Македонија
(Видео) СДСМ: Aрсовска си ја наместила мајка си во Државниот совет за статистика
Градската организација на СДСМ денеска обелодени докази за кои велат дека покажуваат оти претседателката на ССК, Данела Арсовска, ѝ овозможила на мајка си Марика Јовановска да стане член на Државниот совет за статистика како предлог на ССК и да зема по 10.000 денари од седница.
Според СДСМ, мајката Марика Јовановска станала член на Советот за статистика по предлог на Сојузот на стопанските комори на Македонија кога ќерка ѝ Данела Арсовска била претседател на ССК.
Како докази беа приложени: номинацијата на Марика Јовановска, мајка на Данела Арсовска (со моминско презиме Јовановска), доставена до Илија Димовски, претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата во 2019; биографија на номинираната од ССК – Марика Јовановска и извадок од „Службен весник“ бр. 107 од 28 мај 2019, со одлука за именување членови на Советот за статистика, каде што како член е именувана Марика Јовановска, раководител на сектор за набавки во „Титан“ по предлог на Сојузот на стопанските комори на Македонија.
„Има ли појасен случај на непотизам од овој? Само личност што не поседува чесност и личен интегритет, како претседател на ССК, може да овозможи мајка ѝ да биде номинирана и избрана за член на Советот за статистика, каде што хонорарот изнесува 10.000 денари од седница“, обвинуваат од градската организација на СДСМ.
Од таму, воедно, ја повикуваат Државната комисија за спречување на корупцијата да го испита случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Метеоролозите најавуваат поинтенезивни врнежи ноќеска и утре, од среда стабилизирање
Времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во текот на ноќта. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени, јавува УХМР.
Денес најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне насекаде, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (локално над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Во вторник ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневните температури.
Македонија
Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници.
„Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски.
Македонија
Почина Агим Јонуз
Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија не само како аналитичар и колумнист, туку и како поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на Собранието, Лупчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски.
Во 2021 година Јонуз беше носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“.
Јавноста го познаваше како чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре, 26 октомври 2025 година, на гробиштата во Бутел.

