Македонија
Арсовска: Совет на млади, дигитализирање на информации со само еден клик, се дел од проектите за млади
Мојата визија за Скопје предвидува овозможување на современи услови за учење за нашите деца. Мора да имаме соодветни модели за одржување на образовниот процес за младите и тие тоа го заслужуваат во 21 век. Со брзи и ефикасни решенија ќе им покажеме на сите наши млади дека местото им е тука, дома и дека треба да останат во Скопје, нагласи кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешната панел дискусија на тема „Младите во градот Скопје, младите во центар“.
Во ера на дигитализација Арсовска изјави пред учесниците во панелот дека е потребно да се вложува во младите кои се дел или кои имаат афинитети во ИКТ (информатичка, комуникациска и телекомуникациска) индустријата. Таа додаде и дека ќе се залага за младите луѓе, преку транспарентен процес за избор на Совет на млади, дигитализирање на сите информации за млади со еден клик, преку проектот Е-млади, дигитализација на средните училишта и проектот за е – Младински културен центар.
„Ќе вложиме не само во основни средства, туку и во информатичка опрема за секој ученик со којашто ќе може да располага и секој наставник. Ќе им помогнеме на младите претприемачи. Во рамки на МКЦ преку процес на социјално претприемништво и во соработка со невладиниот сектор ќе почне со работа Центар за младинско претприемништво“, изјави Арсовска од денешната панел-дискусија со младите во општина Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

