Македонија
(Видео) Георгиевска: Нападнати активисти на СДСМ во Влае
Пратеничката Марија Георгиевска од редовите на СДСМ во изјава за медиумите извести за напад што се случил синоќа врз активисти на СДСМ кои делеле флаери во општина Карпош од страна на криминална вооружена група и рече дека одговорност ќе има и очекуваат брза разрешница и најстрога санкција за напаѓачите.
„Синоќа овде, во Влае, остатоците од режимот го покажаа своето вистинско, насилничко и криминогено лице. Активисти на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата овде пред кафулето ‘Кино Влае’ беа нападнати од криминална вооружена група, при што еден наш активист е пресечен со нож, а друг има скршена аркада. Дали причина за ваквиот крвнички напад е овој флаер почитувани граѓани, на кој е објаснета вистината за оваа локација, односно изградбата на зграда од 16 ката на местото на ‘Кино Влае’?“, праша таа.
Нападот, информира Георгиевска, е пријавен во полиција и веќе е составен записник по што, како што рече, се очекува и брза разрешница и најстрога санкција за напаѓачите.
„Ваквото насилство е одраз на страв и паника од убедливиот пораз што ги очекува нашите политички опоненти овде, во Карпош, в недела. На 31 октомври да се обединиме за Карпош да продолжи да се модернизира, да се развива по европски терк. Да не дозволиме подземјето, насилниците и урбаната мафија да владеат во Карпош“, напомена пратеничката на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

