Контакт

Македонија

Судење за „Плацови на Водно“ – сведок кажуваше како се купувале плацовите и становите на Груевски

Објавено пред

Александар Ивановски-Теранова, во својство на сведок во случајот „Плацови на Водно”, посочуваше како биле купувани плацовите, но и становите на Бихачка каде што порано живееше Никола Груевски. Тој објасни како била основана и фирмата „Сирах инженеринг” во Македонија, поврзана со офшор компанијата „Сирах” од Белизе. Тој кажа дека контактирал и со Никола Груевски, откако избегал во Унгарија. Според сведочењето на Ивановски-Теранова, Груевски барал станови за сопругата и децата.

dobivaj vesti na viber

„И да не ми е позната, сега ми е позната. По игра на случајност, презедов активности по замолница од мојот добар пријател Сашо Мијалков, кој ме замоли да потпишам полномошно  за еден пријател за таа фирма во Македонија. Тоа е мојот единствен личен контакт со таа фирма. Како секој добар пријател, нормално прифатив да го потпишам тој документ во адвокатската канцеларија ‘Марков Чукиќ’. Не можам да се сетам која фирма се основаше, бидејќи вршев услуга за пријател на мојот пријател. Во документот не пишуваше кој ќе биде управител, тоа е само офшор компанија која дава овластување на правник да ја регистрира фирмата во Македонија. Не знаев како е називот на новата фирма, по извесен период дознав дека ‘Сирах’ од Кипар основала компанија ‘Сирах инжинеринг’ во Македонија, а потоа дознав дека управител е Ристо (Новачевски), за тоа ме извести Мијалков и ми посочи дека ќе ме контактира”, кажа тој.

„На телефон ме повика да се видиме со Лазар Бошњаковски. Седнавме на кафе во ‘Корзо’, од негова страна ми беше понуден плац на Водно, 10-11 илјади квадрати по цена од милион и пол евра. Ми покажа дел од скиците и имотниот лист, сопственици беа лица од Црна Гора кои го добиле преку процес на денационализација. Со оглед на бизнисот што го работам, нормално дека бев заинтересиран за понудата. Меѓутоа, за човек да одлучи дали да го купи, инвенстира или не, треба да види дали има ДУП, а бидејќи Лазе не ги знаеше тие работи, отидов во Општина Центар, надлежна за тој реон. Таму се утврди дека тие плацови се надвор од градежен реон. Со тоа истите станаа непредметни бидејќи на таков плац можете да ставите само сандаци за пчели за мед оти се надвор од градежна зона”, кажа сведокот.

За одлуката го известил адвокатот кој му ги понудил плацовите, но и, како што кажа, Сашо Мијалков и други луѓе.

„За таа квадратура, тоа е доста евтино. Муабетот заврши на тоа, во тој момент. По  месец и половина Сашо ме повика и ме праша дали тој плац е продаден или уште се продава. Одговорив дека треба да се провери дали плацот се продава и на моето прашање зошто, кажа дека има пријател кој сака да го купи. Па рече да се стапи во контакт со луѓето кои го продаваат, ако не е продаден. Се видовме со адвокатот Лазе, му кажав дека ако не е продаден има луѓе кои се заинтересирани да го купат. Лазе како посредник очекуваше да земе провизија од една таква зделка. Меѓутоа, проценив дека во таа ситуација не треба ниту јас, ниту Лазе да земаме провизија бидејќи станува збор за моќни луѓе кои пројавиле интерес.  На Лазе не му беше кеиф да го чуе тоа, но ме послуша. Се јави на својот пријател кој контактираше со сопствениците во Црна Гора и така стапивме во контакт со вистинските сопственици на тој плац. Сопствениците ги застапуваше Горан од Будва. По пројавениот интерес, се имам сретнато со него  кога дојде во Скопје. Разговаравме за плацот и инсистирав да ги погледнам сите документи во врска со плацот што го продаваат. Ме интересираше каде се наоѓа. Ме одведе. Тој плац е на Водно кога се иде кон шеста управа. Како го поминуваш сртчето преку мостчето. Плацот е надоле. Ако мене ме прашате, тој плац е стрмен, не е поволен за градба. По тој состанок отидов кај Мијалков, кажав дека се видов со еден од сопствениците, дека го видов и плацот, му кажав мое мислење. Тој кажа дека ќе пренесе на пријателот, а ако е заинтересиран да го купи, ќе каже”, рече Александар Ивановски-Теранова.

