Контакт

Економија

Одземени лиценците на две компании за трговија со мазут и „евродизел“, одлучи Регулаторната

Објавено пред

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои им ги одзеде лиценците на трговците на големо: „Пертинакс“ ДООЕЛ Скопје во делот вршење енергетска дејност трговија наголемо со мазут (М-1) и на „Гуливер инженеринг“ ДООЕЛ Скопје за вршење енергетска дејност трговија наголемо со „евродизел БС“. Лиценците се одземаат поради тоа што трговците на големо не доставија докази дека поседуваат резервоари за соодветниот нафтен дериват, информираа од Комисијата.

dobivaj vesti na viber

„Дади оил“ ДООЕЛ Јакимово, Виница, доставил документи со кои докажал дека поседува резервори за „евросупер БС-95“ по што РКЕ ја запрела постапката. Од „Башино гас“ извоз – увоз ДООЕЛ Велес приложиле документи за обезбедени резервоари за вршење енергетска дејност трговија на големо со течен нафтен гас (ТНГ).

„Двајца трговци наголемо не доставија докази дека имаат резервоари за складирање дел од нафтени деривати, што се основни средства за работа. Токму поради тоа што не поседуваат основи средства, РКЕ донесе одлуки со кои им ги одзеде лиценците за вршење енергетска дејност за ‘евродизел БС’ на ‘Гуливер инжинеринг’ и на ‘Пертинакс’ за мазут. Овие трговци не може да тргуваат со овие поединечни деривати затоа што немаат лиценца“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

„Што се однесува за постапките за одземање лиценци, кои беа почнати за оперативните резерви на мазут, РКЕ ги доби записниците од извршениот инспекциски надзор на Државниот пазарен инспекторат, во кои се констатира дека трговците ги поседуваат оперативните резерви по што се донесени одлуки со кои се запрени постапките за РКМ ДООЕЛ Скопје, „Ли – оил ДБ“ ДООЕЛ увоз – извоз Кавадарци, „Супертрејд“ ДООЕЛ увоз – извоз Скопје.

Економија

Министерството за финансии: Од денеска исплатите од буџетот транспарентно ќе се објвавуваат во посебна база за буџетски трошоци во изборен период

Објавено пред

Министерството за финансии согласно одредбите од Изборниот законик од денеска на својата веб-страница ќе ги објавува буџетските исплати во посебна база за буџетски трошоци во изборен период.

dobivaj vesti na viber

Имено, согласно Изборниот законик Министерството за финансии од денот на донесување на Одлуката за распишување на изборите до нивното завршување има обврска во посебна база да ги објавува податоците за сите буџетски исплати, освен редовните за плати, пензии и комунални трошоци.

Исто така, Министерството за финансии две недели по распишување на изборите има обврска да поднесе и предизборен финансиски извештај во којшто ќе биде опфатен преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи од Буџетот по ставки, во периодот од почетокот на фискалната година до денот на поднесување на извештајот којшто се објавува на веб-страната на Министерството за финансии.

Претседателот на Африм Гаши, на 9 август 2025 година ги распиша локалните избори, коишто ќе се одржат на 19 октомври.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) „Срам за Владата, работниците и пензионерите не се виновни за поскапувањата“, вели Битиќи

Објавено пред

„Во време кога цените на основните производи и трошоците за живот незапирливо растат, премиерот Христијан Мицкоски ја пласира тезата дека инфлацијата е последица на зголемените плати и пензии. Тоа не е вистина. Тоа е маневар со кој вината за економската состојба се префрла врз работниците и пензионерите, а не врз вистинските причини. Податоците го потврдуваат ова“, вели Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Ако ги погледнеме последните статистички податоци за споредба на просечната плата и потрошувачката кошница, ќе видиме дека трошоците растат двојно побрзо од растот на палтата. Вредноста на синдикалната потрошувачка кошница порасна од 61.855 денари во март на 63.908,00 денари во мај, односно за три месеци имаме зголемување од 2.053 денари. Во истиот период, просечната нето-плата се зголеми од 44.763 денари на 45.796 денари, односно за три месеци се зголеми за 1.033 денари.

Ако се погледнат и најновите бројки, разликата е уште поочигледна. Во јуни кошницата достигна 64.698 денари, а во јули 65.328 денари, што значи дополнителен раст од 1.420 денари за само два месеци. За истиот период нема податоци за просечната плата, но трендот од претходните месеци јасно покажува дека зголемувањето на платите е далеку побавно од растот на трошоците. Реалната куповна моќ на граѓаните паѓа. Тврдењето дека платите ја туркаат инфлацијата е економски неодржливо.

