела како број еден на АТП листата. Со други зборови, освојувачот на 24 Грен слем титули е најдобар тенисер на планетата повеќе од осум години.
За дополнително да се илустрира надмоќта на најуспешните на сите времиња, треба да се каже дека Новак сега има точно 200 недели како број 1 по неговиот 30-ти роденден. За споредба, Рафаел Надал има вкупно 209 недели на врвот на АТП листата во целата своја кариера.
Она што е уште повпечатливо е што на владеењето на Ѓоковиќ не му се гледа крајот и покрај тоа што има 37 години. Второпласираниот на АТП ранг листата Јаник Синер поради повреда на колкот нема да учествува на Мастерсот во Рим, па математички никој нема да може да го претекне Ѓоковиќ до 10 јуни.
Младиот италијански ас поради повреда се откажа од Мастерсот во Рим, а неизвесен е и за Ролан Гарос. Ѓоковиќ обезбеди да биде на врвот вкупно 428 недели.
АТП листа:
1. Новак Ѓоковиќ 9.990
2. Јаник Синер 8.860
3. Карлос Алкараз 7.345
4. Данил Медведев 7.195
5. Александар Зверев 5.435
6. Андреј Рубљов (+2) 4.740
7. Касепер Руд (-1) 4.535
8. Стефанос Циципас (-1) 3.860
9. Хуберт Хуркач 3.730
10. Григор Димитров 3.605
Спорт
Спортинг ја освои титулата во Португалија
Фудбалерите на Спортинг од Лисабон вторпат во последните три години ја освоија титулата во Португалија.
Екипата од Лисабон на две кола пред крајот на првенството има недостижни осум бода повеќе од Бенфика која во неделата вечерта беше поразена на гостувањето кај Фамаликао со 2:0.
Спортинг го одработи својот дел во саботата со победата од 3:0 против Портимоненсе, а Фамаликао потоа направи преостанатите две кола да бидат формалност во борбата за титулата.
Клубот од Лисабон го освои 20. шампионски пехар и се наоѓа на третото место на вечната листа зад Бенфика (38) и Порто (30).