Македонија
(Видео) Кочоска-Димитриеска: Првпат во историјата РЕК „Битола“ е надвор од функција среде грејна сезона
РЕК „Битола“, капацитет кој е ‘рбетот на енергетскиот систем на земјата и гарант дека државата нема да остане без струја, поради неспособноста на Владата, од утрово е надвор од функција, обвини Гордана Кочоска-Димитриеска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа посочи дека ова е првпат во историјата рударско-енергетскиот комбинат да биде надвор од функција среде грејна сезона.
„Откако пред неколку дена се запали трансформатор на Блок 3, утрово има проблеми и со Блок 1. РЕК првпат по години не произведува струја и тоа не е непланирано, туку од неспособност среде енергетска криза, кога цените на струјата на светските берзи соборуваат рекорди“, рече претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.
Кочоска-Димитриеска предупреди дека државата скапо ќе ја чини неработата на РЕК.
„Без РЕК ‘Битола’, хидроакумулациите и другите капацитети на ЕЛЕМ не се доволни за да ги задоволат потребите за струја на земјата. Дури и со санирање на оштетувањата, РЕК има проблеми, на депонијата, како што официјално кажаа од власта, има само 40.000 тони јаглен, тоа е гориво потребно за 2-3 дена, и тоа без комплетна работа на сите три блока. Со промената на власта во 2017 година почна пропаста на електоенергетскиот систем во Македонија, пропаста на гигантот ЕЛЕМ и НА МЕПСО. Енергетските претпријатија се користеа за испумпување пари преку тендери, за набавка на несуштински работи, а не се инвестира во нови машини, нова механизација, во ископ на јаглен и во пронаоѓање нови наоѓалишта“, рече Кочоска-Димитриеска.
Според неа, криминалот и неспособноста на власта создале енергетска криза, која, како што рече, ќе заврши со тешка финансиска криза, но предупреди дека за целата ситуација некој ќе треба за многу бргу да понесе одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет
Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.
Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење.
При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје.
Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки, соопшти обвинителството.
Македонија
Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството, велат од СДСМ
Гоце Наумовски, кој е надворешен советник на премиерот Мицкоски за правни работи, е предлог за нов уставен судија кој се очекува да биде изгласан наскоро, истакнуваат од СДСМ.
„Кадровско решение од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанца во државата.
Дополнително, Гоце Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции од ВМРО, Васко Наумовски, со што политичките релации и влијанија се уште еднаш потврдени.
Власта ги зема под целосна своја контрола судството и обвинителството.
Го сменија јавниот обвинител и планираниот избор на обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет. Сега советник на Мицкоски во Уставниот суд“.
Според СДСМ, додека Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат, носат закони за правосудатво кои се спротивни на препораките на ЕУ.
„Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата. Исто како во времето на Никола Груевски.
Следува целосно погребување на правдата и правната држава“.

