Македонија
(Видео) Андоновски: Шилегов фатен во лаги, концертот на Дино Мерлин чини вкупно 300.000 евра
Нема тема на која градоначалникот во заминување, Петре Шилегов, не ја лаже македонската јавност. Дава одговори со неточна и лажна содржина постојано овие четири години, а тие лаги ги чинат скопјани стотици илјади евра, рече на денешната прес-конференција Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Зборовите на Шилегов се ‘ќе чини НУЛА денари и Градот за тоа нема да плати средства’. Во септември 2020 вели платил 80.000 за ѕвездата, а пари од Градот биле дадени за многубројни настани. Притоа вели дека парите биле дадени и за други настани, како, на пример, за пречекот на ракометарите“, изјави Андоновски.
Тој го презентира договорот на Град Скопје со МКЦ за, како што потенцира, исплата на активности поврзани со пречекот на 2020 година. А напомена дека вредноста на договорот е 9.660.000 денари.
„Опфаќа: изнајмување техничка опрема – 1.500.000 денари, други оперативни трошоци – 800.000 денари, сместување учесници, транспорт, авторски надоместоци, маркетинг, сѐ заедно договорот вреди 9.660.000 денари. Дел од овие средства во висина од 1.300.000 ќе се даде како АВАНС за почнување предновогодишни активности, а другите пари ќе бидат дадени по концертот, до 15.3.2020 година. Потпис, градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, и ЈУ МКЦ, Русе Арсов“, посочи Андоновски.
Според него, разбиена е една голема лага, а тоа е, како што рече, дека парите се употребени за пречекот на ракометарите, со бина и озвучување.
„На овој договор, пак, следува анекс 2 на истиот договор меѓу Шилегов и Арсов, со кој се опфаќа ИЗМЕНА на деловите – изнајмување техничка опрема и од 1.500.000 денари станува 6.500.000 денари, пет милиони денари повеќе, а ставката други оперативни трошоци од 800.000 денари стануваат 3.160.000 денари. Така, договорот за организација меѓу Скопје и МКЦ станува потежок и со анексот вреди 12.020.000. Договорот од 157.000 евра станува речиси безмалку 200.000 евра, односно 40.000 евра повеќе!“, додаде членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„За новогодишната прослава, за која Шилегов велеше НУЛА денари ќе ги чини граѓаните, сепак ги чинела 200.000 евра! Првичните 9.660.000 веќе стануваат колку за првите две ставки, колку што требало да чини целиот договор. Со анексот цената на договорот е плус 40 илјади евра. И еве го договорот со Дино Мерлин. Тука хонорарот е 100.000 евра во нето-сума“, објасни тој.
Сето ова, вели Андоновски, покажува дека прославата на нова година за 2020, која, според Петре првично чинела нула, и за која, како што додаде, Петре лажел дека чини 80.000 евра, на крајот завршува со 300.000 евра пари на скопјани.
„Математиката е јасна. Договорот и анексот на Шилегов со МКЦ чини 200.000, а договорот со Дино Мерлин е јасен и чини 100.000 евра. Најцрните напади и кон ВМРО-ДПМНЕ и кон кандидатите за градоначалници почнаа кога беше кажано дека ќе има ревизија на сите договори направени и во Град Скопје и во општините. Ревизија ќе има! За Скопје нема полошо од Петре Шилегов!“, нагласи Андоновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првите подводни археолошки истражувања во Преспанското Езеро открија редок органски материјал
Преспанското Езеро годинава е во фокусот на значаен археолошки настан, откако за првпат во овој регион беа реализирани подводни археолошки истражувања, кои донесоа исклучително вредни откритија за културното наследство на Северна Македонија.
Истражувањата се спроведуваат од НУ Завод и музеј – Битола и Граѓанската организација за развој на алтернативен туризам „Љубојно“, во рамките на проектот ACT4PRESPA. Целта е идентификација, документација и заштита на археолошките богатства во и околу Преспанското Езеро.
Во првите две фази, стручен тим спроведе рекогносцирање на македонскиот дел од преспанското крајбрежје, од границата со Република Грција до границата со Република Албанија. При тоа беа евидентирани и документирани 11 археолошки локалитети. Како најзначаен се издвојува локалитетот во близина на селото Наколец, каде што започнаа сондажни археолошки истражувања, реализирани во два циклуси.
„Ова е исклучително значаен момент за Преспа. За првпат имаме можност да навлеземе во археологијата на езерото и да откриеме слоеви од минатото кои досега беа целосно непознати“, изјави Орданче Петров, раководител на тимот за подводна археологија.
