Македонија
Арсовска: Скопје за првпат по 30 години има жена за градоначалник
Независната кандидатка за Град Скопје, Данела Арсвоска прогласи победа во Скопје. Таа се заблагодари на скопјани, за кои кажа, ја препознале човечноста наспроти црната кампања која се водела против неа. Рече дека веќе од утре ќе почне со работа, за остварување на сите ветени проекти.
„Голема благодарност да довербата и поддршката за визијата за поубаво, помодерно Скопје. Не можам да изразам зборови колку ми значи тоа што сите вие скопјани ја поддржавте мојата визија и што пред се одбравте да верувате во човечноста, што истакнавте дека сте против црните кампањи и што ми ја дадовте довербата следните четири години да го водам Скопје и да бидам ваш човек во градот“, рече Арсовска.
Арсовска кажа дека вечерва ќе слави, а веќе од утре ќе работи бидејќи има многу проекти кои мора веднаш да се реализираат, во првите 82 дена.
„Мој противник не беше само стариот градоначалник туку и премиерот во заминување. Скопје за првпат по 30 години има жена за градоначалник. Морам да ја истакнам благодарноста за семејството, пријателите и сите скопјани кои ме бодреа сите денови, кои кажаа дека и покрај црната кампања треба да продолжиме напред. Сега имаме шанса од првиот ден, посветено да работиме, Скопје да го направиме град на среќни луѓе“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од општините Сопиште и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците од цело с. Јаболци (општина Сопиште)
· во периодот од 11.00 до 15.00 часот дел од корисниците од Горно Нерези (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 16 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Од вторник до сабота ќе преовладува претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а во деновите потоа од северен правец.
Македонија
Освојувањето на 14-те највисоки врвови го сметам за национален успех, вели Кедев
Освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го сметам за национален успех. Тоа што ми даде сила беше токму тоа да го однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани и сите Македонци каде и да се во светот, порача кардиологот и алпинист Сашко Кедев, по одликувањето на Орденот „8 Септември“ за особените заслуги во медицината и за историскиот подвиг во алпинизмот.
Кедев, изрази длабока благодарност за одликувањето, кое рече дека иако опфаќа повеќе елемент од неговиот живот, го споделува со сите колеги со кои заедно ја формираат Интервентната кардиологија пред повеќе од 30 години.
Суштината во животот, порача Кедев, е да најдеме активност што нема крајна цел, туку чиста мотивација без конкретна цел.

