Спорт
10-годишно девојче го анализира дебаклот на „црвените ѓаволи“
На сајтот на телевизијата на Манчестер јунајтед, „Јунајтед вју ТВ“, објавено е петминутно интервју со 10-годишно девојче, навивач на „црвените ѓаволи“. Девојчето го анализира поразот на Јунајтед од ливерпул (0:5).
Навистина игравме лошо денес: Пораз од Ливерпул 0:5, како се чувствуваш?
„Па не знам…Го имаме Роналдо, Санчо кој воопшто не влезе во игра и покрај тоа што за него плативме милиони. Го имаме Фернандеш, кој беше одличен минатата сезона. И да знам дека Ливерпул го победија Вотфорд со 5:0, во претходното коло, но ние сме многу подобра тим од Вотфорд, не смеевме вака да загубиме од Ливерпул. Мислам дека Оле им кажува да одиграат нешто, а тие тоа не го прават. Можевте да видите колку е Роналдо фрустриран, го удри противникот. Ништо не е случајно, во средата едвај ја добивме Аталанта…Еј, Аталанта“.
Да беше густо, но дали мислиш дека може да биде подобро, понекогаш е потребно време да се наредат работите, многумина пребргу бараат смена на тренерот, бараат нови играчи…Дали мислиш дека може да биде подобро?
„Но кажаа дека ќе биде подобро. Рече дека ќе биде подобро кога изгубивме во финалето во Лига Европа, но јасно е дека не сме подобри, загубивме 5:0 од Ливерпул“.
Одлично го забележа тоа, кажаа дека ќе бидеме подобри, сега ги имаме Роналдо, Санчо, Варан, но се чини дека сме полоши?
„Мислам дека проблемот сега е во тоа што Оле не знае што прави и кој е на теренот, го видовте Мегваер и оној…Линделоф…Да тие двајца не можат да се договорат кој ќе ја шутне топката, кога треба да ја шутне Мегваер, ја шутира другиот, кога треба да ја шутне другиот ја шутира Мегваер. Мислам дека проблемот е во тоа што се опуштија, веројатно си помислија: „Сега ги имаме Роналдо и Санчо, не мораме повеќе да се трудиме“ и мислам дека не сакаат да научат ништо ново“.
This 10-year-old’s analysis of Manchester United.
The next generation of fans ❤️
⁰(via @unitedviewtv) pic.twitter.com/1YQw6eQnKB— B/R Football (@brfootball) October 25, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Хрватска го завери пласманот на СП
Хрватската фудбалска репрезентација ги победи Фарските Острови со 3:1 во претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство и го потврди првото место во групата Л.
Хрватите се третата европска репрезентација која обезбеди пласман на завршниот турнир во Канада, САД и Мексико, по Англија и Франција.
Натпреварот од деветтото коло од европските квалификации одигран во Риека заврши со резултат 3:1 (1:1).
Момците на Златко Далиќ имаат недостижни шест бода повеќе од второпласираните Чеси во пресрет на последното коло.
Натпреварот не започна добро за Хрватите. Фараните неочекувано поведоа во 14-та минута. Голот го постигна Геза Давид Тури.
Хрватска изедначи седум минути подоцна преку Јошко Гвардиол. Петар Муса го комплетираше пресвртот во 57-та минута, а точка на натпреварот стави Никола Влашиќ во 70-та минута.
Во последното коло, Хрватска ќе и гостува на Црна Гора.
Foto/ EPA
Спорт
Клементе за Јамал: Ако продолжи вака, неговата кариера нема да трае долго
Поранешниот селектор на Шпанија, Хавиер Клементе, го критикуваше еден од најдобрите фудбалери на Барселона, Ламин Јамал.
На искусниот стручњак не му се допаѓа однесувањето на 18-годишникот надвор од теренот и се плаши дека неговата кариера нема да трае долго поради тоа.
„Како играч, тој е многу добар, но проблемот е што не знае како да се однесува надвор од теренот. Ако продолжи вака, неговата кариера нема да трае. Тоа е јасно“, остро рече Клементе.
Од друга страна, на Клементе му е јасно дека станува збор за извонреден играч.
„Тој прави брилијантни работи, но ривалите веќе знаат како игра, знаат како да го гледаат. Тие знаат дека тој е еден од оние играчи на кои не треба да им се дозволи да играат затоа што е со висок квалитет, а може да направи толку многу на теренот“, заклучи Клементе.
Спорт
Флорентино Перез се повлекува од Реал
Легендарниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи да се пензионира пред крајот на својот мандат.
Долгогодишниот прв човек на Реал Мадрид планира да ја напушти својата функција во 2026 година, две години пред крајот на актуелниот мандат, објавува новинарот Пепе Алварез.
Како што е наведено, 78-годишниот Перес сака уредена и планска транзиција на власта во клубот, без оглед на тоа дали членовите на клубот ќе ги поддржат неговите предлози на референдумот или не.
Перес стана претседател на Реал за прв пат во 2000 година, првата ера траеше до 2006 година, а втората, која започна во 2009 година се уште трае.
За време на неговиот мандат, фудбалскиот клуб Реал Мадрид беше прв во Европа седум пати, победник на Суперкупот исто толку пати, со пет трофеи од Ла Лига и три Купа на кралот.
Во тој период, кошаркарите освоија седум титули во АЦБ лигата, три Евролиги и седум Купа на Кралот.
Перез е синоним за модернизација на Реал – не само на теренот, туку и преку проекти како што се реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ и глобалната експанзија на брендот.
Засега не е познато кој би можел да го наследи.

