Спорт
Ал-Сад не го даваат Чави: Тој е фокусиран на следните мечеви
Иако се веруваше дека пристигнувањето на Чави како нов тренер на Барселона е завршена работа и само се чека да се утврдат деталите, неговиот катарски клуб, Ал-Сад тврди дека тој има уште двегодишен договор и дека е фокусиран на заддржување на титулата во националниот шампионат.
Самиот Чави изјави дека е фокусиран на работата со клубот и дека не може да коментира за Барселона во петокот, а сега со соопштение се јавија и од катарскиот клуб.
„Како одговор на шпекулациите, менаџментот на Ал-Сад уверува дека Чави има двегодишен договор со клубот. Чави е целосно фокусиран на следните мечеви на тимот, за да се заддржи водството во лигата и да се одбрани титулата“, се вели во објавата на Ал-Сад.
Барселона веќе го постави тренерот на Б-тимот, Серхи Бархуан како преоден тренер и тој ќе ги води против Алавес денеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Почина Васил Рингов
Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња, Васил Рингов, почина на 71-годишна возраст по кратко боледување.
Рингов е еден од најголемите фудбалери во историјата на македонскиот фудбал и на Вардар.
Роден е во Струмица на 17 април 1955 година, каде што ја започна својата кариера во локалната Беласица.
Кратко време го носеше дресот на Партизан, а потоа играше во Тетекс, а оттаму се пресели во Вардар, каде што остави најимпресивна трага во црвено-црниот дрес. За Вардар одигра повеќе од 200 натпревари, во кои постигна 93 гола.
Заедно со тогаш младиот Дарко Панчев, формираше еден од најефикасните тандеми во југословенскиот фудбал во 1980-тите.
Еден период помина и во Динамо Загреб, исто така во Германија каде што играше за Ајнтрахт Брауншвајг.
Ја заврши кариерата во дресот на Вардар во сезоната 1986/87.
Foto/ Guliver – Vasil Ringov
Спорт
И Челзи се вклучи во трката за потписот на Семењо
Фудбалскиот клуб Челзи се вклупи во трката за потписот на крилниот напаѓач на Борнмут, Антоан Семењо. Од птртходно е познато дека интерес за овој играч покажаа Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Ливерпул.
Клубот од „Стемфорд Бриџ“, воспоставил контакт со колегите од Борнмут, прашале под кои услови би биле спремни да го продадат Семењо.
Репрезентативецот на Гана има откупна клаузула од 65 милиони фунти во својот договор, кој стапува на сила на 1 јануари.
Клаузулата нема да биде активна во текот на целиот трансфер период, туку само во првите 10 дена, што им отвора можност на Борнмут да најдат замена за крилниот играч.
Доколку 25-годишникот не го смени клубот во јануари, откупната клаузула ќе биде помала на крајот од сезоната.
Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се уште се пред другите клубови и се во израмнета трка за неговиот потпис.
Тренерот на „Црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, го опиша Семењо како „специјален играч“ пред натпреварот против Борнмут, во кој Антоан постигна гол во ремито 4-4.
Сепак, и Ливерпул е заинтересиран, особено откако напаѓачот на „Црвените“, Александар Исак, неодамна претрпе сериозна повреда и се очекува да има подолга пауза.
Тотенхем беше заинтересиран за Семењ во текот наа летото и порано оваа сезона, но сега се сврте кон други опции.
Семењо постигна осум гола во Премиер лигата оваа сезона.
Бормут, по импресивниот почеток на сезоната, западна во криза – тимот на Андони Ираола не знае за триумф од 26 октомври – и го зазема 15-то место на табелата со 22 бода.
Foto/ depositphotos
Спорт
Гоце Седлоски промовиран во нов селектор на националниот тим
Гоце Седлоски, првиот што одигра 100 натпревари во дресот на националниот тим, официјално е назначен за нов селектор на Фудбалската репрезентација на Македонија. На функцијата, Седлоски дојде на местото на Благоја Милевски, чии договор не беше продолжен по завршувањето на квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство.
„Ова е голема чест, во исто време и голема одговорност, веројатно најголема во мојата кариера. Нашата цел ќе биде да изградиме јасен систем на игра, дисциплина, карактер. Од играчите ќе барам максимален ангажман, храброст и желба на секој натпревар“, рече новиот селектор.
Седлоски вече на стартото ќе биде соочен со тежок предизвик, дуелот со Данска во Копенхаген, во полуфиналето од плеј офот за пласман на Светското првенство.
Foto/ arhiva, Topsport
ФФМ го назначи Гоце Седлоски е нов селектор на фудбалската репрезентација

