Забава
Принцот Хари и Меган не сакале нивниот син Арчи да ја добие титулата гроф од Дамбартон

Кога Меган го роди Арчи, сите беа убедени дека тој ќе ја добие титулата според обичајот на кралското семејство, но тоа не се случи. Тогаш почнаа разни шпекулации, а сега се знае вистинската причина.
Медиумите често пишуваат за децата на принцот Хари (37) и Меган Маркл (40), особено за нивните титули. Од раѓањето на Арчи се дебатира дали тој ќе добие кралска титула, а таа тема сега се отвора и за сестра му Лилибет, која се роди оваа година.
Кога Меган го роди Арчи во мај 2018 година, сите мислеа дека тој ќе ја добие титулата според обичаите на кралското семејство, но тоа не се случи. Во тоа време во странските медиуми се расправаше за можните причини, а една од теориите беше дека дворот така одлучил поради неговата боја на кожата.
„Од палатата велат дека нема врска со бојата на кожата. Според кралскиот протокол што го воведе кралот Џорџ Петти, титулата принц или принцеза може да ја добијат само оние што се во директна линија на наследство“, изјави тогаш близок извор на монархијата.
Имено, Арчи би можел да ја добие титулата Earl of Dumbarton (гроф или ерл од Дамбартон), но сè уште ја нема токму поради одлука на Хари и Меган, а сега е откриена и причината зошто.
Кралскиот експерт и биограф Ендрју Мортон во интервју за „Ју-ес викли“ зборуваше за причината. Тој објасни дека парот се откажал од титулата затоа што мислеле дека би можеле да го задеваат на училиште бидејќи неговата титула Earl of Dumbarton го содржела зборот dumb (што на англиски значи глуп).
„Хари и Меган беа против таа титула, мислеа дека ќе се исмеваат со Арчи“, изјави авторот на книгата „Меган и разоткривањето на монархијата: холивудска принцеза“.
„Тие не сакаа нивниот син да го задеваат во училиште, а јасно му го кажаа тоа и на семејството, па одлуката за преземање на титулата ќе му ја препуштат на синот кога ќе порасне“, вели биографот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Хејли Бибер дојде на Мет Гала без Џастин, ја нарекоа „најтажната жена на вечерта“

На овогодинешната Мет Гала во Њујорк, која повторно ги собра најголемите ѕвезди од модната, музичката и филмската сцена, вниманието на јавноста особено го привлече Хејли Бибер (28), која се појави сама.
Познатата манекенка и претприемачка за прв пат по четири години прошета по црвениот тепих без својот сопруг Џастин Бибер (31).
Нивното последно заедничко појавување на Мет Гала во 2021 година беше запаметено по еден непријатен инцидент – публиката го скандираше името на поранешната девојка на Џастин, Селена Гомез.
Модниот избор на Хејли оваа година вклучуваше софистицирана мини сако фустан од Сен Лоран. Иако изгледаше смирена и самоуверена, многумина забележаа резервиран израз на нејзиното лице и забележаа дека нејзиниот изглед е тивок и некако оддалечен.
На социјалните мрежи, некои дури ја нарекоа и „најтажната жена“ на вечерта.
Во исто време додека Хејли позираше на гламурозниот тепих, Џастин престојуваше во Лос Анџелес, од каде што објави видео на својот Инстаграм профил како лежерно гледа хокеарски натпревар.
Забава
Дејвид Бекам му испрати порака на синот Бруклин кој не дојде на неговата роденденска забава

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам се огласи по раскошната прослава за неговиот 50-ти роденден. Единствениот член на семејството кој не присуствуваше на забавата беше неговиот најстар син Бруклин, на кого Дејвид сега му испрати порака.
Тој објави фотографија од Шкотска, каде што ловел риба со своите синови Ромео и Круз. Тој го тагна и профилот на Бруклин и напиша: „Ни недостигаше“.
Иако не го спомена својот роденден, многумина веруваат дека мислел на фактот дека Бруклин не бил на забавата.
Поранешниот фудбалер организираше голема забава за својот роденден во лондонскиот ресторан „Кор“. Сопругата на Дејвид, Викторија, исто така беше на забавата со нивните синови Ромео и Круз и ќерката Харпер, но нивниот најстар син Бруклин наводно не бил таму, како ни неговата сопруга Никол Пелц.
Пред какви било шпекулации за заладени односи, Бруклин беше познат како горд постар брат.
Забава
(Фото) Никол Кидман изненади со нова фризура на Мет Гала

Никол Кидман (57) привлече големо внимание на црвениот тепих на Мет Гала 2025 година, каде што за прв пат покажа новата „пикси“ фризура.
Иако оваа кратка фризура доста го промени нејзиниот изглед, веројатно е привремена промена бидејќи добитничката на Оскар е позната по тоа што носи перики во речиси секој проект.
Заедно со фризурата, Никол носеше црн, по мерка изработен фустан без прерамки од Balenciaga Couture во чест на познатата пејачка и актерка Ерта Кит. Луксузниот фустан е инспириран од модел од колекцијата на Balenciaga од 1952 година и за негова изработка биле потребни 700 часа.