Спорт
„Карантин за невакцинираните тенисери во Мелбурн“

Премиерот на Австралија, Скот Морисон, рекол дека тенисерите и тенисерките што не се вакцинирани ќе може да настапат на гренд слемот во Мелбурн. Претходно, тие ќе мора да минат две недели во изолација.
„Исти правила важат за сите. Не е важно дали се работи за гренд слем шампион, премиер, бизнисмен, студент или некој друг“, изјавил премиерот на Австралија за „Севен њуз“.
Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, одбил да открие дали е вакциниран. Тој минатата недела порача дека можеби нема да игра на Австралија опен. Ѓоковиќ во кариерата девет пати победил во Мелбурн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Балде закрепна од повреда пред ел класико

Фудбалерот на Барселона, Алехандро Балде (21), се опорави од повреда и ќе се биде во конкуренција за натпреварот против Реал Мадрид во недела, објави шпанскиот спортски весник „АС“.
Балде го повреди левиот бутен мускул пред три недели, поради што го пропушти финалето на Купот на Кралот и победата од 3:2 над Реал Мадрид во продолженијата, како и двата натпревари од полуфиналето на Лигата на шампионите каде што Барселона беше елиминирана од Интер.
Според „АС“, Балде нема да биде во почетниот состав на Барселона во недела кога каталонскиот клуб ќе го пречека Реал Мадрид во 35-то коло од Ла Лига, но ќе му биде на располагање на тренерот Ханси Флик.
На четири кола до крајот на Ла Лига, Барселона го пречекува Реал Мадрид со четири бода предност и, доколку не загуби, ќе има отворен пат до освојување на титулата.
Балде одигра 42 натпревари за Барселона во сите натпреварувања оваа сезона, од кои 37 како стартер.
Спорт
Кеш и Дарвин Нуњез за Хулијан Алварез

Англискиот шампион Ливерпул се распрашува за најдобриот играч на Атлетико Мадрид оваа сезона, Хулијан Алварез. Аргентинецот минатото лето пристигна на „Метрополитано“ за сума од 75 милиони евра, плус 20 милиони што Манчестер сити може да ги добие преку потенцијалните бонуси.
Алварез досега одигра 51 натпревар за „јорганџиите“, постигна 27 голови и забележа пет асистенции.
Наводно, Ливерпул е подготвен да го испрати во Мадрид, Дарвин Нуњез и да доплати за да го обезбеди потписот на Алварез.
Спорт
Мекинли Рајт – МВП на АБА-лигата

Кошаркарот на Будуќност, Мекинли Рајт, го доби трофејот „Дејан Милојевиќ“ како најкорисен играч (MВП) од регуларниот тек на АБА лигата.
Американецот победи со 39,1 процент од гласовите пред неговиот клупски соиграч Кенан Камењаш (26,8 проценти) и Брајс Џонс (Игокеа, 23,9 проценти).
Рајт оваа сезона имаше просек од 12,8 поени, 2,4 скока, 4,9 асистенции и една украдена топка.
Претходни победници:
2014/15 Никола Јокиќ (Мега);
2015/16 Миро Билан (Цедевита);
2016/17 Никола Јанковиќ (Олимпија);
2017/18 Лука Жориќ (Цибона);
2018/19 Гога Битадзе (Иднина);
2020/21 Филип Петрушев (Мега);
2021/22 Никола Калиниќ (Црвена звезда);
2022/23 Лука Божиќ (Задар);
2023/24 Лука Божиќ (Задар);
2024/25 Мекинли Рајт (Будуќност).