Контакт

Економија

„Алкалоид“ со инвестиции од над 850 милиони денари, 178 нови вработувања и со раст на консолидираниот профит од 17 % за јануари – септември

Објавено пред

Приходи од продажби

dobivaj vesti na viber

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2021 година продажбите достигнуваат 7.165.890.933 денари, што е за 4 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 9.449.288.430 денари, што е за 6 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Продажби според региони

Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 6 %, а, исто така, и вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 6 %. Од вкупните консолидирани продажби 35 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 65 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 33 %, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 19 %, во Русија и во другите земји од ЗНД се остварени 12 %, а на другите пазари е остварен 1 % од вкупните консолидирани продажби. Најголем пораст кај извозните пазари бележат продажбите остварени во Германија (раст од 123 %), Полска (раст од 92 %), Русија (раст од 52 %), Украина (раст од 47 %), Унгарија (раст од 42 %), Бугарија (раст од 26 %), Чешка (раст од 25 %) итн. За првпат во сегментот фармација се реализираа продажби во Австрија, Португалија и на Кипар, а во сегментот козметика се реализираше првата поголема продажба на колекцијата Becutan во Саудиска Арабија.

Продажби според групи производи

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 87 %. Од нив поголем удел имаат препаратите ОТЦ со удел од 20 %, антибиотиците со 19 %, кардиолошките препарати со 14 %, невролошките препарати заземаат 14 % од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 13 % во вкупните консолидирани продажби, поточно хемијата учествува со 3 %, козметиката со 8 %, а билкарството учествува со 2 %.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – септември 2021 година изнесуваат 850.639.878 денари.

Резултати од работењето

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1.687.034.470 денари, бележи зголемување од околу 14 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 978.479.923 денари и е зголемена за 16 %. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 1.766.595.559 денари и бележи раст од 14 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 989.201.826 денари е зголемена за 17 %. При извршувањето на оперативните активности „Алкалоид“ ангажираше 1.055 домашни добавувачи.

Вработени

Во периодот јануари – септември 2021 година во „Алкалоид“ се реализирани 178 нови вработувања во РС Македонија. Со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, во март 2021 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата, во висина од 100 % од просечната исплатена нето-плата од работник во претходните три месеци во РС Македонија. Исплатениот надомест од вработен е во износ од 31.167 денари бруто, односно 28.050 денари нето. Групацијата „Алкалоид“ брои 2.511 вработени, од кои 1.933 се во базата во Скопје, а 578 се вработени во подружниците во странство.

Податоци за акциите

Акциите на „Алкалоид“ АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонска берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – септември 2021 година се движеше од 13.300,00 денари до 18.350,00 денари, или просечно 15.272,83 денари за една акција, што претставува раст од 26,5 % во споредба со просечната цена во истиот период од 2020 година. На 30.9.2021 година акциите на „Алкалоид“ беа во сопственост на 5.114 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше 24,5 милијарди денари.

Бизнис-план за 2021 година

Бизнис-планот за 2021 година, донесен со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје на седницата одржана на 29.12.2020 година, предвидува инвестирање на околу 12 % од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од 7 % на консолидираните продажби во однос на 2020 година, како и раст од 7 % на консолидираниот профит пред оданочувањето во однос на 2020 година. Бизнис-планот за 2021 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2021 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат во однос на прикажаните во бизнис-планот.

Очекувања за претстојниот период

Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици генерирани од пандемијата на КОВИД 19. Презедовме голем број мерки во досегашниот период со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози здравјето на вработените и успешното работење на друштвото. Во претстојниот период врвен приоритет и натаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност и на финансиската стабилност и остварувањето на планските цели.

(ПР текст)

Економија

Се намалува цената на дизелот, на бензинот останува иста

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,10 отсто во однос на одлуката од 27 ноември.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,220 отсто, кај дизелот за 3,302 проценти, кај екстра лесното масло за 2,323 и кај мазутот намалувањето за 4,403 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0096%

Од 2.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 33,963 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,902 ден/кг и сега ќе изнесува 33,963 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2.12.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Прикажи повеќе...

Економија

Cyber Monday – експлозија на неверојатни понуди во Mint Store

Објавено пред

Ако мислеше дека Black Friday беше спектакл – подготви се, затоа што Cyber Monday во Mint Store доаѓа со уште поголеми изненадувања и најмодерни уреди што ќе ти го направат секојдневието полесно, попаметно и многу повозбудливо!

dobivaj vesti na viber

Cyber Monday во Mint Store е тука за да ја претвори вашата листа со желби во реалност. Заборавете на досадните понеделници, овој е денот кога технологијата доаѓа до вас со цени кои ја кршат границата на разумното!

Телефони што ја освоија 2025: Samsung S25 и iPhone 17 Pro

Кога се работи за премиум смартфони – има два незаменливи шампиони:

  • Samsung S25 – за сите што сакаат супер камера, супер брзина и супер дизајн.
  • iPhone 17 Pro – за оние што не прават компромис со перформанси, стил и елеганција.

И најдобриот дел?

И двата можеш да ги земаш до 36 рати, така што твојата нова технологија не мора да ја чека следната плата.

Cyber Monday е совршениот ден за техно надградба.

Tesla 50” – Голем екран, поволна цена, 0% камата

Време е за нов телевизор? Или само сакаш подобра слика за твоите серии, филмови или фудбалски дербија?

Во Cyber Monday понудата те чека Tesla 50” телевизор по неверојатна акциска цена од 22.000 денари, но тоа не е сè – можеш да го земеш и на 4 рати со 0% камата!

Тоа значи: нула грижи, нула камата, нула причини да го одложуваш апдејтот во дневната соба.

