Контакт

Македонија

„По локалните избори – време за отрезнување и соочување со стварноста на реалниот живот“

Објавено пред

Кога ќе се изгаснат блескавите светла од адреналински потентните рефлектори за актерите на изборната сцена, сите повторно јасно ќе можеме да ги видиме нијансите кај темнината на ноќта и светлите колорити на денот. На овие локални избори во нашата држава дежурниот чувар ќе го исклучи главниот кабел за разнобојното осветление и прегласното озвучување, ќе ги скине здодевните ПР-билборди на кандидатите, а медиумите ќе си се вратат на своето редовно известување за вистинските проблеми и предизвици од реалниот живот.

dobivaj vesti na viber

Како и на сите претходни локални избори, кандидатите за градоначалник и советници во општинските совети гласно ги промовираа и се натпреваруваа со многу ветувања или со подолги листи на желби за приоритетни проекти што би ги реализирале доколку го добијат мандатот од гласачите. Со мали разлики, кај сите кандидати најчесто се повторуваа ветувањата за почиста и поуредена општина, реформирана и ефикасна општинска администрација, нови или реновирани и добро опремени училишта, изградба на нови или асфалтирање на постојните локални патишта, еколошки безбедна депонија, пречистителна станица за отпадни води, реконструкција на дотраени дистрибутивни мрежи за чиста вода до сите домаќинства, урбан канализациски систем, канали за наводнување и континуирано чистење на речните корита, современо организиран развој на земјоделството и сточарството, како и ефикасни откупни центри, развој на руралниот и бањскиот туризам, поквалитетен социјален живот за младите, култура, спорт и…

Во последните 30 години едно големо НО, кое постојано се повторува, е суровата реалност дека веднаш откако новоизбраната локална управа ќе биде „устоличена“, неизбежно ќе се соочи со бруталниот факт дека многу мал дел од слаткоречивото ветено може и објективно да се оствари доколку бргу не се обезбедат стабилни и значително поголеми финансиски приходи за општинските буџети за да се обезбеди оптимално потребна самоодржливост на општините.

Ноторен факт е дека успешноста на секоја локална власт не се проценува по атрактивноста на нејзините ветувања и списокот на желби, туку само по реално остварените проекти, акција и дела од интерес за сите жители независно од нивните политички, етнички, верски и културни различности.

Дури и на најквалитетните локални лидери што ќе победат во изборниот процес обезбедувајќи мнозинство гласови за поддршка на ветените проекти за подобар живот во општината, рацете ќе им бидат врзани затоа што без директни приливи на оптимално потребни пари во општинските каси, објективно нема да има можност за вистинска реализација. Всушност, само со конструктивна соработка и ефикасна координираност помеѓу локалните и централната власт нашата држава може да обезбеди практични услови за забрзан развој во сите релевантни сектори и драстично да ги подобри и подигне на повисоко ниво реалните услови за достоинствено живеење на СИТЕ свои жители. Тука локалното лидерство – градоначалниците и советниците во општинските совети, има извонредно важна улога за да помогне во создавање позитивна пријателска средина и да понуди ефикасни решенија за да се привлечат домашните и странските инвестиции, кои со себе носат нови и подобро платени работни места и повисок животен стандард.

Атрактивно срочените изборни пароли и слаткоречивите ветувања имаат само краткотрајно дејство врз нашите емотивни реакции, но разумот бргу ќе нѐ потсети дека само богати и економски развиени општини, региони и држава реално може да си дозволат непречено реализирање на сите наведени инфраструктурни и комунални проекти, да инвестираат значително во неопходната грижа за заштита на животната средина, да обезбедат високи стандарди и технички услови во делот на хигиената и здравјето на луѓето… Или, воопшто, со акција и дела да креираат квалитетни параметри за современо и среќно живеење. Да, ваквата поддршка од локалното ниво на власт е неопходна за државата на национално ниво, конечно, да почне ефикасно да се справува со девастирачките последици од сѐ помасовниот процес на егзистенцијално мотивирано иселување кон економски поразвиените земји како неизбежна последица од пролонгираната економска стагнација и евидентното чувство на бесперспективност кај младите генерации.

