Македонија
Османи: Успешен почеток на проектот за мобилно издавање патни исправи за дијаспората во Словенија
Почнаа со работа базните и мобилните станици за изработка и достава на патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија што живеат и работат во странство. Со новата опрема во нашите дипломатски и конзуларни претставништва постапката за подигнување патни исправи е олеснета и скратена за што сведочат и нашите државјани во Словенија, објави денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на „Фејсбук“.
За ефикасноста и олеснетата процедура за стекнување патни исправи, што е овозможена со воспоставувањето на базните станици, со изјава и амбасадорката Сузана Зеленковска.
„Живееме во време на големи предизвици – здравствени, економски и социјални. Во таа насока нашата држава се погрижи со услугата за издавање на патните исправи во амбасадата, постапката да се олесни и скрати и да трае од две до три недели. На тој начин се зголемува како нашата ефикасност во работењето така и задоволството на нашите граѓани од навременото добивање на патните исправи“, изјави Зеленковска.
Во август оваа година министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги промовира деветте базни станици и четирите мобилни станици, кои се поставени во земјите во кои повеќе е концентрирана нашата дијаспора. Подобрувањето на услугите за дијаспората е еден од клучните приоритети на Министерството за надворешни работи за чија реализација се вложуваат максимални напори, известија од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