По неколку дена, Александар Ивановски-Теранова добил повик од Мијалков, кој му кажал дека ќе го купат плацот. Мијалков најавил дека сведокот треба да го исконтактира Ристо Новачевски.

„Го контактирав, кажав од кого сум добил број, дека треба да се видиме за да се заврши купопродажниот договор за плацот додека лицето од Црна Гора е тука. Тогаш Сашо ми кажа дека Ристо е сопственик на ‘Сирах инженеринг’, која е сопственик на ‘Сирах’ од Кипар. По тој мој првичен повик на Ристо, се сретнавме, го запознав со Горан од Црна Гора. Се виде дека Ристе нема искуство во овие работи, беше исплашен. Бев замолен да ја завршам оваа работа, да му помогнам да ги заврши овие работи. Бев присутен во нотарската канцеларија кога се потпишуваше купопродажниот договор. Се виде дека Ристо нема искуство во овие работи, а јас како долгогодишен бизнисмен кој се занимава со купопродажба на недвижности помогнав за да не биде изигран. Чекавме два дена  финансиските средства да легнат на фирмата за да бидат исплатени на продавачите. Бидејќи повеќе лица продаваа,  парите требаше да бидат исплатени на неколку сметки . Не ме фаќајте за збор, не сум сто отсто сигурен”, кажа Александар Ивановски-Теранова.

Тој пред судот кажа дека немал лични интереси да проверува дали тоа земјиште е влезено во ДУП или ГУП, но по долго време од купувањето, по замолница од Мијалков, проверил во Општина Центар.

„На барање на Сашо. Ми кажаа дека е дозволена градба на неколку индивидуални куќи. Во 2015 година кога излегоа бомбите тие плацови се споменуваа во неколку наврати. Во тој момент разговав со Сашо. Му реков дека мислев дека плацоите се за него, а не биле. Се спомнуваше името на Никола Груевски. Тој кажа ‘да, гледаш дека не сум те лажел, навистина  не се за мене’. Не сум разговарал за плацовите со друго лице. Во 2015 година  од медиумите дознав дека овие плацови ги купил господинот Камчев, односно фирмата  ‘Кара’ или која беше. Во една пригода го прашав Камчев што му требаше  да го купува тој плац кога, жаргонски кажано, е озрачен, а тој ми одговори: ‘Морав, зашто да не’, во тој контекст”, кажа сведокот.

„ИТК инженеринг”е уште една фирма за која сведокот Александар Ивановски-Теранова кажа дека ја познава:

„Основана е за да се јави на јавно наддавање за исто таков плац на Водно. Основач и управител е мојата секретарка, со капитал од 5.000 евра. Исто така, во разговор со Мијалков ми беше посочено дека ќе има продажба на државни плацови на Водно и дека не е лошо да се формира нова фирма, иако јас бев сопственик на две фирми, за да се учествува на јавниот тендер кој беше објавен во јавно гласило. И дека не е лошо тој плац да се купи. Плацот требаше да се купи  за негов пријател. Целата поента на тоа е јас да се јавам како купувач на плацот, да инвестирам сопствени средства, фирмата да се продаде и така да си го вратам вложеното. Во тој момент не се кажа името на пријателот, а јас не инсистирав, не препрашував, вршев услуга. Тоа во градежништвото се вика ‘купуваш нешто за познат купец’. На тој плац имаше маркица за куќа. Претпоставував дека штом ќе го купам плацот во иднина ќе ја градам таа куќа, што е бенефит за мојата фирма. Откако беше завршено јавното наддавање, ‘ИТК инженеринг’ го зеде плацот, па по извесен период бев замолен од Сашо  преку таа фирма да се купи стан што граничи со становите каде што живее Никола Груевски, за да не може друг да го купи. Според тоа, штом истата фирма купува стан кој се граничи со тогашниот стан на Груевски, де факто и овој плац би требало да биде наменет за него”, кажа Александар Ивановски-Теранова.

