Спорт
Клоп сака да го донесе Јовиќ во Ливерпул
Ливерпул ќе му биде конкурент на Арсенал, за трансферот на српскиот напаѓач, Лука Јовиќ, тврди „Дејли мејл“.
Лука Јовиќ, летото во 2019 година од Ајнтрахт се пресели ан „Сантијаго Бернабеу“. Реал за неговиот трансфер издвои 60 милиони евра. Две години подоцна тој е означен како едно од најголемите промашувања во историјата на славниот клуб.
Вториот дел од минатата сезона го мина во стариот клуб Ајнтрахт. Се врати во Реал, но кај Карло Анчелоти минорно е времето што го мина на теренот во досегашниот тек од сезоната.
Дека Анчелоти не смета на неговите услуги покажа и во саботата, кога му даде одмор на Карим бензема, а на неговото место во нападот играше Маријано Дијаз. Јовиќ дуелот во Елче го гледаше од клупата за резерви.
„Дјели мејл“, пишува дека Јирген Клоп, сака да ја засили конкуренцијата во нападот. Го означил Јовиќ како прва мета и играч кој би бил вистинска алтернатива за Роберто Фирмино и Диого Жота.
Интерес за Србинот, уште од лани, покажува и менаџерот на Арсенал, Микел Артета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
149 судии суспендирани во Турција поради, имале налози во обложувалници
Големиот скандал во Турција околу фудбалските судии кои имаат налози во обложувалници доби епилог. Турската фудбалска асоцијација суспендираше 149 судии поради поседување налози за обложување.
Неодамна беше откриено дека од 571 фудбалски судии во Турција, дури 371 имаат налози за обложување. Од нив, 152-ца се активни.
Казните за овој прекршок се суспензија помеѓу осум и 12 месеци. Турската фудбалска асоцијација сè уште ги истражува тројцата преостанати судии кои имаат активни налози за обложување.
„Ова е морална криза на турскиот фудбал. Нема пофундаментална структура и јадро во турскиот фудбал од етичката. Прашајте било кој судија дали некогаш платата му доцни. Ако тоа не е точно, веднаш ќе поднесам оставка. Ги зголемивме платите, ги подобривме условите за судиите“, рече претседателот на Фудбалската асоцијација на Турција, Ибрахим Хаџиосманоглу.
Спорт
Џенова го отпушти Виера
Поранешниот француски репрезентативец Патрик Виеира повеќе не е тренер на Џенова, објави во саботата клубот кој моментално е последен во Серија А.
Од почетокот на новата сезона, Џенова освои само три бода во три нерешени натпревари и шест порази, што е нивниот најлош почеток на сезоната.
За среќа, по девет кола во Серија А има дури четири клуба кои сè уште не знаат за победа, па работите сè уште можат да се поправат.
Виеира ја презеде Џенова во ноември 2024 година откако Алберто Џилардино беше отпуштен. Тој го презеде тимот кога беше 17-то место на табелата, а на крајот од сезоната ги доведе до 13-то место. Иако се шпекулираше дека Рома и Интер го сакаат, тој ова лето потпиша нов договор до летото 2027 година.
Виеира е легендарен француски играч од средниот ред со 107 настапи за „Триколорите“, со кои го освои светското првенство.
Тој ја заочна тренерската кариера во 2016 година, а дотогаш ги водеше младинските тимови на Манчестер Сити. Пред италијанскиот клуб ги тренираше Њујорк, Ница, Стразбур и Кристал Палас.
Спорт
„Формата на Салах не е добра веќе три сезони“
Минатиот викенд, Мохамед Салах ја прекина серијата без голови што траеше повеќе од еден месец. Беше стрелец во поразот од Брентфорд.
Кризата на формата се совпаѓа со лошите резултати на целиот тим. „Црвените“ беа елиминирани од Лига купот од Кристал Палас во средата.
Емил Хески, поранешен напаѓач на Ливерпул, се осврна на формата на Салах.
„Да, тој не е во форма, но има одреден пад што е неизбежен како што стареете. Секој во триесеттите години почнува да покажува мал пад. Нема да биде огромен, бидејќи тој е голем професионалец и многу добро се грижи за себе. Не мислам дека ова е нешто ново. Не е ненадејно, се случува веќе две или три сезони“, рече поранешниот англиски репрезентативец и додаде:
„Имаше натпревари во кои тој претежно не играше добро, но успеваше да постигне гол, а ние го игнориравме остатокот од натпреварот. Без разлика дали беа еден или два гола, гол од пенал или лесен гол на крајот од натпреварот. Кога ќе постигнеше гол заборававме дека играта не му беше на ниво. Сега сме во ситуација каде што во последниот период не постигна голови ниту прави разлика на теренот. Сега покажуваме со прст кон него, а тоа не е нов феномен“, рече Хески.