Поради повлекувањето на нивото на езерото, дел од локалитетите излегоа на копно, што овозможи детални сондажни истражувања. На локалитетот кај село Наколец е откриен дел заштитен со дрвена палисада, како и голем број движни археолошки предмети. Особено значајно е откривањето на предмети изработени од органски материјали – дрвени алатки, рачки, чешли и конструктивни елементи.
Станува збор за прв и засега единствен пример на зачувани органски материјали од археолошки локалитет во Македонија, датиран од крајот на XIII до крајот на XIV век. Локалитетот кај Наколец претставува и прв познат пример на благороднички имот во македонската археологија од XIV век.
„Зачувувањето на органски материјали е навистина невообичаено. Милот и тињата на езерото создаваат средина без кислород која ги штити објектите од распаѓање, што ни овозможува уникатен увид во минатото“, објаснува Петров.
Првичните анализи укажуваат дека средновековните жители на Преспа претежно се занимавале со земјоделство, а не со риболов, што е неочекувано со оглед на близината на езерото. Податоците, исто така, сугерираат дека Преспанското Езеро во минатото било значително помало.
„Исклучителните наоди од истражувањата кај село Наколец се од непроценлива важност не само за македонската, туку и за балканската и европската археологија. Тие го збогатуваат културното наследство на Преспа и претставуваат значаен потенцијал за развој на културниот туризам во регионот“, изјави д-р Мери Стојанова, координатор на проектот ACT4PRESPA од НУ Завод и музеј – Битола.
Керамичките и металните предмети се депонирани во Завод и музеј – Битола, додека органските материјали се испратени на специјализирани конзерваторски истражувања во Лајбниц-центарот за археологија во Германија. Процесот се очекува да трае најмалку една година, по што предметите ќе бидат презентирани пред јавноста.
Истражувањата се реализираат со активна поддршка од локалната заедница, која во повеќе наврати пријавувала пронајдоци и учествувала во заштитата на локалитетите.
Проектот ACT4PRESPA се спроведува во рамките на програмата на Европската Унија за одржлив развој на регионот на Преспанското Езеро, преку Инструментот за претпристапна помош за рурален развој.
Македонија
Дел од Општина Центар утре без вода поради уличен дефект
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека утре, 16 декември 2025 година (вторник), поради уличен дефект на булеварот „Св. Климент Охридски“, спроти Соборниот храм, ќе има прекин на водоснабдувањето.
Без вода ќе останат корисниците на потегот од крстосницата со булеварот „Партизански одреди“ до паркингот ЈАТ.
Прекинот е најавен во периодот од 08:30 часот до завршување на санацијата на дефектот, соопштуваат од претпријатието.
Засегнато подрачје е Општина Центар.
Македонија
СДСМ: Судот го потврди пуштањето на Јанева, сценариото на ДПМНЕ се реализира
Денеска Кривичниот суд и официјално потврди дека на Катица Јанева ѝ е одобрен условен отпуст од затвор, велат од СДСМ.
„Отпустот започнува од 21.12.2025 година и трае до 21.08.2026 година. Од вкупната затворска казна од 7 години, дозволен е условен отпуст од 8 месеци.
Овие факти и периодот токму сега и до летото наредна година, во целост го потврдува сценарио од стратегијата на ДПМНЕ кое целосно го разоткивме.
Зошто сега?
Затоа што темата со мигрантите за пари стана национална тема, корупциските скандали за наместени тендери покажуваат како се крадат 14,5 милиони евра преку 161 тендер, затоа што кога нема пари во буџетот за плати и пензии а граѓаните тоа го чувствуваат секој ден.
Затоа што сега и гори на власта под нозе“.
Нивното сценарио, додаваат од партијата, е до изборите кои ги планираат наредната година.
„Јанева треба да биде искористена како алатка на ДПМНЕ во нивната црна кампања и во нападите врз СДСМ.
Кривичните пријави и политичкиот прогон, лажните вести и манипулациите, нападите врз медиумите и спроведувањето на српското сценарио во Македонија веќе не се доволни. Власта ја губи контролата и затоа мора да ги засилува нападите.
Како? По добро познати српски рецепти.
Исто како случајот со Дијана Хркаловиќ во Србија. Копи-пејст медиумска стратегија, со истите методи, истите наративи и истата цел: дефокус од суштинските проблеми и напад врз опозицијата“.
СДСМ, како што истакнуваат, јасно порачува: „Нема да ви помине Катица. Нема да ви поминат мигрантите за пари. Нема да ви помине ниту едно сценарио за манипулација и дефокус. Народот ви подготвува крај“.