Тој посочи и дека фирмата го купила станот иако никој не преговарал со продавачот на станот, а средствата за купување на станот биле негови, лични, како и за купувањето на плацот.

„Тања како управител отиде на нотар и потпиша. Парите беа уфрлени како позајмица, дел од лични средства, дел од мои вработени кои подигнаа кредит. Го немам видено станот што го купи ‘ИТК инженеринг’. Мислам дека во 2008 година ја замолив Татјана Стојановска  да купи уште еден стан, по замолница од Сашо да најдам лице кое е доверливо да купи стан за Груевски, а да не биде на негово име. Парите за тој стан веројатно беа дадени од Груевски, сума од 40.000 евра. Ѝкажав на Тања да го купи  станот на нејзино име, тоа ќе биде стан на Груевски, не сака да биде на негово име, а потоа ќе го префрли”, кажа сведокот.

Во 2018 година Александар Ивановски-Теранова бил повикан во хотелот „Мериот” од лице кое било возач на Груевски, како што кажа, да му даде договори за закуп, за да се потпишат од сопственичката на еден од становите, Татјана.

„Лични средби со Груевски не сме имале за оваа тема. Во 2018 година, по неговото бегство во Унгарија добив порака од телефонски број, претпоставувам унгарски, во која ме прашува дали имам станови во Центар, во Скопје. Беше заинтересиран да земе за во нив да се преселат сопругата и децата. Кажав дека имам зграда во Аеродром која ќе биде готова кон крајот на 2020 година. Врската прекина. Ме побара во октомври-ноември 2020 година, не сум го слушнал телефонот, не разговаравме. Мислам дека повикот беше по давањето на исказот во Обвинителство“, посочи тој.

Македонија

Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд

Објавено пред

Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.

Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.

dobivaj vesti na viber

Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.

Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.

Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.

За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.

Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.

Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.

Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево

Објавено пред

Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија11 часа

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....

Македонија11 часа

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата,...

Македонија13 часа

Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно...

Македонија13 часа

Скијач од Данска повреден во снежна лавина на Попова Шапка

Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и...

Топ13 часа

Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу...

Македонија14 часа

(Видео) Левица: Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода...

Македонија15 часа

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една...

Македонија15 часа

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа...

Македонија16 часа

„Сѐ е исто како во времето на Груевски, затоа и постојано одат со владиниот авион во Будимпешта по нови задачи и насоки“, велат од СДСМ

„55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за...

Македонија16 часа

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во...

Свет17 часа

Холандски министер: Не треба да го кажувам ова, но американските Ф-35 можат да се хакираат

Холандскиот министер за одбрана, Гијс Туинман, ја изненади јавноста тврдејќи дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи...

Свет17 часа

Чешкиот претседател: Наивно е да се очекува брз мир во Украина

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски...

Свет17 часа

Хилари Клинтон: Трамп го прикрива објавувањето на досиејата на Епстин, Бил и јас ќе сведочиме

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „прикривање“ во ракувањето со документите поврзани со покојниот сексуален престапник...

Европа18 часа

(Видео) Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

Синоќа, украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде...

Европа19 часа

Британија сака да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години

Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го...

Европа19 часа

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија; Кремљ: Главното прашање е територијата

Претставници на Украина и Русија ќе се сретнат во Женева денес и утре на нова рунда мировни преговори со посредство...

Свет19 часа

(Видео) Пукање на хокеарски натпревар за млади во САД: има мртви и ранети

Во пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, во американската држава Род Ајленд, синоќа беа убиени две лица, а тројца...

Топ1 ден

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...