Забава
На Харисон Форд му ја вратиле кредитната картичка што ја загубил на Сицилија

Харисон Форд загубил кредитна картичка кога бил на кус одмор на Сицилија, јужна Италија.
Ова се случило додека бил на пауза од снимањето на петтото продолжение на филмската сага „Индијана Џонс“. Но, поради доброто дело на германски турист, картичката му била вратена на холивудскиот ветеран.
Туристот ја пронашол во четвртокот, го забележал познатото име на актерот и ја предал на локалната полиција во Мондело, според „Асошиетед прес“.
Крајбрежното гратче Мондело е всушност мала населба во градот Палермо на Сицилија. Областа е позната по долгата песочна плажа и вилите во стилот на „Либерти“.
Полицајците му влегле во трага на 79-годишниот Форд и му ја вратиле кредитната картичка. Сè уште не е јасно дали тој воопшто бил свесен дека му ја нема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Дуа Липа го имаше своето деби на Мет Гала со својот вереник, го покажа и прстенот

Овогодинешното издание на Мет Гала, како и секоја година, привлече бројни познати личности. Меѓу нив беше и пејачката Дуа Липа, која го имаше своето деби на црвениот тепих со својот вереник Калум Тарнер.
Пејачката (29) и актерот (35) не ја криеја својата љубов пред камерите. Дуа Липа во оваа пригода го покажа и својот веренички прстен, кој веднаш привлече внимание под нејзините проѕирни црни ракавици.
Двојката е во врска нешто повеќе од една година, но официјално потврдија дека се заедно летото, минатата година.
Британскиот актер претходно беше во врска со актерката Ванеса Кирби, додека пејачката ја заврши врската со францускиот режисер Ромен Гаврас во декември 2023 година.
Забава
Секогаш чуваат нешто за себе: никогаш нема да ја чуете целата вистина од четири хороскопски знаци

Нивните реченици се внимателно одбрани, изразите на лицето се контролирани, а приватните детали се скриени зад смирен тон и нејасни одговори. Таквите луѓе не се нужно лажговци – тие едноставно знаат како да сокријат информации за кои веруваат дека не се за сечии уши.
Кои четири хороскопски знаци се познати по тоа што никогаш не откриваат сè до крај.
Шкорпија
Шкорпиите се мајстори на мистеријата. Кога ќе споделат приказна од својот живот со вас, секогаш постои барем уште еден слој што го задржуваат за себе. Тие веруваат дека ранливоста има своја цена, па затоа споделуваат информации мерено, како да играат шах. Ќе ви биде тешко да ги извлечете деталите што навистина им се важни – не затоа што не ве почитуваат, туку затоа што нивната доверба е драгоцена и не е лесно да се сподели.
Јарец
Јарците изгледаат отворени и конкретни, но оваа сериозност може да ве измами. Зад професионалниот тон и промислените изјави, честопати стои цел спектар на чувства, планови и сомнежи што тие не ги споделуваат со другите. Јарците не сакаат да зборуваат за своите слабости или внатрешни превирања, одржувајќи слика на стабилност и контрола.
Во нивниот случај, тишината не е знак на манипулација, туку начин за одржување на сопствената безбедност.
Риби
Навидум нежни и сочувствителни, Рибите честопати го чуваат за себе она што им значи најмногу. Нивната емоционална длабочина е огромна, но малкумина имаат пристап до сето тоа. Рибите ќе споделуваат многу, но во исто време ќе ги чуваат најинтимните делови од својата душа за себе. Понекогаш се плашат дека другите нема да ги разберат, а понекогаш едноставно не сакаат никој да види колку се ранливи.
Водолија
Водолиите се познати по своето неконвенционално размислување, но кога станува збор за лични теми, тие често се многу резервирани. Тие можат да разговараат со вас со часови за идеите, светот, плановите и приказните на другите луѓе, без да кажат ништо конкретно за себе.
Нивната потреба за независност и простор е тесно поврзана со тајноста. Водолиите не се кријат затоа што сакаат да манипулираат, туку затоа што длабоко ја ценат својата приватност.
Забава
Кроација ерлајнс објави фотографија од Северина во авион: „Кога ѕвездите летаат со нас“

Северина патуваше на настап, а за време на летот се фотографираше со екипажот на „Кроација ерлајнс“.
Фотографиите беа споделени од компанијата на својот Инстаграм профил.
„Кога ѕвездите летаат со нас… Оваа недела имавме чест да бидеме домаќини на една од најголемите музички диви, Северина. Со насмевки, топлина и срдечност, таа го разубави денот за нашиот екипаж и за сите во кабината. Летот со неа беше вистинска музичка симфонија, но над облаците“, напишаа тие во описот на објавата.
Пејачката од Сплит пееше во Диселдорф.
По Диселдорф, Северина настапи во Пореч, каде што доби необичен подарок – дрес на Југославија.
„Синоќа во Пореч имавме концерт за словенечки студенти, но од публиката излегоа и студенти од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Италија и Црна Гора… а потоа дресот на југословенската репрезентација излета од публиката. Бевме навистина возбудени“, напиша пејачката на Инстаграм. Погледнете го видеото.