Спорт
Колапс на Лејкерси во Оклахома, Барнс им пресуди на Финикс, пораз на шампионот од Минесота
Лејкерси, Милвоки, Финикс, Бостон, Бруклин, изминатата ноќ запишаа порази во НБА-лигата.
Без Леброн Џејмс, Лејкерси добија уште една шлаканица на почетокот на сезоната. Оклахома ги совлада „езерџиите“ со 123:115.
Оклахома до победата дојде со спектакуларен пресврт. Во еден дел од натпреварот Лејкерси имаа предност од 26 поени. Во последните 25 години, Лејкерси до дуелот со Оклахома 230 пати успеале да победат кога имале предност од 25 или повеќе поени.
Џилџес-Александер постигна 27 поени, Безли постигна 20 во победата на Оклахома. На спротивната страна Вестбрук против поранешниот тим го забележа 185. трипл-дабл во кариерата (20 поени, 14 скока, 13 асистенции), Дејвис уфрли 30 поени.
Минесота прв пат по сезоната 2013/2014 успеа да победи во Милвоки. Расел, Ентони-Таунс и Едвардс го урнаа шампионот, во чии редвои ги немаше Брук Лопез и Џру Холидеј.
Расел постигна 29 поени, а Таунс и Едвардс по 25, во победата на Минесота од 113:108.
На спротивната страна блескаше Адетокумбо со 40 поени, 16 скока и седум асистенции, за помалку од 35 минути.
Сакраменто, во Аризона, славеше над Финикс, 110:107. Натпреварот, со звукот на сирената, го реши Херисон Барнс. Крилниот центар на Сакраменто погоди од тешка позиција преку Девин Букер.
Ејтон со 21 поен и 21 скок, односно Букер со 31 поен се истакнаа во редовите на Финикс, додека Сакраменто го предводеа Бади Хилд со 26 и Барнс со 22 поени.
Harrison Barnes for the win. Awful loss for the Suns pic.twitter.com/D1O5gxtPeq
— Gerald Bourguet (@GeraldBourguet) October 28, 2021
Резултати:
Орландо-Шарлот 111:120
Бостон-Вашингтон 107:116
Бруклин-Мајами 93:106
Њу Орлеанс-Атланта 99:102
Торонто-Индијана 118:100
Портланд-Мемфис 116:96
ЛА Клиперс-Кливленд 79:92.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Словенците со големи проблеми пред стартот на Европското првенство
Ракометната репрезентација на Словенија, се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското првенство. Ситуацијата е таква што локалните медиуми ја окарактеризираа како „катастрофална“.
Селекторот Урош Зорман се соочи со огромен број повреди, па на списокот на оние кои нема да можат да играат се Алекс Влах, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц, Јака Малус, Нејц Цехте и Блаж Благотиншек.
Последен во низата што се повреди и се врати од репрезентативниот камп во Норвешка е голманот Клемен Ферлин.
36-годишниот голман со многу искуство не тренираше во последните неколку дена, па се врати во Словенија за да направи дополнителни тестови.
Остатокот од тимот е во Норвешка, каде што се подготвуваат да го отворат турнирот против Црна Гора во петок, во Осло.
Освен Црна Гора, Словенија ќе игра против Фарските Острови и Швајцарија во Д групата.
Foto/ freerangestock
Спорт
Белингам за Алонсо: Не верувајте во сè што ќе прочитате
Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, зазеде силен став против гласините што се појавија веднаш по отпуштањето на Чави Алонсо од тренерската позиција.
„Атлетик“ и „ESPN“ тврдеа дека тој, Винисиус Жуниор и Федерико Валверде не му верувале на својот претходен „учител“.
„Премногу ги споменувам овие работи, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина со текот на времето. Но, искрено… Каков метеж. Навистина ми е жал за луѓето што се држат до секој збор што го кажуваат овие кловнови и нивните „извори“. „Не верувајте во сè што читате, од време на време овие луѓе треба да бидат одговорни за ширењето на такви штетни дезинформации за кликови и понатамошни контроверзии“,
напиша Белингам на својата лична мобилна апликација „JB5“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Дуан замина од Алпин
Австралискиот возач Џек Дуан, спогодбено се раздели со Алпин, објави францускиот тим.
Дуан го имаше своето деби во Формула 1 на последната трка од сезоната 2024 и ја започна сезоната 2025 како тимски колега на Пјер Гасли.
Сепак, по само шест трки, тој беше заменет од Франко Колапинто и до крајот на сезоната беше резервен возач.
Алпин, соопшти дека Дуан е ослободен за да му се овозможи „да бара други професионални можности“.
Foto/ depositphotos

