Македонија
11 починати лица, 135 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 1.514 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 91, Куманово – 14, Кавадарци – 7, Струга – 4, Прилеп – 3, Битола, Струмица, Свети Николе, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Штип, Кочани, Гевгелија, Виница, Валандово и Кратово – по 1 лице.
Регистрирани сe 330 оздравени пациент од: Скопје – 116, Куманово – 28, Велес – 23, Прилеп – 15, Крива Паланка, Штип и Кочани – по 14, Кавадарци и Битола – по 9, Свети Николе, Гевгелија и Кратово – по 6, Кичево и Ресен – по 4, Пробиштип – 3, Виница, Неготино и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Радовиш и Крушево – по 1 лице.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (67г и 79г), Крива Паланка (67г и 76г) и Куманово (73г и 74г) и по едно починато лице од Македонска Каменица (82г) ,Охрид (80г) ,Прилеп (74г) ,Пробиштип (64г) и Штип (70г). Од пријавени лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, нема пријавени починати лица.
Направени се 1.514 тестови преку: ИЈЗ – 52, ЦЈЗ Скопје – 0, ЦЈЗ Битола – 0, ЦЈЗ Прилеп – 0,
ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8 Септември – 0, Институт за микробиологија – 0, Жан Митрев (Филип Втори) – 55, Авицена – 91, Биотек – 87, Систина – 53, лабораторија Лаор – 0, Синлаб -0, Ремедика – 0, Плодност–0, Генеа – 0, Никоб лаб – 228, ВФВ Медикал – 16, Ели Медика – 19, Ројал Медика –0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 913.
Досега во земјата се направени вкупно 1.366.002 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.901, бројот на оздравени пациенти е 186.652, на починати е 7.062, а бројот на активни случаи изнесува 6.187.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 87474, Активни 3190
Куманово 12104, Активни 446
Тетово 10949, Активни 104
Прилеп 9378, Активни 245
Гостивар 7997, Активни 24
Битола 7343, Активни 201
Велес 6691, Активни 309
Кавадарци 6195, Активни 190
Охрид 6130, Активни 190
Штип 6066, Активни 198
Струмица 5888, Активни 143
Кичево 4074, Активни 69
Струга 3834, Активни 44
Кочани 3493, Активни 151
Гевгелија 2525, Активни 80
Неготино 2358, Активни 27
Свети Николе 1987, Активни 73
Крива Паланка 1584, Активни 111
Радовиш 1582, Активни 47
Ресен 1574, Активни 36
Дебар 1453, Активни 6
Берово 1227, Активни 15
Делчево 1142, Активни 22
Виница 1078, Активни 33
Пробиштип 994, Активни 60
Валандово 845, Активни 18
Кратово 634, Активни 30
Богданци 579, Активни 24
Крушево 545, Активни 14
Демир Хисар 477, Активни 35
Македонски Брод 476, Активни 2
Демир Капија 410, Активни 1
Македонска Каменица 353, Активни 43
Пехчево 319, Активни 3
Дојран 143, Активни 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Да не се потпаѓа на шпекулации, Македонија продолжува со дијалог, велат од Транспорт за проблемот со превозниците
Министерството за транспорт апелира да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на дијалогот, а особено не на шпекулации од соседните држави. Секоја држава одлучува за себе, Македонија продолжува со дијалог за трајно решение, соопштија од Министерството по најавата на балканските превозници за нови блокади на границите.
„Во врска со престојот на превозниците во Шенген зоната би сакале да информираме дека во координација со Европската Комосија се работи на трајно решение. Ресорните министерства изминатиот период се во интензивна комуникација со ЕК со цел да се изнајде трајно решение. Министерството за транпсорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија со цел изнаоѓање решение во рамки на новата визна стратегија која ја промовираше Европската Унија каде што се отвора можноста возачите да бидат третирани како професионалци како и можностите за друг вид визи“, соопштија од Министерството.
Од таму потенцираат дека е најавено одложување на примената на ЕЕС системот и дека активно сите чинители работат на решавање на овој проблем.
„Дијалогот со Европската Комисија е активен и сите можности се разгледуваат од страна на техничка работна група составена од сите ресорни министерства и претставници на Европската Комисија. Во следниот период разговорите продолжуваат со засилена динамика со цел наоѓање трајно решение кое е прифатливо за сите страни“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
Законот за пушење следната недела пред Владата – фазната имплементација не значи одложување, појаснува Министерството за здравство
Министерството за здравство соопшти дека останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови.
Во моментот, како што велат од Министерството, се финализира анализата на пристигнатите коментари од јавната расправа на ЕНЕР, како и ставовите доставени од засегнатите страни, институциите и бизнис заедницата, по што следната недела финалната верзија ќе биде доставена до Владата.
„Потенцираме дека овие усогласувања не ја менуваат суштината на законот. Целите остануваат јасни и непроменети: спречување на започнување со пушење кај младите и создавање генерации без никотинска зависност, заштита на работниците и граѓаните од пасивно пушење во затворени јавни и работни простории.
Во однос на наводите за „фазна имплементација“, појаснуваме дека тоа не значи одложување на неговата имплементација по усвојувањето во Собранието. Законот ќе стапи на сила по неговото донесување согласно законските рокови. Фазноста се однесува на начинот на примена во почетниот период, при што првата фаза ќе биде со засилен надзор, информирање и опомени. Целта е институциите, угостителите, и граѓаните да се адаптираат, да добијат јасни упатства и поддршка, а културата на почитување на правилата да се изгради одржливо на долг рок“, велат од Министерството.
Се додава дека остануваат отворени за комуникација и навремено информирање на јавноста за секој следен чекор од процесот.
Македонија
Герасимовски: Го чуваме редот и јавниот простор во Центар, 86 казни за непрописно паркирање за три дена
Комуналните инспектори и комуналните редари на општина Центар претходната недела изрекоа вкупно 86 казни за непрописно паркирање на јавни и зелени површини, од кои досега 24 се платени.
Контролите се фокусирани на подрачјата на Дебар Маало и Градски ѕид, каде најчесто се евидентираат вакви прекршоци. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, известуваат од општина Центар.

На секое непрописно паркирано возило се остава известување за сторен прекршок, а казната изнесува 50 евра, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар. Доколку прекршочниот платен налог се подигне и се плати во рок од осум дена, сторителот има можност да плати половина од износот на изречената казна.
„Редот мора да се почитува, а безбедноста на пешаците и заштитата на јавниот простор се наши приоритети. Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат законите и прописите за сообраќај и комунален ред, за да имаме уредна, безбедна и хумана средина за сите,“ рече градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат законите и прописите за сообраќај и комунален ред, со цел заштита на пешаците и јавниот простор.

