Македонија
До 13 часот гласале 24,78 отсто од гласачите

До 13 часот во вториот круг за избор на градоначалници одѕивот е 24,78 отсто. Гласале вкупно 269.674 гласачи. Најголем е одѕивот во Вевчани каде на гласање до 3 часот излегле 52,46 отсто од запишаните гласачи.
Претседателот на Државната изборна комисија Алесандар Даштевски соопшти дека и во овој пресек одѕивот е поголем во однос на првиот круг од изборите. За споредба, во првиот круг на овие избори до 13 часот гласале 237.476 гласачи, односно 20,76 отсто од гласачите.
Различно во овој круг, за разлика од првиот, Даштевски нагласи дека е тоа што нема редици луѓе што чекаат да гласаат.
„Овој круг се разликува од првиот. Нема пријавено редици луѓе. Јас лично во првиот круг гласав околу 12 часот и чекав еден час, а сега не чекав ни пет минути. Се потврди она што го тврдев в првиот круг дека метежот се прави поради гласачките ливчиња,. Сега во Скопје има само по две ливчиња, а во останатите општини по едно“, рече претседателот Даштевски.
Тој го оцени изборниот ден како мирен и изрази надеж дека така ќе остане до крајот. Мал метеж рече дека е очекуван пред затворањето на гласачките места во 19 часот од оние кои во пет деветнаесет часот доаѓаат да гласаат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. 103 – Волково во близина на кружниот тек во Волково, во општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. 100 и 21 во село Волково, во општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од село Сопиште (ул. 14 и ул. 16 кај Св. Мина) во општина Сопиште.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во работна посета на високо ниво на Велика Британија

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од попладнево е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство, каде ќе оствари работнa средбa со Герет Томас, министер за бизниси, извоз и услуги, средба со министерот за Европа, Стефан Доти, како и со Дејм Карен, специјален пратеник на премиерот на Велика Британија за Западен Балкан. Исто така предвидени се средби и со претставници од бизнис заедницата во Лондон.
Тема на работните средби е зацврстување на стратешката соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.
Предвидено е на средбите да се разговара за економската и трговска соработка со посебен фокус на инвестиции во инфраструктурниот сектор.
Покрај економските теми, ќе се потврдат и добрите политички односи меѓу двете земји.
Обединетото Кралство е стратешки партнер на Република Македонија во НАТО Алијансата и земја на второ место со која остваруваме најголем обем на трговска размена.