И, навистина, не е потребен некаков rocket scientist, ниту научни анализи на врвни економски експерти за да се заклучи дека само робусно инвестициско трошење и отворање реален бизнис, производство и мултиплициран извоз, може бргу и ефикасно да ја придвижи националната економија напред. Високите достигнувања за поквалитетен и посреќен живот на сите наши сограѓани се остварливи само преку забрзан економски развој. Никако не доколку останеме заробени од нагласениот говор на омраза преку радикално деструктивен пристап, кој мазохистички сугерира само пролонгирано живуркање и преживување.

Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа (Сесија во Стразбур 26 – 28 октомври, 2021) расправа по извештајот за Македонија во однос на Европската повелба за локална самоуправа, која нашата држава ја ратификува уште во 1997 година. Познато е дека во извештајот е забележана позитивната клима во однос на реформата за понатамошна децентрализација и се поздравува важноста што се дава со усвојување на новата програма за одржлив локален развој 2021 – 2026. Конгресот оценува дека локалните власти реално немаат пристап до доволно финансиски средства за ефикасно извршување на нивните обврски и успешно остварување на приоритетните проекти. Затоа сугерира ургентно имплементирање дополнителни реформски зафати за да се обезбеди соодветно и пропорционално финансирање, односно да се зголеми уделот на општините во приходите на локалниот буџет.

Време е за отрезнување и соочување со стварноста на реалниот живот затоа што само со акција и дела може да стигнеме до подобар живот – сега и веднаш! Крајно време е сите да ги прифатиме неоспорните факти – со конечна реализација на мегаинвестицискиот проект „Иловица-Штука“, „Еуромакс ресоурцес“ секоја година, само по основ на законски давачки, даноци и такси, ќе уплаќа приближно по 24 милиони евра во државниот буџет. Над 5 милиони евра годишно ДИРЕКТНО ќе се слеваат во буџетите на општините, на чија територија функционира овој современ рударски комплекс! Речиси десеткратно ќе се зголемат даночните приходи, кои директно се наплаќаат, и општинските буџети на Босилово и Ново Село со тоа ќе бидат зголемени двојно. Дополнителните 5 милиони евра секоја година ќе обезбедат стабилно финансирање за општините и ќе ја овозможат реализацијата на дефинираните проекти за заштита на животна средина, водоснабдувањето, инфраструктурата, образованието, поддршка на земјоделството, културата и сè друго што ќе придонесе за брз просперитет!

Безрезервно ги поддржуваме презентираните визии и приоритетните проекти од новоизбраните градоначалници на општините Струмица, Босилово и Ново Село затоа што нивната брза и ефикасна реализација ќе донесе добросостојба за СИТЕ жители, без разлика кому му го довериле својот глас во изборниот процес. И во оваа пригода, како докажани партнери на заедницата, јавно се обврзуваме и гарантираме долгорочна финансиска и експертска асистенција убедени дека само со широка инклузивност, транспарентност, конструктивен дијалог и соработка со сите фактори ќе успееме заедно да го изградиме и оперираме современиот рударски комплекс како win-win капитална инвестиција со стратешко значење за прогрес и изградба на просперитетни и економски стабилни општини, регион и држава.

Автор: д-р Живко Груевски, директор за комуникации на „Еуромакс ресоурцес“

(ПР-текст)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Објавено пред

Од

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот Филипче, вели премиерот Христијан Мицкоски, по прес – конференцијата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој кажа дека нема да има лидерска со криминалци. Според Мицкоски, пораките од опозицијата се збунувачки, затоа што прво тие барале лидерска средба, а сега ја одбиваат.

dobivaj vesti na viber

„Мислев дека со овој повик ќе покажеме зрелост и широчина и на тој начин ќе можеме како политички чинители да се обединиме. Тема на лидерската средба не беше само законот за техничката влада. Ако така незрело и неодговорно се однесуваме како опозиција, тогаш нам лидерската средба не ни е ниту потребна и можеме со 61 глас да го смениме закнот за влада и да ја избришеме техничката влада Но, ние сакавме целиот процес да биде инклузивен“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

Тој додаде дека на средбата сакале да се зборува и за реформската агенда, за законите од областа на правосудството, јавното обвинителство и други области преку еден инклузивен процес.

