Свет
Задолжителна вакцинација за речиси 40 отсто од вработените на Нов Зеланд
Владата на Нов Зеланд најави дека ќе ја прошири обврската за вакцина против Ковид-19 на илјадници вработени што се во близок контакт со своите клиенти, вклучително и вработени во ресторани, барови, спортски сали и фризерски салони.
Промените значат дека речиси 40 отсто од сите работници на Нов Зеланд ќе мора да бидат целосно вакцинирани против коронавирусот или ризикуваат да ги загубат своите работни места во споредба со 15 отсто порано.
Во изјавата за новинарите премиерката Џасинда Ардерн рече дека не смета оти новите правила ги надминуваат овластувањата на владата.
„Ова барање значи дека персоналот и клиентите се третираат еднакво и тоа ќе игра голема улога во запирање на ширењето на вирусот во местата со најголем ризик намалувајќи го потенцијалот од тоа Ковид-19 да влезе воопшто на работното место“, рече Ардерн.
Наставниците и здравствените работници се меѓу работниците на кои претходно им било наредено да ја примат вакцината.
Соопштението на владата дојде само неколку дена откако Нов Зеланд постави цел – целосно да вакцинира 90 отсто од луѓето постари од 12 години, со цел да се прекине циклусот на строги карантински мерки.
Окленд, најголемиот град во земјата, е во изолација повеќе од два месеца по избувнувањето на делта-сојот на коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Борис Џонсон ја обвинува англиската црква за зголемувањето на дебелината во земјата
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон рече дека верските водачи треба да се справат со духовната празнина наместо со репарации за ропството бидејќи, како што рече, духовната празнина ги тера луѓето да јадат.
Тој ја обвини англиската црква за порастот на дебелината во Обединетото Кралство велејќи дека неуспехот на црквата да им обезбеди на луѓето духовна храна што им е потребна ги навела луѓето да се прејадуваат, пишува „Тајмс“.
Џонсон рекол дека кога бил помлад, ретко кој од неговото одделение бил дебел.
Регион
По апсењето за трагедијата во Нови Сад, Весиќ штрајкувал со глад и одбил помош, денеска итно пренесен во болница
Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, утрово со возило на брзата помош од притворот во Нови Сад бил пренесен во болницата во Сремска Каменица.
Како што е објавија српските медиуми, поради нагло влошување на неговата здравствена состојба, по шестдневен штрајк со глад и одбивање лекарска помош, управата на Окружниот затвор во Нови Сад го известила Вишиот суд дека е неопходно тој да биде префрлен во болница.
Управникот на Окружниот затвор во Нови Сад, Миле Јандриќ, за „Танјуг“ изјави дека Весиќ, по специјалистичкиот преглед, е задржан на одделението за коронарна интензивна нега со одобрение на судијата за претходна постапка.
Весиќ беше уапсен и приведен во Нови Сад поради падот на натстрешникот на железничката станица во овој град на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, а двајца сè уште се во критична состојба.
Свет
Путин повика да се спречи можна дестабилизација на ситуацијата во Заедницата на независните држави
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е неопходно да се спречи можна дестабилизација на ситуацијата во Заедницата на независните држави (ЗНД).
Путин ова го изјави во писменото обраќање што го прочита директорот на Службата за надворешно разузнавање (СВР) на Руската Федерација, Сергеј Наришкин, на 20. состанок на шефовите на безбедносните агенции и разузнавачките служби на деветте поранешни советски републики.
„Денес, во тешки геополитички услови, вашата конструктивна интеракција е особено важна“, посочи рускиот лидер и оцени дека за да се одржи стабилна ситуација во регионот, неопходно е да се идентификуваат и анализираат заканите за колективната безбедност, да се разменат информации и искуства, пренесува „Известија“.