Македонија
Арсовска од Аеродром: Инопарк, мултимедијален центар и подобрување на инфраструктурата на општината
Независната кандидатка за градоначалник на град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, утрово се сретна со жителите од општина Аеродром. Разговараше со пазарџиите и потрошувачите на пазарчето во трговскиот центар Бисер и се сретна со голем број жители и поддржувачи од општината.
„Се обврзувам дека ќе изнајдеме решенија за сите проблеми со кои се соочуваат жителите од оваа општина уште од првиот ден од мојот мандат и ќе ги решиме во првите две години. Ќе бидам градоначалник кој во договор со сите граѓани ќе работи на проекти кои се од суштинско значење со цел подобрување на квалитетот на животот во општината, во градот и на сите нас. Фокусот ќе го ставиме на подобрување на инфраструктурата, решавање на проблемите во сообраќајот, брз, безбеден и квалитетен јавен превоз, повеќе пешачки и велосипедски патеки, повеќе зелени површини. Во општина Аеродром е планиран и нов Мега парк, по примерот на градски парк, како и повеќе паркови низ сите населби кои се дел од општината“, изјави Арсовска на средбата со жителите од општината.
Жителите на општината се пожалија и на лошиот квалитет на воздухот од дивите депонии и од Вардариште, за што Арсовска најави итно санирање и чистење.
Таа, исто така го престави и својот проект за изградба на Скопје Инопарк на површина од 7000 метри квадратни за економско јакнење на општината преку користење на ИТ ресурсите и потенцијалите од индустријата и овозможување професионален раст за младите од оваа општина но и од целиот град. Арсовска најави и изградба на мултимедијален центар кој ќе нуди содржини за сите посетители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