Премиерот зборува и за пензиите како причина за поскапувањата, но фактите го демантираат. Во март имаше еднократно, линеарно зголемување од 2.500 денари. Но тоа не стана тренд. Во април просечната пензија падна на 26.163 денари, во мај беше 26.157, а во јуни едвај се врати на 26.207 денари. Пензионерите и понатаму живеат на граница на егзистенција. Нивните примања едвај ги покриваат основните трошоци. Обвинувањето дека тие ја предизвикуваат инфлацијата е економски и морално погрешно.

Јазот меѓу приходите и трошоците уште повеќе се потврдува кога ќе се погледнат и другите ценовни индикатори.

Индексот на трошоци на живот во јули е за 4,8% повисок од истиот месец лани, а индексот на цени на мало за 5,3%. Само еден месец претходно, овие стапки беа пониски, односно изнесуваа 4,5% и 3,7%, што значи дека цените забрзуваат, а тоа се случува без раст на примањата.

Трендот на забрзување на цените уште појасно се гледа кај основните земјоделски производи, каде поскапувањата се најизразени и имаат директно влијание врз животниот стандард.

Во јуни, цените на растителното производство се зголемени за 22,2%, а на добиточното за 6,9%. Кај одделни производи, растот е уште подраматичен, компирот е поскап за 56,7%, житата и оризот за 25,5%, зеленчукот за 23,9%, а овошјето и грозјето за 15,4%.

Овие бројки се далеку од ефект на зголемени плати и пензии ,тие се резултат на нестабилни пазари, високи влезни трошоци и спекулативно формирање на цените.

Владата се потпира на импровизација и пропаганда. Наместо системски да го искористи Законот за нефер трговски практики, кој може да намали цени и до 30% преку санкционирање на неправедните профити, таа води политички маркетинг.

Состојбата во индустријата дополнително го потврдува ова, во јуни тоа пораснало само за 0,5%, односно економијата не е „прегреана“ од побарувачка.

Во енергетиката, зависноста од увоз дополнително влијае на цените. Во мај увозот на електрична енергија се зголемил за 25,9%, а извозот за 11,1%. Ова покажува дека енергетските фактори се меѓу причините кои придонесуваат за растот на цените, а не зголемувањето на платите и пензиите.

Минималната плата од март е 24.379 денари, утврдена еднострано, без синдикати и без социјален дијалог. Зголемувањето од 1.800 денари беше донесено како политичка одлука, а не како дел од сеопфатна стратегија за подобрување на животниот стандард. Денес, за да се покрие синдикалната кошница од јули, потребни се речиси 2,7 минимални плати. Двајца вработени со минимална плата во едно семејство и пак ќе немаат доволно за месечните трошоци.

Цените во Македонија не растат затоа што граѓаните заработуваат повеќе. Растат затоа што нема стратегија за економска стабилност, затоа што се толерираат монополски структури и шпекулативни маржи, затоа што зависиме од увоз за основни добра.

Обидот да се префрли вината врз работниците и пензионерите е политички срамен. Македонија заслужува економија што ќе работи за своите граѓани, што ќе обезбедува стабилни цени, фер пазар и заштита на животниот стандард, а не изговори за сопствената неспособност“, изјави Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Економија

Халкбанк со донација на компјутерска опрема за училиштата и за институциите

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје продолжува да ја демонстрира својата општествена одговорност преку конкретна поддршка за заедницата. Во рамки на своите активности, Банката донираше 27 компјутери и монитори во Основното училиште „Тефејуз“ во Скопје, едно од најстарите училишта во земјата. Основано уште во 1884 година од страна на Османлиската држава, ова училиште веќе над еден век е важен образовен центар на турското малцинство во Македонија, со богата историја и значајна улога во локалната заедница.

dobivaj vesti na viber

Дополнително, Халкбанк донираше и 146 компјутери и монитори во Македонска пошта, со која Банката има воспоставено долгогодишна соработка и веќе пет години платниот промет во Пошта се одвива преку Халкбанк. Ова партнерство им овозможува на граѓаните добивање на банкарска услуга, да не мораат да одат исклучиво во банка, туку истата да ја добијат и во најблиската пошта, што е особено значајно за сите оние кои живеат во населени места во кои нема експозитури на банките.

