Спорт
Јокиќ „залепи банана“ во последна секунда за триумф на Нагетси
Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа ноќеска Хјустон Рокетс со 95:94 (26:27, 20:20, 26:24, 23:23), а јунак на мечот беше српскиот центар Никола Јокиќ.
Јокиќ мечот го заврши со 28 поени и 14 скока, со 2 асистенции и 2 украдени топки. Нему му припадна и одлучувачкиот потег на мечот, во последната секунда.
Хјустон имаше напад, Тејт се обиде да поентира за победа, но Јокиќ со сјајна блокада го спречи асот на гостите да постигне кош.
NIKOLA JOKIC SAYS NO AT THE BUZZER!@nuggets win a thriller. pic.twitter.com/Ax3uL3FHEe
— NBA (@NBA) November 6, 2021
Покрај Јокиќ, забележителна партија имаше и Бартон со 15 поени и 7 скока, додека кај „ракетите“ Даниел Тајс броеше до 18, а Крис Вуд до 12 поени и 17 скока.
На останатите ноќешни НБА натпревари, Мајами Хит со 118-115 беше поуспешен од Јута Џез.
Чикаго беше поразен со 105:114 од Филаделфија.
Далас предводени од феноменалниот Лука Дончиќ (33 поени) славеа против Бостон со 107:104.
Феникс ја совлада Атланта 121:117
Портланд му нанесе тежок пораз на тимот на ЛА Лејкерс 105:90
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

