Општество
Пуштено во употреба повеќенаменско спортско игралиште во Драчево
Премиерот Никола Груевски, заедно со градоначалникот на Кисела Вода, Билјана Беличанец и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Маријан Спасески, во средата го пуштија во употреба новото повеќенаменско игралиште во училиштето „Св.Климент Охридски“, во општина Драчево.
Ова игралиште е дел од проектот „Изградба на 100 повеќенаменски спортски игралишта“ во чии рамки веќе се пуштени во употреба 12 игралишта, а 14 други се во тек на изградба.
„Овој проект е дел од низа капитални проекти во спортот какви што нашата држава не памети. Слични проекти се изградбата на 35 големи спортски сали, на 50 фудбалски игралишта, како и изградбата на 100 тениски терени низ целата држава. Целта на сите овие проекти е секаде низ Македонија да се поттикне развојот на спортот и здравите навики кај младите“, истакна премиерот Груевски.
На отворањето на новото игралиште тој нагласи дека Владата и институциите на системот продолжуваат со интензивно темпо на работа во сите полиња од интерес на граѓаните и во сите делови на нашата држава.
„Пред нас е период кој ќе донесе многу придобивки, многу инвестиции, реформи и нови проекти, но и период во кој треба да ги довршиме проектите кои ги започнавме во минатото и континуирано ги реализиравме во изминатиот период“, рече претседателот на Владата на Република Македонија.
Игралиштето во ОУ „Св. Климент Охридски“ ќе овозможува услови за играње фудбал, ракомет, кошарка и други спортови, а е опремено со рефлектори за негово користење и во вечерните часови.
Премиерот Груевски нагласи дека на пошироката територија на Кисела Вода реализирани се уште многу други проекти меѓу кои ги спомена изградбата на новото училиште „Рајко Жинзифов“, која е во завршна фаза, а за што обезбедена е донација од Владата на Народна Република Кина, изградбата на атмосферската канализација на улицата „Жарко Зрењанин“ и фекалната канализација во населеното место Потстаница, како и асфалтирањето на улицата „Иван Хаџиниколов“.
Градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ, потенцираше дека со повеќенаменското игралиште ќе се придонесе за правилен развој на најмладите и ќе се помогне во трасирањето на успешната иднина на некој иден спортист.
Таа најави дека со средства од буџетот на општината во текот на идната недела до повеќенаменското игралиште во училиштето ќе се опреми уште една сала со фитнес реквизити./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

