Контакт

Европа

Џорџ Робертсон: Путин сакаше Русија да се приклучи во НАТО

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, сакал Русија да влезе во НАТО, но не сакал земјата да мине низ вообичаениот процес на аплицирање и да чека во ред со многу други земји што немаат такво значење, изјави денеска поранешниот генерален секретар на алијансата, Џорџ Робертсон.

dobivaj vesti na viber

Шефот на НАТО, кој беше на таа позиција од 1999 до 2004 година, изјави дека на првиот состанок Путин јасно му кажал дека сака Русија да биде дел од Западна Европа.

„Тие сакаа да бидат дел од тој сигурен, стабилен, просперитетен Запад, на кој Русија не му припаѓаше во тоа време“, вели Робертсон.

Тој јасно се сеќава на средбата што ја имал со Путин, кој е претседател на Русија од 2000 година.

„Путин праша: Кога ќе нè поканите во НАТО?, а јас одговорив: Па, ние не ги каниме луѓето да влезат во НАТО, тие аплицираат за членство. Путин рече: Па, ние не стоиме во линија со многу земји што немаат такво значење“, објаснува Робертсон.

Британскиот весник „Гардијан“ потсетува дека Путин пред нешто повеќе од 21 година изјавил дека има амбиции неговата земја да биде во НАТО и дека не ја исклучува таа опција.

„Ако и кога ставовите на Русија се земат предвид како ставови на рамноправен партнер“, рече тогаш Путин.

Тој тогаш изјавил дека му е тешко да го замисли НАТО како непријател.

„Русија е дел од европската култура. И не можам да си ја замислам сопствената земја во изолација од Европа и она што често го нарекуваме цивилизиран свет“, рекол тогаш Путин, а пренесува „Гардијан“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Експлозии и пукање во Минхен: едно лице загина, друго повредено

Објавено пред

Голема полициска и противпожарна операција е во тек од раните утрински часови во северен Минхен откако се слушнале експлозии и пукотници. На местото на настанот биле распоредени специјални сили и одреди за деактивирање бомби, а бил видлив и густ облак од чад, објавува „Билд“.

dobivaj vesti na viber

За време на интервенцијата, пронајдено е тело на маж, а според неофицијални информации, се сомнева дека тој поставил експлозивни направи во куќата на своите родители, ја запалил, а потоа си го одзел животот.

Дополнително, пронајдено е уште најмалку едно лице со прострелни рани. На местото на настанот бил видлив целосно изгорен автобус.

Инцидентот се случил на улицата Лерхенауер, а полицијата го оградила поширокото подрачје. Властите апелирале до граѓаните и учесниците во сообраќајот да го избегнуваат тој дел од градот.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Гори една од најголемите рафинерии во Русија

Објавено пред

Украински извори на социјалните медиуми објавија снимки од пожар во една од најголемите руски рафинерии во Јарослав. Изворите тврдат дека рафинеријата била погодена во напад со беспилотни летала, а гувернерот тврди дека станува збор за техничка неисправност.

dobivaj vesti na viber

Рафинеријата во Јарослав, позната како „Славнефт-ЈАНОС“, има капацитет да преработува речиси 15 милиони тони нафта годишно, според нејзината официјална веб-страница и бројките од индустријата. Ова ја прави една од најголемите рафинерии во Русија.

Украински извори тврдат дека била погодена единицата ВТ-6, која преработува масло за греење, со пријавен годишен капацитет од над 6,2 милиони тони.

Рафинеријата е на речиси 250 километри североисточно од Москва и на околу 700 километри од украинската граница.

Во последните недели Украина ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта и инфраструктурата со употреба на беспилотни летала, кои веќе имаа значително влијание врз снабдувањето со гориво на Русија. „Ројтерс“ објави дека нападите го намалија производството оставајќи многу независни бензински пумпи без снабдување со гориво во неколку региони.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Дрон во близина на аеродром во Норвешка: „Беше толку блиску што беше видлив од контролната кула“

Објавено пред

Норвешката полиција реагира синоќа по пријавите за дрон што летал толку блиску до аеродромот „Бронејсунд“ околу 21.50 часот што можел да се види од контролната кула, објави NRK.

dobivaj vesti na viber

И покрај тоа што отишле на местото на настанот, полицијата не можела да го пронајде лицето што го управувало леталото. Првиот извештај за дронот бил примен во 20.17 часот.

„Ја прекинавме потрагата со полициските ресурси што ги имавме на местото на настанот. Забележавме дрон во воздухот, но не можевме да го лоцираме пилотот поврзан со дронот. Па по извесно време од пребарувањето, завршивме на местото на настанот“, изјави Мортен Серенсен од полициската управа „Нордланд“ за NRK.

