Македонија
СДСМ Скопје: Арсовска должи 8 милиони на државата и грѓаните, со уништувањето на салата „Расадник“
Постојат сериозни докази дека средствата од самопридонесот на скопјани се злоупотребувани и раскрчмувани токму од страна на лицето Данела Арсовска, која катастрофално ја менаџирала спортската сала „Расадник“ соопшти СДСМ Скопје.
„ Инвеститор на Спортската сала „Расадник“ е град Скопје, а парите за спортската сала се собрани од сите скопјани по пат на самопридонес. Објектот на спортската сала „Расадник“ денес претставува градски срам, целосно деградиран и запуштен. Пред фактите и боговите молчат, затоа молчи и Данела Арсовска и се обидува да избега од прашања за нејзиното користење и упропастување на Спортската сала „Расадник“.
Факт бр. 1: Постои фирма со име „Империал – Данела“ која има договор за користење на сала Расадник до 2026 година со закупнина од само 1.000 евра месечно.
Еве го Договорот за закуп на спортска сала Расадник, со печат од фирмата „ИМПЕРИАЛ Данела“ склучен на 1.01.2002, кога министер за финансии е Никола Груевски. Даниела Јовановска (моминското презиме на Арсовска) е директор на фирмата „ИМПЕРИАЛ Данела“, со адреса „Благоја Гојан бр. 24“ на која се наоѓа сегашниот Хотел Империјал во Скопје, во сопственост на нејзиниот татко.
Факт бр. 2: Овој документ покажува дека спортската Сала „Расадник“ во 2021 должи струја од речиси 3 милиони и 330 илјади денари, или над 54.000 евра, и е доказ за катастрофално менаџирање!
Факт бр. 3: Овој документ докажува дека фирмата „ИМПЕРИАЛ Данела“, со која директорувала Данела, била затворена со долг кон Јавното претпријатие од 8 милиони денари, или над 130 илјади евра! Јавноста има право да знае каков менаџер била Арсовска, и каде завршувале стотици илјади евра што ги должат фирмите со кои менаџирала Арсовска.
Ако Арсовска е транспарентна пред јавноста, нека не избегнува новинарски прашања и нека одговори: Кој период менаџирала со фирми кои ја закупувале Спортската сала „Расадник“, или имале седиште во неа како што се фирмите „Империал ДООЕЛ“, „Империал Спорт“ и „Ројал Груп“?
Дали со стотиците илјади евра што ги должи за струја и кон ЈП, фирмите на Данела Арсовска „Империал Данела“ „Империал ДООЕЛ“, „Империал Спорт“ и „Ројал Груп“ развивале бизнис со луксузни хотели во Скопје кои носат име Империјал и Ројал?“ се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Блаже Конески“ го почнува второто полугодие со нов лик – модерно училиште со 16 училници, библиотека, сала, кујна
Општина Аеродром денеска го пушти во употреба новоизградениот дел од ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин. На свеченоста присуствуваа градоначалникот Дејан Митески, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
По 70 години, училиштето доби современ лик и услови за квалитетно образование. Новите училници, кабинети и заеднички простории обезбедуваат простор за развој на учениците и подобри услови за наставниците.


Проектот е капитална инвестиција на Општина Аеродром, реализирана со поддршка од Владата, вреден 200 милиони денари. Во новиот дел на училиштето се изградени 16 модерни училници и кабинети, библиотека, сала со бина, лифт, кујна и трпезарија, енергетски ефикасна фасада и целосно пристапни услови за сите ученици.
Втората фаза од овој проект веќе е започната и опфаќа изградба на спортска сала, 10 нови училници, кабинет за информатика, нова библиотека, просторен хол за активности и партерно уредување на дворот со игралишта, зеленило и нов паркинг, со вкупна вредност од 253 милиони денари.

Овој капитален проект ја потврдува посветеноста на Општина Аеродром кон развој на современо, безбедно и достапно образование за сите ученици.
Македонија
Мицкоски: Мафијашки упади во времето на вонредната состојба, случајот со Жан Митрев отвора прашања и за одлуките на Пендаровски
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е изненаден од тврдењата на хирургот Жан Митрев дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев сакале да му ја преземат приватната клиника. Мицкоски оцени дека таквите „мафијашки упади“ се случувале токму во периодот на вонредната состојба и побара Обвинителството да постапи по допрен глас.
„Не сум изненаден, знаевме какви мафијашки упади се случуваа, особено кога се носеа вонредни состојби и со уредби на сила се надсинхронизираа законите и Уставот“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за сведоштвото на Митрев.
Тој посочи дека нема дополнителен коментар, но очекува Обвинителството да се произнесе: „Немам што да коментирам, претпоставувам би требало Обвинителството по допрен глас да коментира. Но тоа мене не ме изненадува.“
Мицкоски додаде дека има повеќе сведоштва за однесувањето на тогашната влада во периодот на вонредната состојба и укажа на уредбите со законска сила што тогашниот претседател Стево Пендаровски ги носел:
„Сè уште тие законски уредби и одлуки на Пендаровски Стево во тој период стојат непоминати во Собранието. Треба да видиме и Собранието да се произнесе во периодот што следи што со тоа, дали можеби има и одговорност тука од страна на поранешниот претседател Пендаровски Стево и пред законите и пред Уставот.“
Според Мицкоски, постојат основани сомневања дека дел од тие одлуки биле спротивни на Уставот и законите. „Ќе чекам да видам дали Обвинителството ќе постапува по допрен глас – истото што го чекаат сите граѓани во Македонија“, додаде премиерот.
Македонија
(Видео) Стојаноски: Заев и Филипче му нуделе на Жан Митрев да им ја продаде болницата под цената за да го ослободат од обвиненија
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, и на денешната прес-конференција побара Јавното обвинителство итно да ги провери наводите за притисок врз Жан Митрев да ја продаде болницата, оценувајќи дека се работи за сериозни обвинувања кои бараат одговорност.
Стојаноски повикувајќи се на телевизиското интервју на Жан Митрев, рече дека во времето кога СДСМ била на власт, поранешниот премиер Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче вршеле притисок врз д-р Жан Митрев со цел да ја преземат неговата приватна клиника за сума далеку под пазарната.
Според Стојаноски, д-р Митрев бил изложен на силни притисоци токму во периодот кога против него се водел судски случај. Пратеникот тврди дека личната сметка на Митрев, како и сметката на клиниката, биле блокирани, а била изречена и забрана за продажба на удели.
„Само една недела по нивното барање да ја купат болницата, Јавното обвинителство ја повлекло забраната за продажба – што покажува како институциите биле ставени во служба на интересите на тогашната власт“, изјави Стојаноски.
Дополнително, д-р Митрев изјавил дека добил понуда од Филипче и Заев да се спогодат – ако ја продаде клиниката под пазарната цена, тие би му помогнале да се ослободи од обвиненијата.
„Уште по скандалозно е тоа што, др. Жан Митрев вели дека Заев и Филипче му понудиле и спогодба, односно доколку ја продаде болницата за пониска сума од пазарната, ќе му помогнат да се ослободи од обвиненијата против него“, додаде Стојаноски.

