Македонија
Арсовска: Срамно е што моето семејство станува цел на црната кампања
Ниската црна кампања на Заев и Шилегов го допре дното инволвирајќи го моето најтесно семејство, реагира независната кандидатка за градоначалничка на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, на последните наводи на СДСМ дека и нејзиниот сопруг има бугарска лична карта.
„Толку им гори под нозе што моите политичките ривали се користат со нови лаги и измами против моето семејство. Срамно е што моето семејство станува цел на црната кампања. Нападот на моето е напад на секое друго семејство кое треба да биде и да остане светост за секој човек со морал и вредности. Тоа од друга страна ги покажува немоќта и очајот во кои се наоѓа градоначалникот на Скопје Шилегов, кој ја загуби поддршката од скопјани“, пишува во реакцијата на Арсовска.
Навистина ни е жал, додава таа, што наместо борба за проекти и подобар стандард на скопјани, гледаме гладијаторска битка на лажни вести и изместени морални вредности.
„Скопје ќе биде модерно, ќе чекори напред и заедно ќе создаваме нови вредности, поинакви од сè друго до сега. Затоа што ние сите заслужуваме подобро од тоа што го имаме сега“, вели Арсовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

