Контакт

Книги

„Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков добитник на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман

Објавено пред

Ракописот со наслов „Хотел меѓу две војни“ од авторот Александар Русјаков е победник на третото издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2021 година.

dobivaj vesti na viber

На годинешниот конкурс за наградата за најдобар необјавен роман на годината – „Пегаз“, што ја организираат издавачката куќа „Арс ламина“ и Фондацијата „Славко Јаневски“, се пријавија и учествуваа 44 ракописи. За победникот одлучи жирито во состав: проф. д-р Владимир Мартиновски (катедра за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“), Фросина Пармаковска (писателка и добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2017 година) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс ламина“).

Во образложението на жирито се вели: „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков е историографска метафикција посветена на култната љубовна приказна за Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Прикажани во вителот на бурните историски настани на Балканот и во Европа (пред сè, многубројните војни од првата половина на ХХ век), судбините на Мустафа и Елени се прикажани преку вештите меандрирања во биографските факти и во многубројните реминисценции и психолошки портретирања на ликовите“.

„Престојувајќи во бизарен хотел, кој асоцира на задгробниот свет, но во соба со поглед на Битола, Мустафа Кемал Ататурк понира во фантазмагоричниот свет на спомените и соништата, во кој на еден непредвидлив начин се мешаат сликите од минатото и од интимната историја на протагонистите. Приказната за Мустафа и Елени е раскажана оригинално, преку калеидоскоп од сугестивни сцени, впечатливи прозни пасажи и вешто водени дијалози. Овој роман проблематизира и низа историски моменти и ликови, видени од специфичната призма на авторот, која е оригинална, темелна и извонредно визуелно ефектна. Светот што овој роман ни го претставува е раскошен, слоевит, свет што ги обединува пределите на сонот и јавето, животот и смртта, историската реалност и фикцијата. Раскрстувајќи со секаква типичност, типизираност и клишеизираност, ‘Хотел помеѓу две војни’ одново ги создава личните и историските вистини, играјќи си и постојано поместувајќи ги силните противречности помеѓу она што било и она што би можело да биде; помеѓу големите и малите; Истокот и Западот; слободните избори и детерминираните улоги. Меѓу другото, ова е и роман што нуди уникатно ѕирнување во комплексниот свет на една од најинтересните историски личности, секако низ безграничните можности на фикцијата и авторовата имагинација. Поради наведените книжевни и текстуални карактеристики на овој ракопис, што ги посочивме како негови доблести што го издвоија од другите конкуренти, донесовме едногласна одлука – ‘Хотел меѓу две војни’ да ја понесе наградата ‘Пегаз’ за 2021 година. На сите автори што се пријавија на конкурсот им се заблагодаруваме за нивното учество, а на победникот му ја честитаме првата награда“, се истакнува во образложението на жирито.

По темелното исчитување на сите пристигнати ракописи, стручната комисија го донесе следниот заклучок:

– Генералниот впечаток од сите разгледани ракописи е дека доминираат реалистичното писмо и жанрот трилер. Покрај победничкиот роман, во најтесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2021 година ги разгледавме и ракописите „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска, кои се издвоија од мноштвото по своите книжевни вредности – оригиналната нарација, структурните и стилските квалитети.

Наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман е своевидно продолжение на веќе етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“.

– Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ се горее со својот придонес во развојот на македонската романсиерска продукција. Покрај организацијата и доделувањето на наградата „Роман на годината“, наградата „Пегаз“, што ја доделуваме заедно со издавачката куќа „Арс ламина“, е несомнено важен сегмент во создавањето на оваа нагорна линија на македонскиот роман. Сметаме дека е особено важно што оваа награда се доделува за необјавен роман, односно роман во ракопис, што секако овозможува пред оценката на јавноста да се појават и некои дела што можеби неправедно и неоправдано не успеале да излезат на светлоста на денот. Третото доделување на оваа награда само говори дека сме на вистинскиот пат и дека наградата, полека, ама со сигурен чекор, го етаблира своето место во македонскиот културен простор – вели Ѕвездан Георгиевски од Фондацијата „Славко Јаневски“.

Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на победничкиот роман во посебна едиција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Арсовска не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанокот на мандатот, ја обвини ДКСК за јавен линч

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанок на нејзиниот мандат...

Македонија11 часа

Мицкоски: Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство

Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство, изјави премиерот, Христијан Мицкоски во Брисел....

Македонија16 часа

(Видео) Кузеска: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милион евра за два месеца

„Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и докуметни на нашата дигитална платформа за борба против...

Македонија17 часа

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

Граѓаните што направиле некој од четирите прекршоци што ги регистрираат камерите на „Безбеден град“ и без да им стигне известување...

Македонија17 часа

35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба, меѓу нив Ѓорѓиевски и Арсовска, соопшти Комисијата за спречување на корупцијата

Државната комисија за спречување на корупцијата, во согласност со член 17 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на...

Македонија18 часа

Орце продолжува со скандалозни назначувања, партиски кадар со криминално досие на чело на Зоолошката, велат од Левицата

Левицата предупредува дека најавите за ново раководство во Зоолошката градина во Скопје претставуваат уште еден алармантен пример за тоа како...

Македонија18 часа

Куќен притвор и 24-часовен надзор за Љупчо Пецов-Ѓаволот, доставил документи за влошена здравствена состојба

Во текот на вчерашниот ден во Основниот кривичен суд Скопје пред судија на претходна постапка беше спроведен Љупчо Пецов-Ѓаволот, на...

Топ19 часа

Кривични пријави за измама и давање лажен исказ: изготвиле фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици во Тетово биле истечени

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(46) од Тетово и против правно лице –транспортно претпријатие од Тетово поради постоење основи...

Топ20 часа

Ја убиле со пиштол, телото ѝ го спуштиле во дупка и го запалиле: истрага против две лица за свирепо убиство на жена во гостиварско Неготино

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека извршиле кривично дело – Убиство...

Македонија20 часа

„Дали Коцевски тактизира со оставката за да купи време и да се забошотат над 40 предмети за висока корупција за функционери од СДС и ДУИ“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Љупчо Коцевски тактизираше дури и со сопствената оставка и одлучи да ги пресретне непријатните дискусии и вистината за неговото работење...

Свет20 часа

Трамп ја продолжи забраната за патување во САД за уште седум земји

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го прошири списокот на земји чии граѓани имаат забрана за патување во Соединетите Американски Држави,...

Свет21 час

Терористот од Сиднеј обвинет за 59 кривични дела

24-годишниот Навид Акрам, кого полицијата го сомничи дека стои зад масакрот на плажата Бонди во Сиднеј, е обвинет за вкупно...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче го соопшти новото раководство на партијата: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по завршувањето на вчерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го...

Македонија1 ден

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во...

Македонија2 дена

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ2 дена

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија2 дена

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија2 дена

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ2 дена

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...