Спорт
Како Мети Кеш стана Матеуш Готовка

Ѕвездата на Астон вила, Мети Кеш, откако реши да земе полско државјанство и од Англија да се „префрли“ на Полска доби и ново име – Матеуш Готовка!
Кеш, кој е роден во Слау, Велика Британија, минатата недела во полската амбасада во Лондон потврди дека отсега ќе игра за полската фудбалска репрезентација бидејќи неговата мајка е Полјачка, и се заблагодари на претседателот Анжеј Дуда за поддршката.
„Благодарам господине претседател. Вистинска чест е да се игра за Полска за мене и моето семејство. Ќе го дадам мојот максимум на теренот. Време е за нови предивици“, вели Кеш.
Кеш пропушти шанса да игра против Англија иако Полска е со нив во група, но веќе следниот месец може да дебитира на гостувањето кај Андора на 12 ноември, или (во новото) дома против Унгарија.
Footballer Mathew Cash, whose mother is of Polish origin, has now received his Polish citizenship and has become Mateusz Gotówka.
???? pic.twitter.com/bWwAbdakfk
— Visegrad 24 ???????? (@visegrad24) October 27, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јасна порака од „Енфилд“: Луис Дијаз не е на продажба

Фото/ EPA-EFE/PETER POWELL
Фудбалскиот клуб Ливерпул ја отфрли понудата на Баерн Минхен за колумбискиот интернационалец Луис Дијаз.
„Скај Спортс“, објави дека раководството на англискиот шампион му соопштило на спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, дека Дијаз не е на продажба. Не е познато колку понудил Баерн за играчот на Ливерпул.
Британските медиуми потсетуваат дека раководството на Ливерпул ја отфрли понудата на Барселона за Дијаз пред неколку недели.
„Ливерпул не сака да разгледува никакви понуди за Колумбиецот. Пораката е јасна, тој не е на продажба. Дијаз се вклопи совршено во тимот на Ливерпул и неговиот придонес ќе биде клучен во наредните сезони“, објави „Скај Спортс“.
Дијаз (28) пристигна во Ливерпул во 2022 година од Порто. Тој одигра 148 натпревари за клубот од „Енфилд“ и постигна 41 гол.
Колумбискиот фудбалер има договор со Ливерпул до 30 јуни 2027 година.
Спорт
Ферстапен се сели во Мерцедес!?

Фото/ EPA-EFE/SHAWN THEW
Четирикратниот последователен шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, наводно одлучил да го напушти Ред Бул.
Како што објави „Скај Италија“, Холанѓанецот ја прифатил понудата на Тото Волф да се пресели во Мерцедес.
Ферстапен и Волф наводно постигнале усмен договор. Сепак, медиумите објавуваат дека раководството на Мерцедес сè уште не го одобрило конечниот трансфер.
„Немам што да кажам за тоа. Колку повеќе зборувам, толку повеќе ќе се пишува. Не сакам тоа да се случи. Јас одлучувам за мојата иднина“, ги коментираше шпекулациите Ферстапен.
Иднината на Ферстапен во Ф1 е предмет на многу шпекулации веќе некое време, со оглед на борбата на Ред Бул да биде конкурентен оваа сезона.
Шансите тој да ја одбрани титулата се значително намалени откако испадна во првата кривина на Големата награда на Австрија, по контактот со Кими Антонели од Мерцедес.
По 11 од 24 трки, Холанѓанецот има 61 бод помалку од лидерот во шампионатот, Оскар Пјастри од Мекларен, и 46 зад вториот возач на Мекларен, Ландо Норис.
„Секако дека ќе има подобрување, но не можам да кажам дека ќе биде веднаш. Не можам ни да кажам дали ќе биде успешно. Околу летната пауза, ќе биде појасно што ќе се случи оваа сезона во однос на перформансите. Но, тоа не значи дека размислувам за тоа повеќе оваа година отколку минатата или претходните години. Опуштен сум за сè, само си ја работам работата“, коментираше Холанѓанецот за резултатите.
Ферстапен има договор со Ред Бул до 2028 година, но наводно содржи клаузули поврзани со конкурентноста на тимот, што ја става неговата иднина со австрискиот тим во прашање.
Неговиот трансфер во Мерцедес се предвидува за 2026 година, со оглед на тоа што договорот на Џорџ Расел истекува на крајот од оваа сезона.
Мерцедес сè уште не му понудил продолжување на Британецот, и покрај неговиот одличен почеток на сезоната.
Спорт
Дејвид се договорил со Јувентус

Фото/ EPA-EFE/MOHAMMED BADRA
Еден од најбараните слободни играчи на пазарот, Џонатан Дејвид, кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.
Репрезентативецот на Канада е слободен играч откако му заврши договорот со Лил. Интерес за Дејвид во изминатиот период покажаа Арсенал, Ливерпул, Њукасл, Интер и Наполи, но како што тврдат медиумите во Италија тој ќе се пресели во Јувентус.
Според овие извори, Џонатан Давид во текот на претходната ноќ ги договорил сите услови за соработка со Јувентус. Се очекува да пристигне на медицински прегледи и да потпише договор во наредните денови.
Трансферот на Дејвид и намерата на Јувентус да го задржи Рандал Коло Муани, италијанските медиуми го толкуваат како уште еден чекор кон заминувањето на Душан Влаховиќ.
Србинот за кого Јувентус на Фиорентина пред две и пол години и плати 85 милиони евра, влезе во последната година од договорот. Меѓутоа се чини дека Јувентус ќе има проблем да се ослободи од Влаховиќ.
Тој одби да потпише нов договор и да прифати помала плата, но исто така нема намера да го напушти клубот. Влаховиќ оваа сезона треба да заработи 12 милиони евра нето (20 милиони евра бруто), што го прави најплатениот играч на Јувентус.
🚨⚪️⚫️ BREAKING: Jonathan David to Juventus, here we go! Verbal agreement reached overnight on every detail with Canadian striker.
Long term deal agreed and Jonathan David’s set to travel for medical tests, formal steps to follow.
Contracts to be checked and signed soon. pic.twitter.com/5ACbuXI6GN
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 2, 2025