Освен стандардните банкарски услуги, на шалтерите на Македонска пошта граѓаните можат да отвораат сметка во Халкбанк, да побараат издавање дебитна или кредитна картичка, да аплицираат за различни видови кредити, дозволено пречекорување, електронско банкарство, добивање пензија преку Халкбанк, како и да добиват други банкарски услуги кои се достапни за клиентите на Банката.

Халкбанк наскоро ќе донира уште 23 компјутери и монитори за уште едно училиште, со цел да се подобрат условите за едукација и работа.

Овие донации се дел од многубројните општествено одговорни активности на Халкбанк, кои имаат за цел да ја поддржат заедницата, да овозможат подобри услови за учење и работа, и да придонесат кон дигиталната писменост и развојот на младите.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33)...

Топ3 часа

Скопјанец почина на Клинички откога бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција

Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај...

Топ3 часа

Претреси во село Гајре во врска со пукањето во Тетово: уапсени четворица, пронајдени предмети

Вчера во периодот од 12:50 до 15:00 часот во село Гајре, тетовско, согласно судска наредба, а во врска со вооружената...

Регион4 часа

(Видео) Густ чад го обвива Петровац, сцените од плажата се морничави: Црна Гора сè уште се бори со пожарот

Црна Гора сè уште се бори со пожарот, иако ситуацијата во Чањ и во Буљарица се чинеше дека се смирува,...

Македонија4 часа

(Видео) СДСМ: Нов скандал во Националната агенција „Еразмус“, Ана Михајлов, осомничена од ОЛАФ, назначена за в.д. директорка?

„Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја...

Македонија5 часа

(Видео) „Како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење“, прашува Лефков

„Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии пари е платена, како со лекарска плата Венко...

Македонија5 часа

Директорката на гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

Директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска се јави на информативен разговор во полициската станица во Демир Хисар....

Регион6 часа

(Видео) Пожари беснеат во Буљарица и Чањ, пожарникарите се борат со силниот ветер и густиот чад

Црна Гора за кусо време беше погодена од катастрофални пожари, од кои најкритични беа во Чањ, Буљарица и недалеку од...

Македонија7 часа

Патот Брезница – Македонски Брод целосно затворен поради пожар

Поради пожар, утрово целосно е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот парк Јасен, до Македонски Брод. Според...

Македонија8 часа

23,7 отсто од младите во земјата ниту учат ниту работат – „Хера“ со порака до кандидатите за градоначалници

Додека светот денес го слави 12 август – Меѓународниот ден на младите, младите луѓе во државата сè уште живеат во...

Топ8 часа

Обид за убиство во Виница: маж избоден четирипати пред угостителски објект

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32)...

Свет8 часа

(Видео) Рекорден топлотен бран во Европа – во Италија почина четиригодишно дете

Во топлoтниот бран, кој вчера ја зафати Европа, едно дете почина од топлотен удар во Италија, шумските пожари се му...

Македонија9 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет години нема ниедно обвинение, ниеден обвинет, ниедно рочиште

Пет години по затворањето на „Еуростандард банка“, оштетените штедачи повторно јавно реагираат дека истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење...

Свет10 часа

Трамп: Ќе се обидам да вратам дел од територијата на Украина, за танго се потребни двајца

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави во Белата куќа дека неговата средба со Владимир Путин ќе биде „разговор за да...

Забава10 часа

(Видео) „Јадранскиот Титаник“ потонал пред 111 години: денес е атракција за нуркачите во близина на омиленото место на Тито

Некогаш најубавиот брод на австриската компанија Österreichischer Lloyd – елегантен, брз и луксузен – лежи веќе 111 години на дното...

Македонија11 часа

Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија21 час

Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се...

Македонија21 час

Најмногу туристи ни дојдоа од Турција во јуни

Според податоците од Државниот завод за статистика, во јуни годинава во земјата биле регистрирани вкупно 126.415 туристи, од кои 20,1...

Македонија1 ден

Стоматолошката комора тврди – нема неправилности, Министерството за здравство ја брани одлуката за преземање на лиценцирањето

Претседателот на Стоматолошката комора, Маријан Денковски, на прес-конференција изјави дека повеќекратните контролни надзори не откриле неправилности во работењето на Комората....

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Битола и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани на нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...