Спорт
Филаделфија го скроти Булс, Јокиќ промаши шут за победа
Филаделфија го победи Чикаго во дербито на Истокот (103:98). Далас минимално славеше во Сан Антонио (108:109), а Денвер во драматичен финиш доживеа пораз во Мемфис (108:106).
Помладиот од браќата Кари, Сет, ја предводеше Филаделфија до победата над Чикаго. Сет Кари мечот го заврши со 22 поена, четири повеќе од Џоел Ембид, кој имаше и девет скока и седум асистенции.
Демар Дерозан со 37 поени, односно Зек Лавин со 27 поени, беа најефикасни кај Чикаго.
Двата тима со скор од шест победи и два пораза го делат второто место на Истокот.
Мемфис во драматична завршница славеше над Денвер. Никола Јокиќ со звукот на сирената промаши шут за продолженија. Актуелниот МВП забележа 34 поени и 11 скока. Поддршка доби само од Вил Бартон (26 поени).
Четворица играчи се истакнаа во победата на Мемфис: Џарен Џексон (22 поена, 8 скока), Џа Морент (18 поени), Кајл Андерсон (16 поени), Дезмонд Бејн (16 поени).
Драматична победа оствари Далас Маверикс во Сан Антонио. Лука Дончиќ постигна 23 поени, со лош процент на реализација (10/25). Џејлен Брансон го предводеше Маверикс со 31 поен. Одличен натпревар одигра и Бобан Марјановиќ, кој за 15 минути на теренот постигна 17 поени.
Резултати:
Кливленд-Портланд 107:104
Индијана-Њујорк 111:98
Орландо-Бостон 79:92
Вашингтон-Торонто 100:109
Бруклин-Атланта 117:108
Минесота-ЛА Клиперс 115:126
Голден стејт-Шарллот 114:92
Сакраменто-Њу Орлеанс 112:99
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Блажевски бронзен на ЕП до 21 година во таеквондо
Филип Блажевски од таеквондо клубот Бутел, вечерва во Приштина, оствари голем успех. Блажевски освои бронзен медал на Европското првенство до 21 година.
На патот до медалот, Блажевски, забележа три победи и пораз. Славеше со 2:0 над Манита Александру од Молдавија и Олександар Јефимов од Украина, односно со 2:1 го победи Ајман Бари од Франција.
Доживеа пораз од Хрватот Оскар Ковачиќ, што му беше довлно да го освои бронзениот медал.
Спорт
Се смирија Салах и Слот
Мохамед Салах се враќа во првиот тим на Ливерпул и ќе му биде на располагање на тренерот Арне Слот, утре против Брајтон.
Најдобриот стрелец на „Црвените“ во последните неколку години не патуваше во Милано, на дуелот со Интер во Лигата на шампионите, што беше индикација дека имало конфликт со тренерот. Инаку, претходно, Салах, го преседе на клупата натпреварот против Лидс во Премиер лигата.
Салах, по дуелот со Лидс, го изрази своето незадоволство од статусот што го има, со зборовите дека „клубот го фрлил под автобус“.
Играчот и тренерот одржаа состанок во доцна попладнево и исходот очигледно беше позитивен. Египќанецот се враќа, на прво место се ставени интересите на клубот.
Двете страни ќе продолжат со комуникацијата за време на Африканскиот куп на нации каде што Салах ќе ја претставува својата земја.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мексикаците ја потврдија замена за Агире по СП
Фудбалската репрезентација на Мексико, на СП, чии е ко-домаќин, заедно со САД и Канада, од клупата ќе ја предводи искусниот стратег, Хавиер Агире. Националниот сојуз објави дека тоа ќе биде последната работа на Агире, тој по Мундијалот ќе се пензионира.
Ова значи дека по Светското првенство, Мексико ќе добие нов селектор. „Собрероси“ по СП ќе ги преземе уште една легенда, поранешниот играч на Барселона, Рафа Маркез.
„По Светското првенство 2026, Маркез ќе ја заврши својата улога како асистент, а потоа ќе биде назначен за селектор на Мексико. Веќе имавме разговори со него и тоа е планот за следниот период. Во договорот на Маркез пишува дека по Светското првенство 2026, тој ќе стане селектор на репрезентацијата“, вели Иван Сисниега, претседател на Фудбалскиот сојуз на Мексико.
Маркез треба да биде селектор на мексиканската репрезентација до 2030 година.

