Контакт

Македонија

Без проблеми се одвива гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците

Објавено пред

Гласањето на вториот круг од Локалните избори на болните и немоќните, лицата со Ковид-19, затворениците и лицата во страските домови минува непречено и без проблеми, информира на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска. Денеска како што е наведено своето право на глас можат да го остварат вкупно 7 645 гласачи.

dobivaj vesti na viber

На гласачките места во 14 Казнено – поправни установи своето право на глас можат да го остварат 1409 гласачи. Сите гласачки места во затворите се отворени во 7 часот и таму гласањето ќе трае до 19 часот. До пладне, како што кажа Гугучевска, таму гласањето било без проблеми.

Во домашни услови денеска гласаат и 5588 болни и немоќни лица или лица во куќен притвор, чии пријави биле прифатени од општинските изборни комисии, како и 376 лица со Ковид-19 или во изолација.

Во установите за вонсемејно згрижување своето право на глас можат да го остварат вкупно 266 гласачи, а право на глас имаат и шест внатрешно раселени лица.

За набљудување на вториот круг од Локалните избори, ДИК акредитираше 1598 набљудувачи, од кои 1220 домашни и 368 странски, како и 10 странски новинари.

Гугучевска информираше дека поради надминување на проблемите што се појавија со ракувањето со терминалите за биометриска идентификација на гласачите, одржан е уште еден циклус на едукација со претседателите и замениците претседатели на избирачките одбори, а посочи дека исто така на ДИК на располагање и се 400 технички лица кои би помогнале за надминување на евентуални проблеми при гласањето.

Таа повтори дел од препораките на ДИК усвоени на вчерашната седница за намалување на гужвите на избирачките места имајќи го искуството од првиот круг од гласањето.

За гласачите активен е бесплатниот телефонски број 0800 555 44 на кој сите заинтересирани граѓани можат да се јават или да остават коментар до ДИК заедно со своите податоци за контакт за да добијат одговор на поставеното прашање.

И оваа година во однос на комуникацијата со граѓаните со оштетен вид, слух и говор на денот на изборите, односно утре активен ќе биде телефонскиот број 076 488 360 на кој преку видео повик ќе можат да постават прашање до ДИК и да добијат одговор на македонски знаковен јазик. За сите граѓани на располагање се интеренет страницата на ДИК www.sec.mk, како и страниците на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер и каналот на Јутјуб.

Право на глас на вториот круг на овие локални избори со изводите во кои се запишани и двете избирачки места на кои се повторува гласањето од првиот круг во Дебар и во Шуто Оризари се запишани 1 353 990 гласачи.

Македонија

(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато

Објавено пред

Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.

dobivaj vesti na viber

Прикажи повеќе...

Македонија

Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан

Објавено пред

Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Американски специјалци упаднаа во уште еден танкер, објавена е снимка

Американските сили ја презедоа контролата врз танкер за нафта во Карипското Море, соопшти војската. Моторниот брод „Сагита“ ја прекрши блокадата...

Свет1 час

(Видео) Трамп го прашаа колку далеку е спремен да оди за Гренланд: „Ќе дознаете“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да прецизира колку далеку е спремен да оди во својот обид САД да го...

Европа1 час

(Видео) Нова железничка несреќа во Шпанија: машиновозачот загина, 37 повредени

Машиновозачот загина, а најмалку 37 лица се повредени во железничка несреќа во близина на Барселона. Според локалните власти, возот Родалиес...

Македонија2 часа

Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан

Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ....

Македонија16 часа

Полицијата ја тргнала плочката, а зад неа – 350.000 евра скриени во ѕидот: детали за падот на судијата

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднела кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов (53)...

Македонија17 часа

МВР алармира: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“, и да не споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку...

Македонија18 часа

Јаневска: Колку повеќе децата се во училиште, толку е поголем нивниот резултат

Македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската...

Македонија19 часа

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција, кај кого беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид...

Македонија19 часа

Се зголемуваат цените на бензините и дизелот

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 1,5 и за 2 денари, соопшти...

Македонија20 часа

Анел Фидоски нов шеф на скопското јавно обвинителство

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје....

Македонија21 час

(Видео) СДСМ обвини дека „Алфа“ не е само медиум туку политички проект: „Како и во времето на Груевски, повторно функционира како центар за црни кампањи“

Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција објави ново разоткривање на Антикорупцискиот тим – АКТ. Тој...

Свет21 час

Лавров: Гренланд не е природен дел од Данска

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го коментираше конфликтот меѓу САД и Европа околу иднината на Гренланд, доведувајќи го...

Топ22 часа

Сакале насилно да влезат во затворена гостилница па го истепале сопственикот: 30-дневен притвор за двајца осомничени

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички...

Свет23 часа

Трамп објави фотографија и порача: Мора да го добиеме Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори своето барање да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна данска територија. Зборувајќи со новинарите...

Свет24 часа

(Видео) Снежна бура во САД: верижен судир на повеќе од 100 возила

Повеќе од 100 возила се судрија или излетаа од меѓудржавен пат во Мичиген, САД, во снежна бура. Полицијата објави дека...

Свет24 часа

Данска со предупредување за одбраната на Гренланд: Воен конфликт со САД е реална можност

Копенхаген предупреди дека евентуалниот обид на САД да ја преземат контролата врз Гренланд со сила би довел до директен воен...

Свет1 ден

Поранешен советник на Трамп: Гренланд ќе остане Гренланд

Доналд Трамп нема да може да го принуди Гренланд да биде продаден на САД, изјави за Би-би-си поранешен висок советник...

Европа1 ден

(Видео) Русија го нападна Киев: делови од градот останаа без греење во студена ноќ

Русија ги нападна Киев и другите украински градови преку ноќ со балистички ракети и беспилотни летала, додека земјата се бори...

Свет1 ден

120 членови на Исламска држава избегаа од затвор во Сирија

Сирискиот министер за внатрешни работи изјави дека околу 120 припадници на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако...

Свет1 ден

Австралија затвора десетици плажи поради напади од ајкули

Десетици плажи долж источниот брег на Австралија, вклучувајќи го и Сиднеј, се затворени по четири напади од ајкули во последните...