Црна хроника
Кривична пријава за пензионирана судијка во Основниот суд Скопје 2
СВР Скопје поднесе кривична пријава против поранешна, сега пензионирана судијка од Основниот суд Скопје 2 за злоупотреба на службената положба
На судијката и помагале виш судски референт – извршител во оддел за вонпроцесна и оставинска постапка во судот и шумар во ЈП „Македонски шуми“ за измама.Судијката во текот на 2007,2008 г. службено постапувала како судија во основниот суд Скопје 2 по предлог на вработениот во „Македонски шуми“ против Македонија за паричен надомест на експроприрана недвижност – земјиште.„В.С. со намера да му овозможи стекнување со противправна имотна корист на М.Х., без да ги изврши нужните проверки во списите на предметот на 04.01.2008 година потпишала клаузула за правосилност и на ден 21.01.2008 година потпишала клаузула за извршност на решение кое таа предходно, на 02.04.2007 година, го донела во Основен суд Скопје II Скопје и покрај тоа што токму решението од страна на Државното правобранителство на РМ било обжалено пред Апелациониот суд во Скопје. На тој начин В.С. му овозможила на третопријавениот противправно да се стекне со парични средства во износ од 6.125.000 денари и за истиот износ го оштетила буџетот на Р.Македонија“ се вели во соопштението на МВР.Судската референтка и помогнала во измамата, со што сите пријавени се стекнале со противправна имотна корист. Сега, сите кривично ќе одговараат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