„Но, ете, за жал, имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме на прес – конференцијата на господинот Филипче. Однесувањето на Филипче, очигледно, на ваков тип обраќање на јавноста е составен дел од неговиот менаџерски договор што го има потпишано со СДСМ, договор да се служи со навреди“, рече Мицкоски.

Премиерот кажа дека, сепак, ќе испратат формални покани за средбата која била планирана за 14 јануари.

„Но, тоа е негов избор. Ние, сепак, формално денес или утре ќе ги испратиме поканите за средба. Планирано беше на 14 јануари во Клубот на пратениците да се одржи таа лидерска средба. Пораките се збунувачки, тие бараа лидерска средба, а сега ја одбиваат. Збунувачки и неодговорно е ваквото однесување на опозицијата“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

За една недела 1.725 заболени од грип, пикот се очекува на крајот на јануари и почетокот на февруари

Објавено пред

Од

Во периодот од 29 декември 2025 година до 4 јануари 2026 година пријавени се 1.725 случаи на грип, што е за 2,2 пати повеќе во споредба со неделата претходно, кога бројката на пријавени случаи изнесувала 771 заболен, информира директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска.

dobivaj vesti na viber

Споредено со истата недела од мината сезона, бројот на заболени од грип е зголемен за 5,2 пати.

Според возраста, најголем дел од заболените лица или 749 се од возрасната група помеѓу 15 и 64 години, потоа 618 се деца на возраст од пет до 14 години, 229 од заболените се деца на возраст од нула до четири години и 129 лица се на возраст над 65 години.

„Согласно овие податоци во Македонија имаме висок интензитет на вирусот на грип со очекување за натамошно зголемување во наредниот период“, рече Андоновска и додаде дека сепак, ваквата ситуација не е нешто ново, имајќи предвид дека се наоѓаме среде период на празници со многу прослави и собири на луѓе, што го зголемува ризикот од трансмисија на вирусот.

Андоновска кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој и првата половина од февруари.

„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.

Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Објавено пред

Од

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара алиби за распишување на предвремени избори, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

dobivaj vesti na viber

„Ова што се случува е сценарио кое што е смислено уште лани, кое јас и СДСМ го разоткривме и јавно го говоревме повеќе од два месеци. Предвремени избори па мигранти за пари. Нема пари во буџетот, власта се брза да превеземе мигранти, да земе кредит 6 милијарди евра плус 20.000 фунти по мигрант, како што пренесоа британските медиуми. Мицкоски и тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ нека си ги распишат изборите сами кога веќе се имаат испланирано, СДСМ нема да биде покритие за оваа сценарио“, рече Филипче.

Според него, техничката влада мора да остане, затоа што власта узурпирала се.

„Ги стави канџите во правосудството, презема целосна контрола врз обвинителството, носи измени на Кривичниот законик спротивно од препораките на Европската Унија.Тоа го прави за заштита на криминалот на власта. Донесе резолуција за укинување на слободата на говор на опозицијата, со тоа ја загуши дополнителна демократијата и донесе Закон за полиција за целосна партизација и за бркање на професионалците. И за сето ова во текот на утрешниот ден ќе организираме брифинг на којшто ќе ги соопштам во детали работите кои што се прават во правосудството со поднесените предлог-закони. Да не беа овие чекори, можда и можеше да се разговара, но ова е класична мафија“, рече лидерот на СДСМ.

Филипче додава дека со криминалци кои се обидуваат да узурпираат се и да се спасат себеси, нема седнување на маса за техничката влада, има само одговорност.

„Сето она што СДСМ го говори во изминатиот еден месец сега се случува пред очите на граѓаните. Се потврди и поврзаноста и со СНС и со Србија, исто така тоа што го зборувавме. Како е можно во рок од само еден час по изјавата на Вучиќ во Србија, Мицковски да ги споменува изборите? Што е тоа коинциденција или тоа што го зборуваме изминатите повеќе од месец дена.