Лаптопи за секој твој план: MacBook Air 13.6” и HP 8C9Q5EA

Работа, факултет, или креација – што и да правиш, вистинскиот лаптоп секогаш прави разлика.

Овој Cyber Monday, Mint Store носи две врвни опции:

  • Apple MacBook Air 13.6’’ – лесен, мощен, идеален за креативци и професионалци.
  • HP 8C9Q5EA – супер перформанси по супер цена за секојдневни задачи, учење и работа.

И двата модели може да ги земеш на 4 рати со 0% камата, што значи дека твојот нов лаптоп доаѓа без дополнителни трошоци, само чиста вредност.

Зошто Cyber Monday во Mint Store?

  • Ултра поволни услови
  • Флексибилно плаќање на рати
  • Најнови модели на телефони, лаптопи и телевизори
  • Ограничени количини – најбрзите добиваат најдобри зделки!

Не чекај. Cyber Monday е само еднаш годишно!

Cyber Monday започнува и Mint Store е местото каде најдобрите tech deals стануваат реалност. Затоа што Cyber Monday кај нас не е само уште еден ден – туку искуство. Повеќе избор, подобри понуди, лесно плаќање на рати и услуга што е секогаш тука за тебе.

Подготви се. Избери паметно. Уживај во неверојатните понуди овој Cyber Monday.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Гувернерот Славески во работна посета на Банката на Англија

Објавено пред

Од

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари работна посета на Банката на Англија во Лондон, заради засилување на билатералната соработка и за размена на експертски искуства со една од најстарите и најзначајни централни банки во светот.

dobivaj vesti na viber

Во текот на посетата, гувернерот Славески оствари повеќе работни средби со високи претставници на Банката на Англија, меѓу кои и со гувернерот Ендрју Бејли.

„Особено значаен дел од агендата беа активностите поврзани со управувањето со златните резерви. Во тој контекст, беше организирана посета на трезорот на Банката на Англија, каде што Народната банка ги чува резервите во монетарно злато, заради подобро запознавање и увид во оперативните процедури за чување и ракување со монетарното злато, сигурносната заштита и во можностите коишто Банката на Англија ги нуди за пристап до пазарот за злато во Лондон, како најголем светски пазар преку шалтер на овој благороден метал“, соопштија од Народната банка.

Гувернерот одржа и работни средби со главниот економист на Банката на Англија, Хју Пил, и со заменик-гувернерката Сара Бриден. На средбите се разговараше за актуелните предизвици во спроведувањето на монетарната политика и за технолошките иновации во секторот на финансии.

Посетата беше во организација на Центарот за студии од областа на централното банкарство (CCBS) при Банката на Англија.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа6 часа

Кремљ: Го освоивме Покровск

Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави...

Свет6 часа

Белата куќа: Магнетната резонанца на Трамп покажа одлична здравствена состојба

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, денес изјави дека неодамнешниот преглед со магнетна резонанца на Доналд Трамп било превентивно по...

Македонија10 часа

Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивото отстранување

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на...

Македонија10 часа

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии

На 27.11.2025 АХВ заедно си службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина...

Македонија13 часа

Продолжува повратот на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од...

Македонија17 часа

Се вклучија камерите во Скопје, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена

Камерите поставени на сообраќајниците во Скопје од денеска ќе снимаат, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена, а од...

Македонија18 часа

Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта,...

Македонија19 часа

(Видео) Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на Стража на автопатот Гостивар – Букојчани

Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8, на релацијата Скопје –...

Македонија19 часа

Синдикатот на вработените на клиниките против реорганизацијата – прераспределбата на кадри може дополнително да ја наруши стабилноста на здравствениот систем

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центрите, клиничките болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) предупредува дека предложената внатрешна...

Свет19 часа

Врховниот адмирал на НАТО: Размислуваме за поагресивен пристап против Русија

НАТО размислува за заземање поагресивен став како одговор на руските кибер-напади, саботажи и нарушувања на воздушниот простор, изјави највисокиот воен...

Свет20 часа

Хакирани 120.000 камери во домови и гинеколошки ординации во Јужна Кореја, снимки со експлицитна содржина продавани на интернет

Четири лица се уапсени во Јужна Кореја за наводно хакирање повеќе од 120.000 видеокамери во домови и бизниси и користење...

Свет20 часа

ЕУ го предупредува Трамп: Путин мора да одговара за воените злосторства

Висок функционер на Европската Унија предупреди дека мировниот план на Доналд Трамп за Украина не смее да го ослободи Владимир...

Свет21 час

Трамп: Украина има сериозни проблеми

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е оптимист по разговорите меѓу украинските претставници и неговата администрација за начините за...

Македонија2 дена

Родителите прават штета кога инсистираат нивните деца да добиваат петки без соодветно знаење, вели Јаневска

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој...

Македонија2 дена

Убиени оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) убија четворица оперативци на Хамас денес откако излегоа од тунел на југот од Појасот Газа, објави...

Македонија2 дена

Поплавени дворови, подруми и ниви во Општината Чешиново – Облешево, не се чистеле каналите

Во Општината Чешиново – Облешево во повеќето од населени места се поплавени дворови, подруми, ниви со неожнеан ориз и  житни...

Македонија2 дена

Марш на ангелите“ во Кочани: До кога ќе се одложува правдата и вистината за „Пулс“

Родителите и блиските на загинатите во пожарот во „Пулс“ одржаа уште еден „Марш на ангелите“ во Кочани, кој почна од...

Македонија3 дена

Анализите покажаа дека нема тешки метали во водата што ја пиеле затруените деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо...

Македонија3 дена

Поголем дел од Скопје утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември (недела), поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе...

Македонија3 дена

Бесплатни уролошки прегледи денес во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина

По повод Месецот на машкото здравје – Мовембер, во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември”...