Македонија
Досега во Македонија над 36 илјади лица се вакцинирани со трета доза

Во изминатите два дена аплицирани се вкупно 9.009 дози вакцини, од кои 1.873 се аплицирани како прва доза, 1.580 се ревакцинирани, а 5.536 граѓани примиле трета доза вакцина.
Како што информираат од Министерството за здравство, заклучно со 2 ноември вкупно се вакцинирани 806.781 граѓани, ревакцинирани се 777.655, а трета доза примиле 36.424 граѓани. 54 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 проценти , а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 проценти од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35б отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поплаки за искинати учебници стигнеле и до Јаневска: Потрошивме 11 милиони евра, што побарале училиштата, тоа добиле

Учебниците законски се менуваат на пет години, учениците треба да се грижат за нив, наставниците да ги научат на тоа, а директорите се должни да ги регистрираат сите оштетени учебници, да ги наплатат од родителите и да порачаат нови. Ваков е заклучокот од долгиот одговор на министерката за образование Весна Јаневска, на прашањето зошто и оваа година има многу поплаки од ученици и родители за искинати учебници.
„И до мене стигнаа поплаки од родители кои велат дека децата им добиле несоодветни учебници и многу ми е жал. Децата треба да имаат соодветни учебници. Учебниците се обновуваат на пет години, по закон. Значи еден учебник во употреба е пет години, досега и не е правено така, но отсега ќе биде така. На секои пет години ќе се обновуваат учебниците“, рече министерката Јаневска.
Кога прашала зошто учебниците е решено да се менуваат токму на пет години, наставниците и експертите и кажале дека тоа начин да ги поттикнат учениците да се грижат за учебниците.
„Тоа е дел од воспитниот процес, да се цени и почитува знаењето. Наставниците треба да ги научат дека тоа треба да се прави така“, рече министерката Јаневска.
За учебниците кои ќе бидат оштетени, Јаневска потсети дека е предвидено родителот да ја компензира направената штета, а компензацијата се намалува како одминуваат годините, односно ако учебникот е понов компензацијата е поголема, а ако е постар ќе биде помала.
„Секоја година во мај го отвораме електронскиот систем во кој училиштата треба да пријават оштетени учебници со доказ дека го спровеле законот, односно со уплатница дека наплатиле 10 % од вредноста на учебникот, 40% или 70 % од вредноста на учебникот. Комисијата и директорите се должни да водат сметка, да ги примат учебниците, да забележат кој е оштетен, да побараат рефундирање на средствата, да достават до Министерството, и Министерството тој учебник ќе го отпечати без оглед дали е 20-50 или 100% оштетен. Тоа што сме добиле тоа сме направиле. Министерството не може да помине кај секој ученик и да ги провери учебниците. Што побарале училиштата, тоа добиле“, вели министерката Јаневска.
Таа нема податок дали и колку пари се наплатени на родители за оштетени учебници оти, како што рече, тоа се податоци со кои располагаат училиштата.
„ Немам точна бројка, но вкупната бројка која оваа година ја потрошивме за учебници до овој момент е некаде околу 11 милиони евра. Тие податоци треба да ги имаат училиштата. Ние ја гледаме збирната сума и велиме во ред е, доставиле доказ и тие и ги нарачуваат“, рече министерката Јаневска.
Училиштата се обврзани да покажат уплатници од родители за оштетени учебници за да можат да нарачаат нови оти системот не дозволува нарачка без доказ надвор од предвидените пет години.
Министерката кажа дека освен оштетените учебници предизвик за Министерството е учебникот по математика за четврто одделение, за кој ќе се обидат да го решат онака како што им дозволува законот, а предизвик е и учебникот по историја за осмо одделение кој е укинат во учебната 2018/2019 година, а пет години не е нарачан нов. Јаневска рече дека не знае зошто претходните министри не нарачале нив учебник, но кажа дека оваа година таа не го нарачала оти за две недели ќе има конкурс за нови наставни програми за осмо одделение па непотребно трошење буџетски пари според неа би било да се нарача учебник за само една година.
„Бидејќи претходната власт тврдеше дека на наставниците не им треба учебник, еве јас ќе прифатам дека можеби делумно е и така, би можеле и без учебник да ги образуваат учениците. Затоа на располагање ќе имаат вештачка интелигенција, интернет, учебници од други држави за општите настани и така натаму, а секако завршиле факултет и можат да го предаваат она треба во однос на Македонија да го предадат. Малку бев иронична, простете ми, ќе имаат нов учебник за сите, цела генерација за следната година“, рече министерката Јаневска.
Следната година нови наставни програми и нови учебници ќе има за осмо одделение и втори клас, оти оваа година тоа е направено за седмо одделение и први клас.
Македонија
Тошковски: Ден на меѓународната полициска соработка – нашата полиција работи рамо до рамо со партнерските служби во регионот, Европа и пошироко

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со раководството на министерството и полицијата денеска го одбележаа 7 Септември – Меѓународниот ден на полициската соработка.
Овој ден беше воспоставен со Резолуција на Обединетите нации во 2022 година и потсетува дека вистинска безбедност може да се обезбеди само преку заедничка работа, глобална соработка на институциите за спроведување на законот и подигнување на свеста за сериозноста на транснационалниот криминал и преку зајакнување на довербата и размената на информации меѓу службите.
Министерот Тошковски истакна дека современите закани, од организиран криминал и тероризам, преку кибер-криминал, до нелегална трговија со луѓе и дрога не познаваат граници и не можат да се надминат со изолирани напори и затоа е неопходно да се делува координирано, да градиме стабилни партнерства и да развиваме механизми што ќе овозможат навремен и ефикасен одговор.
„Македонија е посветена на оваа заедничка цел. Нашата полиција работи рамо до рамо со партнерските служби во регионот, Европа и пошироко, придонесува со размена на информации, учество во заеднички акции и заеднички анализи. Со тоа ја зајакнуваме сопствената безбедност, но и ја афирмираме улогата на државата како сигурен и кредибилен партнер на меѓународната сцена.“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски на крај нагласи дека меѓународен ден на полициската соработка останува да биде потсетник дека сигурноста на граѓаните зависи од нашата подготвеност да соработуваме, да споделуваме и да дејствуваме заедно.
Македонија
Кривични за стружаните кои запалија душеци на депонија за да ги извадат федерите и да ги продадат

Струшката полиција поднесе кривична пријава против двете лица на возраст од 38 и 61 години кои палеа душеци на депонија. Делото за кое се гонат е предизвикување општа опасност.
Пред еден месец на Градската депонија во Струга, како што соопшти МВР, пријавените запалија душеци за да ги извадат федерите и бакарните жици за да ги продадат.
Беа затекнати од вработените во струшката противпожарна единица и пријавени во полиција. Двајцата, според информацијата од август, покрај душеците, топеле и бакарни жици, при што предизвикале пожар.