И сега е на сите јасно се, нема потреба од дополнителни објаснувања. Акцијата на Соединетите Американски Држави, Законот за западен Балкан каде фокус е борбата против криминалот и корупцијата ги забрзаа работите. Зошто постои потреба токму на најголемиот празник на Божиќ да се пласираат такви политички вести? Очигледно е дека се разоткриени пред целиот свет. Постојат најави за црни листи, за санкции на политичари од целиот регион кои што ќе бидат објавени овој или наредниот месец. Мицкоски повикува на средба, а до вчера не обвинуваа секој ден, бараа да си заминам од СДСМ, измислуваа за мене приказни, Дубаи, Харис Џинович, Сент Моритц, секој ден лажни вести, навреди додека со службите ме следат. Дури и во СДСМ од внатре се обидоа да ја рушат партијата. И сега средба? Па, дали мислат дека и јас и СДСМ сме наивни? Средба нема, техничката влада останува“, вели Филипче.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија1 час

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...

Македонија1 час

(Фото) ДЗС: 30 полски кревети за евакуираните лица во Кичевско, во Ресенско со пумпи се вадеше навлезената вода од подруми и куќи

Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности...

Македонија2 часа

Нова состојба по обилните врнежи: Поплавени подруми и куќи во Охрид, Кичево, Битола, Тетово и Гостивар

Центарот за управување со кризи ја објави новата состојба до 13 часот по обилните врнежи од дожд во земјава. Во...

Топ2 часа

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

Вчера во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума...

Македонија3 часа

Синдикат на култура: Преседан во културата, министерот Љутков повторно против колективните договори

Министерот за туризам, „културно“, но доста ехидно и веќе видено (за Велигден), сега им ја честиташе Новата година и божиќните...

Македонија3 часа

Валбон Лимани претстави 3 проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Валбон Лимани, претстави три проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација...

Свет6 часа

Трамп одобри нова казна за Путин? „Даде зелено светло“

Американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за законски предлог за нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи...

Европа7 часа

Зеленски предложи САД да го киднапираат Кадиров, стигна одговор од Чеченија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да го зголемат притисокот врз Русија со киднапирање на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров,...

Свет7 часа

(Видео) Топлотен бран ја погоди Австралија, властите предупредуваат на „катастрофален“ ризик од пожари

Делови од Австралија в петок го очекуваат катастрофални услови на избувнување пожари, бидејќи топлотен бран го погоди поголемиот дел од...

Европа8 часа

Сикорски: Варшава е отворена за распоредување германски трупи во Полска

Варшава е отворена за евентуално распоредување на германски трупи во Полска во обид да се обезбеди прекин на огнот во...

Европа8 часа

(Видео) Руски независни медиуми: Путин го прослави Божиќ во тајна воена база

Рускиот претседател Владимир Путин очигледно не го прославил овогодинешниот православен Божиќ во една од познатите московски катедрали, туку во црква...

Македонија9 часа

Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан

Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга...

Свет9 часа

Трамп: Венецуела од профитот од нафтата ќе купува само американски производи

Претседателот на САД, Доналд Трамп извести дека Венецуела ќе ги користи своите приходи од нафта за купување исклучиво американски производи....

Македонија18 часа

Одрони, излевања и поплави на повеќе локации – во Кичево евакуирани 60 луѓе во спортска сала поради поплавени домови

Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и...

Македонија18 часа

Поплавени улици во Битола, мобилизирани јавните претпријатија

По обилните врнежи од дожд што вечерва предизвикаа поплавување на улици низ Битола, екипи на ЈП „Нискоградба“ и други јавни...

Македонија19 часа

Мицкоски најави лидерска средба на која би се зборувало за укинување на техничката влада

Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, на која би...

Македонија1 ден

Мицкоски за бугарската формулација „достапен јазик“ наместо македонски: Не е во прашање само Уставот, туку редефинирање на македонскиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, ја коментираше формулацијата „достапен јазик“, наместо македонски јазик, што ја употреби Министерството за...

Македонија1 ден

МВР ќе утврдува зошто новите службени возила биле осветувани со верски обред

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за целосно...

Македонија1 ден

Државниот врв со божиќни честитки: Пораки за мир, семејство и солидарност

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши упатија божиќни честитки до...