Свет
Маск: Ако ми објасни ОН како можам да го решам гладот во светот, веднаш ќе ги продадам акциите на „Тесла“
Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, изјави дека ќе ги продаде сите акции на „Тесла“ и ќе го реши проблемот со гладот во светот, доколку некој од Светската програма за храна на ОН му објасни како тоа може да се направи со шест милијарди долари.
Тој го напиша ова како одговор на твитот од Илај Дејвид, водечки експерт за вештачка интелигенција, кој објави дека 2 отсто од вкупното богатство на Маск е шест милијарди долари, додека Светската програма за храна на ОН (WFP) собра 8,4 милијарди долари во 2020 година.
Дејвид го објави својот твит со линк до напис на Си-ен-ен со наслов „2 отсто од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот во светот“, вели директорот на програмата за храна на ОН.
Fact check:
? 2% of @elonmusk‘s wealth is $6B
? In 2020 the UN World Food Program (WFP) raised $8.4B. How come it didn’t “solve world hunger”?— Dr. Eli David (@DrEliDavid) October 30, 2021
Дејвид праша како фактот што Светската програма за храна собра 8,4 милијарди долари минатата година не го реши проблемот со гладот во светот.
Маск одговори на неговиот твит.
„Ако WFP може да опише на Твитер точно како 6 милијарди долари ќе го решат гладот во светот, веднаш ќе ги продадам акциите на ‘Тесла’ и ќе го сторам тоа“, изјави Маск.
Нему му одговори Дејвид Бисли, извршен директор на WFP.
„Насловот не е прецизен. 6 милијарди долари нема да го решат гладот во светот, но ќе спречат геополитичка нестабилност, масовна миграција и ќе спасат 42 милиони луѓе на работ од глад. Ова е криза без преседан и совршена бура поради ковид/конфликт/климатска криза. Илон Маск, со ваша помош можеме да донесеме надеж, да изградиме стабилност и да ја промениме иднината. Ајде да разговараме: не е толку комплицирано како Falcon Heavy (авионот SpaceX на Маск), но е премногу голем влог за што барем би можеле да разговараме. Можам да бидам на првиот лет кон вас. Избркај ме ако не ти се допаѓа тоа што го слушаш!“
Маск повторно му одговори на Бизли, да објави детали за што троши пари организацијата за јавноста да може точно да види каде и како се потрошени парите.
Пред четири дена, шефот на Светската програма за храна на Обединетите нации изјави дека мала група богати поединци може да помогне во решавањето на гладот во светот со мал дел од своето богатство.
Маск поседува богатство вредно 289 милијарди долари, што значи дека Бисли бара донација од само два отсто од неговиот имот. Богатството на американските милијардери е речиси двојно зголемено од почетокот на пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Ајатолахот е мртов
Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака:
„Во возвишеното име на Хајдар (Имам Али), мирот нека е со него. Без него нема небо ни земја“
به نام نامی حیدر علیهالسلام pic.twitter.com/n848j6KASq
— KHAMENEI.IR | فارسی (@Khamenei_fa) February 28, 2026
„Хајдар“ е едно од имињата/почесните имиња на Имам Али, а терминот „алејхи селам“ значи „мир со него“ и се користи како знак на почит.

И Доналд Трамп потврди дека е мртов.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. Високи израелски функционери изјавија за неколку медиуми дека ајатолахот е мртов, но нема официјална потврда од Иран. Израелските медиуми објавија дека неговото тело е пронајдено во урнатините на палата. „Иран интернешнл“ исто така соопшти дека ајатолахот е мртов.
Свет
(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек
Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади.
BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport.
Evacuations are underway at the airport. pic.twitter.com/kjEwqD5Vyl
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Меѓународниот аеродром во Дубаи беше погоден од дрон.
⚡️ BREAKING: A drone struck Dubai International Airport
People in the city are being evacuated to underground parking lots. pic.twitter.com/EKpwLO37zu
— NEXTA (@nexta_tv) February 28, 2026
Градот беше евакуиран по инцидентот. Луѓето се засолнуваат во подземните паркинзи.
Dubai Airport after it was hit by Iranian drone strike.
Several people were injured. https://t.co/IutIoaHa3D pic.twitter.com/Qz7IfW3Xv7
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Како што пренесуваат странските медиуми има повредени лица.
Свет
Трамп: Веруваме дека извештаите за смртта на Хамнеи се точни
Доналд Трамп, одговарајќи на прашања од новинарите, наговести дека извештаите за смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој наводно е убиен во американско-израелски напади, се точни, пишува американската мрежа NBC News.
Кога беше прашан дали добил потврда за овие извештаи и дали верува дека Хамнеи е мртов, Трамп одговори: „Не сакам да коментирам за тоа, но има гласини и разговори дека е убиен“.
Кога беше прашан за неговата реакција на наводната смрт, американскиот претседател рече: „Тој уби многу луѓе. Многу, многу луѓе. Уништи многу животи. Уништи многу семејства и уништи една земја“.
Кога беше прашан како и кога ќе добие потврда за смртта, Трамп објасни: „Па, разговарав со многу луѓе, и не само со нив, и сигурни сме… веруваме дека таа приказна е точна“.

