Македонија
75 отсто од хоспитализираните случаи со Ковид-19 не биле вакцинирани

Во период од 6 до 28 октомври на територијата на државата 45.621 граѓанин биле позитивни на Ковид-19, од нив, како што соопшти Министерството за здравство, 27 % биле целосно вакцинирани, односно 12.375 лица.
Според последниот извештај од здравствените власти, голем е бројот на невакцинирани граѓани што се заразиле од коронавирус.
Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со 28 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата што се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примањето на втората доза вакцина.
„Според статистиката за изминативе два месеца, 33.246 граѓани, односно 73 % од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица што се невакцинирани изнесува 75 %, а само 25 % од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.8 до 28.10.2021 на територијата на државата починале 1.592 пациенти од Ковид-19, 1.310 од починатите, односно 82 %, не биле вакцинирани, а само 18 %, односно 282, примиле вакцина“, известуваат од Министерството.
Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини што ги има на располагање кај нас.
Министерството за здравство укажува на важноста од вакцинација, секоја вакцина што ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на Сарс-Ков2, велат од таму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Девет години од катастрофалните поплави во Гази Баба во кои загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат девет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица.
Во незапамтеното невреме и катастрофалната поплава беа евакуирани илјадници граѓани, а животот го загубија 22 лица. Најмладата жртва помеѓу загинатите е двегодишно дете од село Стајковци.
Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Голем дел загинаа на скопската обиколница, а некои од нив останаа заробени во домовите од најдојдената вода и се удавија неможејќи да излезат.
Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.
Граѓаните од целата држава координирани од Црвениот крст, Кризниот штаб и надлежните институции во наредните денови се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите.
8 август 2016 беше прогласен за Ден на жалост.
Македонија
Над 360 лица ќе ја искористат мерката на Владата за пожарникари

Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе се обучуваат теоретски и практично за справување со пожарите во Македонија. Нивниот ангажман ќе биде сезонски и ќе биде финансиски поддржан од Владата со по 24 илјади на секој работник, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Одтаму информираат дека обуките веќе се во тек низ 13 градови во државата, со кој се покриваат 28 општини низ државата. Младите лица кои се пријавени на обуките, ќе поминат дводневна обука, со која ќе бидат спремни за само една недела да излезат на терен во справувањето со огнените стихии.
Дел од овие лица, ќе бидат распоредени низ локалните територијални противпожарни единици, а друг дел од нив, ќе бидат во Скопје во Дирекцијата за заштита и спасување. Лицата кои ќе бидат распоредени во ДЗС ќе продолжат со обуките, а по појава на мали пожари кои не се од голем ризик, сезонските работници ќе бидат постепено искористувани да работат на терен и да ги усовршуваат своите способности.
„Со оваа мерка, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека има цел да ги стимулира младите кои не се вработени, да го направат првиот чекор, а потоа оние кои ќе се докажат да добијат и вработување во противпожарните единици низ државата. Исто така да потсетиме и дека за прв пат по 7 години, се употребуваат 38 пренаменети армиски и полициски возила, на располагање се и хеликоптери и авиони, со кои успешно се справуваме со пожарите кои се појавуваат ова лето“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Македонија
Без струја делови од Кисела Вода и Карпош

Без струја денеска ќе бидат делови од општините Кисела Вода и Карпош, информира Центарот за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 06.08.2025 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Таки Хрисик, ул. Тони Богдановски, ул. Борис Трајковски крак 7 и ул. Андреј Богдановски. (Општина Кисела Вода)
· од 09.00 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. Франце Прешерен. (Општина Карпош)“, информира ЦУК.