Вести
Републикански конгресмен ќе го тужи Обама за пречекорувања на овластувањата

Републиканскиот претседател на американскиот Претставнички дом Џон Бонер изјави во средата дека на суд ќе покрене тужба против претседателот Барак Обама поради пречекорување на овластувањата, што наиде на осуда од Белата куќа.
Конгресменот Џон Бонер изјави дека тужбата од Претставничкиот дом е насочена на заштитата на уставните права на Конгресот и дека американскиот претседател Барак Обама ги занемарува законите коишто тој ги носи. „Уставот јасно вели дека задачата на претседателот е доследно да ги спроведува законите. Мислам дека претседателот доследно не ги спроведуваше законите“, изјави Бонер на прес-конференцијата во Вашингтон, пренесуваат агенциите. „Конгресот има работа којашто мора да ја извршува, како и претседателот. Доколку меѓу законодавната и извршната власт постои судир, тогаш наша должност е, мислам, да ја браниме таа институција“, додаде републиканскиот конгресмен. Одби да каже кои дејствија што ги преземал Обама ќе ги наведе во тужбата и одрече дека целта на постапката е импичмент на претседателот. Републиканците му префрлаат на Обама низа извршни уредби коишто, според нив, излегуваат од рамките на неговите законски овластувања, особено како онаа за прекин на прогонот на многу деца кои во САД влегле илегално и за роковите за спроведувањето на некои поглавја од законот за реформата на здравствениот систем. Неодамна парламентарните застапници ја критикуваа и размената на петтемина талибански затвореници за американскиот војник Бови Бергдал во Авганистан, за која Конгресот не бил известен, што е предвидено со законот.Бидејќи Конгресот беше парализиран со внатрешните поделби, Обама се реши да дејствува со указ во областите во коишто тоа е можно. Така ја зголеми минималната плата на вработените во сојузните државни агенции, но за другите Американци тоа не го стори, наводно поради немањето поддршка од Конгресот. Обама има намера и да ја забрани дискриминацијата според сексуална ориентација и „родниот идентитет“ во компаниите коишто ѝ даваат услуги на сојузната држава. Исто така, американскиот претседател во неколку наврати го промени своето мислење за консултации со Конгресот за специфични прашања. Така есента 2013 година Обама подготвуваше воена операција против Сирија велејќи дека за нејзино спроведување не му е потребно одобрување од Конгресот. Потоа, сепак, поведен иницијатива во Конгресот, но на крајот се откажа од неа.„Не само што претседателот редовно го занемарува законот, тој се фали со та и со својата подготвеност еднострано да ги менува“, изјави Бонер додавајќи дека споменатите укази резултирале со „дрскост и неспособност“ на претседателската администрација.Бонер истакна и дека ќе го тужи Обама поради спроведување голем број политички иницијативи преку претседателски укази и други наредби заобиколувајќи ја законодавната власт. Обама, потпирајќи се на правните советници на Белата куќа, периодично издава претседателски декрети со цел да имплементира одредени иницијативи со што се заобиколува Конгресот. Американскиот претседател, исто така, често го истакнува своето право самостојно да спроведи воени иницијативи во странство.Демократските сојузници на Барак Обама ја сфаќаат оваа најава како политички маневар на републиканците на околу четири месеци пред парламентарни избори во САД на кои републиканските се надеваат дека ќе успеат да добијат мнозинство во вториот дом на Конгресот – Сенатот. Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест одговори на најавата на Бонер дека таквата тужба ја финансирале американските даночни обврзници и дека не би ја поддржале мнозинството Американци.„Не сум сигурен дека Американците топло ќе ја примат одлуката на републиканците да ги искористат парите на даночните обврзници, за да го тужат на суд претседателот, за тоа што тој си ја врши
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.