Свет
Нова опасност во Индија, се шири вирусот зика
Најмалку 89 лица, меѓу кои 17 деца, се позитивни на вирусот зикa во индискиот град Канпур, соопшти денеска здравствениот оддел на тој град.
Првпат откриен во 1947 година, вирусот зика, што го пренесуваат комарците, достигна епидемиски размери во Бразил во 2015 година кога илјадници бебиња беа родени со микроцефалија, нарушување што предизвикува бебињата да се раѓаат со ненормално мали глави и неразвиен мозок.
„Има зголемување на бројот на случаи на вирусот зика и здравствениот оддел формира неколку тимови за борба против ширењето на болеста“, изјави Непал Синг, главен медицински службеник во областа Канпур, во најнаселената индиска држава Утар Прадеш.
Првиот случај на вирусот зика во индустрискиот град Канпур беше откриен на 23 октомври, но бројот на заболени се зголеми во текот на изминатата недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уривање на дел од автопат во Кина: Најмалку 24 лица загинаа, 30 се повредени
Најмалку 24 лица загинаа, а 30 се повредени при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јавија кинеските медиуми.
„Осумнаесет автомобили паднаа по падината откако се урна дел од автопатот долг 17,9 метри околу 2 часот по полноќ“, се вели во соопштението на властите во градот Мејџоу во провинцијата Гуангдонг, пренесува АП.
Според американската агенција, околу 11:45 часот по локално време под урнатините биле пронајдени 18 автомобили.
Свет
Блинкен им порача на Израел и Хамас дека е време за прекин на огнот
Државниот секретар на Соединетите Држави (САД) Ентони Блинкен се состана со израелските лидери на 1 мај, за време на посетата на Израел, а во таа прилика му порача на претседателот на земјата дека „е дојдено времето“ за договор за прекин на огнот во војната во Газа.
Ова е седма посета на Блинкен од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас – палестинска група прогласена за терористичка организација од страна на САД и Европската Унија уште од октомври.
Блинкен се обидува да постигне договор кој би ги ослободил заложниците кои ги држат милитантите на Хамас во замена за прекин на борбите. Како дел од договорот се очекува да бидат ослободени и палестинските затвореници.
Свет
Француските експерти препорачуваат децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години
На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да им се забрани користењето на конвенционалните социјални медиуми како ТикТок, Инстаграм и Снепчет до 18 години, се вели во експертскиот извештај нарачан од францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон побарал експертите да предложат упатства за употреба на паметни телефони кај детската популација.
Тој сака да преземат решителни чекори за да ја ограничат нивната изложеност на негативното влијание на оваа технологија, пренесува лондонски Гардијан.