Спорт
Ракитиќ се кае што не потпишал за ПСЖ
Иван Ракиќ жали што не кога можел не ја прифатил понудата од ПСЖ. Поранешниот хрватски репрезентативец, ова им го потврдил на новинарите од телевизијата „beIN“, чии сопственик е првиот човек на ПСЖ. Насер Ал Келаифи.
Ракитиќ беше блиску до трансфер во Париз, по завршувањето на Светското првенство во Русија. ПСЖ за неговиот трансфер беа подготвени да плата 50 милиони евра. На крајот тој остана во Барселона, а во ПСЖ пристигна Леандро Паредес од Зенит.
„Сега би сакал да се случи тој трансфер, доколку на ПСЖ им треба играч од средниот ред, Насер или Леонардо можат веднаш да ме побараат! Се шегувам, трансферот тогаш не беше реализиран од повеќе причини. Решив дека ќе бидам среќен доколку останам во Барселона.
По таа сезона, започнаа маките на Ракитиќ во Барселона. Повеќе време минуваше на клупата за резерви отколку на теренот. На крајот ја напушти Барселона и се врати во Севилја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дурент, осми во историјата со најмалку 31.000 поени во кариерата
Кевин Дурент и Амин Томпсон со по 28 поени го предводеа Хјустон до убедливата победа над Феникс (117:98) во НБА лигата.
Против својот поранешен тим, Дурент влезе во историјата на НБА лигата. Четири поени шшто ги постигна во првата четвртина му беа довлни да ја надмине бројката од 31.000 во кариерата.
Седум играчи на вечната листа се пред Дурент: Леброн Џејмс, Крим Абдул-Џабар, Карл Малоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Дирк Новицки и Вилт Чемберлен.
Доколку 15-кратниот НБА Ол-стар играч остане здрав, веројатно е дека ќе ги престигне Чемберлен (31.419 поени) и Новицки (31.560), а можеби дури и Џордан (32.292) оваа сезона.
Foto/ EPA
Спорт
Англија е фаворитот на Гвардиола на СП
Тренерот на Манлестер Сити, Пеп Гвардиола, има свој фаворит за Светското првенство, кое наредната година ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Мексико и Канада.
„Би сакал Англија да победи. Тука сум неколку години, дел сум од оваа земја и би сакал Томас Тухел и неговиот тим да го постигнат тоа“, заклучи Гвардиола.
Англија во првата фаза ќе се натпреварува во Л групата, заедно со Хрватска, Панама и Гана.
Првиот натпревар Англичаните ќе го одиграат на 17 јуни против Хрватска, потоа на 23 јуни ќе играат против Гана, а четири дена подоцна против Панама.
Foto/ EPA
Спорт
Уште еден централен дефанзивец на Арсенал е повреден
Арсенал претрпе уште еден тежок удар во дедефанзивниот дел од тимот. Кристијан Москера ќе отсуствува најмалку шест недели поради комплицирана повреда на глуждот што ја заработи во победата против Брентфорд во средата.
Со оглед на тоа што Габриел Магаљаеш и Вилијам Салиба веќе се надвор од тимот, „топџиите“ се соочуваат со сериозни проблеми во одбраната, во клучниот период од годината.
Москера мораше да ја напушти играта за време на победата на Арсенал од 2:0 над Брентфорд откако направи незгоден старт, а првичните проценки сугерираат дека шпанскиот дефанзивец ќе отсуствува помеѓу шест и осум недели.
Неговата повреда дополнително го прошири списокот на повредени дефанзивци и создаде нови главоболки за тренерот Микел Артета, чиј тим се бори на неколку фронтови.
Арсенал е веќе без Салиба и Габриел. Французинот наводно е само „неколку дена“ од враќањето по мала повреда на тренинг, додека Бразилецот би можел да биде надвор од теренот до јануари поради проблем со бутниот мускул.
Во нивно отсуство, Москера формираше централен бек со Пјеро Хинкапи.
Артета сега ќе мора да формира нов пар во централниот дел од одбраната, извесно е дека покрај Хинкапи е ќе игра Калафјори.
Foto/ EPA