Ова не е прв ваков инцидент во областа. Во неделата на истиот аеродром беше пријавено дека се забележани дронови, што предизвика пренасочување авион од „Видеро“ бидејќи дронот бил во зона на забрането летање.

Портпаролката на норвешкиот оператор на аеродроми „Авинор“, Каролина Персен, потврди дека последниот авион слета како што беше планирано вчера. Таа додаде дека аеродромот бил затворен преку ноќ и дека ќе биде повторно отворен како и обично в среда наутро.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

Финскиот премиер предупредува на руски закани за цела Европа

Европската Унија треба да преземе невидени овластувања за да се одбрани од сè поизразените закани од Русија, изјави финскиот премиер,...

Свет8 минути

Г7: Ќе ги таргетираме оние кои ќе продолжат да купуваат руска нафта

Министрите за финансии на Г7 изјавија дека ќе преземат заеднички чекори за зголемување на притисокот врз Русија, таргетирајќи ги земјите...

Македонија15 минути

(Видео) Израелската војска упадна на бродовите што пловат кон Газа, уапсена е Грета Тунберг

Израелските сили се качија на неколку бродови од флотилата „Глобал Сумуд“ и ги превезоа активистите во израелско пристаниште, разбивајќи протест...

Свет14 часа

Орбан предупредува: Една грешка и Европа гори

Третата светска војна може да започне во секое време ако една од големите сили направи грешка, изјави унгарскиот премиер Виктор...

Македонија16 часа

Сијарто: ЕУ применува двојни стандарди кон Македонија и Србија, а Украина се турка на сила

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Европската унија очигледно применува двојни стандарди кога станува збор за...

Свет16 часа

Украина може да го порази Путин со беспилотни подводни дронови, тврди пензиониран американски генерал

Русија може да биде протерана од Украина доколку се употребат експлозивни подводни дронови, тврди еден од водечките пензионирани американски генерали,...

Македонија17 часа

Поради пад на температурите, грејната сезона почнува две недели порано

АД ЕСМ информира дека од утре, 2 октомври, започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во...

Топ18 часа

Крадци отворале паркомати на повеќе локации во Скопје

Денеска, во полицијата од Јавното претпријатие „Градски паркинг Скопје“ било пријавено дека во раните утрински часови две лица со употреба...

Македонија18 часа

„Политико“: Бугарија би можела да му се придружи на Орбан во блокадата на Украина, за да го зачува ветото кон Македонија

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, би можел да најде поддршка од повеќе земји во обидот да ја задржи блокадата за...

Македонија18 часа

Јаневска на првиот академски час на УКИМ: Студирањето во својата земја е најдобар избор

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на првиот академски час ја поздрави новата генерација студенти на Универзитетот „Св. Кирил...

Македонија19 часа

Судењето за „Онкологија“ одложено, одбраната бара Коцевски да ја преземе постапката

Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и уште двајца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти, е...

Македонија20 часа

Шукова од Аеродром им го вети на скопјани она што премиерот Мицкоски го најави минатата недела: бесплатни филтри на оџаците се добра и сериозна мерка

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денес, од Аеродром, на скопјани им вети бесплатни филтри за оџаците...

Македонија21 час

Систем за влез/излез од ЕУ: за што сè треба да се подготват патниците

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе почне со постепено воведување...

Европа23 часа

Експлозии и пукање во Минхен: едно лице загина, друго повредено

Голема полициска и противпожарна операција е во тек од раните утрински часови во северен Минхен откако се слушнале експлозии и...

Европа23 часа

(Видео) Гори една од најголемите рафинерии во Русија

Украински извори на социјалните медиуми објавија снимки од пожар во една од најголемите руски рафинерии во Јарослав. Изворите тврдат дека...

Свет24 часа

(Видео) Снимен момент кога силниот земјотрес ги погоди Филипините

Најмалку 60 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени во силен земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер...

Европа1 ден

Орбан: Европа е посилна од Русија, не знам зошто глумиме дека сме слаби

Унгарскиот премиер Виктор Орбан порача дека Унгарија би соборила руски беспилотни летала доколку влезат во нејзиниот воздушен простор. Еден новинар...

Свет1 ден

Трамп: Блиску сме до договор со „Харвард“, ќе платат 500 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговата администрација е блиску до договор со Универзитетот Харвард и рече дека таа...

Свет1 ден

(Видео) Силен земјотрес ги погоди Филипините: најмалку 60 мртви

Најмалку 60 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени во силен земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер...

Македонија1 ден

Додека светот ги забранува, ароматичните електронски цигари се помасовни кај нас: деветгодишни „вејпаат“ и бројат хитови

Повикот на Светската здравствена организација (СЗО) од мај годинава итно да се забранат ароматичните цигари за да се заштитат младите...