Спорт
Чави: Два пати ги одбив, сега сум подготвен да ја водам Барселона

Барселона, на „Ноу Камп“, го промовираше Чави Ернандез во нов шеф на стручниот штаб. Чави, по шест години се врати во клубот, чии дрес го носеше од 1997 до 2017 година. Тој е еден од најдобрите и најтрофејните играчи во историјата на славниот клуб.
Чави тренерската кариера ја започна во Ал Сад, на кормилото на Барселона дојде на местото на Роналд Куман.
„За мене е важно што знам како функционира соблекувалната. Бускетс, Алба, Тер Штеген, Пике и Роберто ми беа соиграчи. Ќе биде тешко, но јас сакам предизвици, подготвен сум. Целта е да уживам во работата. Им благодарам на навивачите за поддршката“, рекол Чави и дополнил.
„Два пати ја одбив Барселона, тогаш мислев дека е рано за таков предизвик. Не бев подготвен како што сум сега. Сега е време за најголемиот предизвик во мојата кариера. Враќањето во Барселона беше сон и за моето семејство. Целта секогаш ќе биде борба за трофеите. Денес и е роденден на мојата сопруга, ми даде голем подарок, ова на сите ќе ни ги смени животите“.
Чави, на промоцијата беше пречекан со воодушевување. Навивачите го извикуваа неговото име.
Чави ќе дебитира за две недели, во градското дерби против Еспањол.
The excitement is building for … pic.twitter.com/HsukDB7HiH
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 8, 2021
The moment has arrived pic.twitter.com/OkSunDBzRk
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 8, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мареска потврди дека Палмер ќе паузира уште шест недели

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер (23), нема да може да им се придружи на соиграчите уште шест недели поради повреда на препоните, објави тренерот Енцо Мареска.
Палмер не играл од поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед на 20 септември.
Тој го напушти теренот во првото полувреме, а Мареска потоа објави дека ќе го одмори до октомвриската репрезентативна пауза, која сега е завршена.
„Згрешив. За жал, тој ќе биде надвор од терените веројатно шест недели“, рече Мареска, исклучувајќи ја можноста за операција.
„Се обидуваме да го заштитиме Кол колку што е можно повеќе и најважно е тој да биде целосно закрепнат кога ќе се врати“, додаде италијанскиот стручњак.
Челзи, кој моментално е седми на табелата во Премиер лигата, во сабота гостува кај Нотингем Форест, кој е 17-ти на табелата.
Спорт
Флик негира дека претседателот на клубот му се меша во работата

Ханси Флик, на прес конференцијата, пред натпреварот со Џирона, бурно реагираше на прашањето дека претседателот на Барселона барал Ламин Јамал да игра против ПСЖ во Лигата на шампионите.
Шпанските медиуми со денови шпекулираат за наводниот конфликт во врвот на каталонскиот клуб, според кој претседателот Џоан Лапорта наводно му наредил на Ханси Флик да го вклучи Ламин Јамал во почетниот состав за натпреварот против ПСЖ, иако 18-годишникот, според изворите, доцнел на задолжителниот состанок на тимот пред дуелот.
„Би сакал да знам од каде доаѓаат тие глупости. Никој во клубот никогаш не ме замолил да направам нешто слично. Тие ми веруваат целосно. Немам што да кријам, познато е дека во Барселона тренерскиот штаб носи спортски одлуки“, рече Флик.
Тој нагласи дека Ламин Јамал не бил казнет и дека неговото место во почетниот состав против ПСЖ е спортска одлука, а не резултат на каков било притисок од раководството.
Да потсетиме дека шпанските таблоиди претходно објавија дека Флик прво планирал да го казни младиот напаѓач затоа што доцнел и дека му рекол дека нема да биде во првиот состав. Сепак, според овие шпекулации, раководството на клубот наводно инсистирало Јамал да го започне натпреварот.
Инаку, Барселона во второто коло загуби од ПСЖ со 1:2.
Спорт
(Видео) Папајанис во солзи го напушти дуелот со Панатинаикос

Играчот на Панатинаикос, Јоргос Папајанис, ја доживеа можеби најлошата и најтешката повреда во спортот.
Не беше во дуел со противнички играч, но се повредив слетувајќи во обид да постигне кош во акција „алеј уп“.
Најверојатно станува збор за повреда на вкрстените лигаменти.
Поанешниот грчки репрезентативец ја напушти салата во Истанбул.
Инаку Анадолу Ефес загуби од Панатинаикос со 81:95 во петтото коло во Евролигата.