Црна хроника
Закани со нож за регионалниот координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Битолчанец со нож му се заканувал на регионалниот координатор на ВМРО-ДПМНЕ за Битола, Зоран Илиовски кој е актуелен директор на јавното претпријатие „Водовод“, јавува битолската телевизија „Тера“.
Четириесет и деветгодишниот битолчанец во вторникот вечерта околу 21 часот заѕвонил во станот на Илиовски и почнал да се расправа со него.
Од појасот на пантолоните извадил нож и со него замавнал кон Илиовски, но тој успеал да ја затвори влезната врата од станот.
Напаѓачот продолжил да удира по вратата и да се заканува по неговиот живот и по животот на членовите од неговото семејство и заминал.
СВР-Битола презема мерки за пронаоѓање на сторителот. Локалниот лидер на ВМРО ДПМНЕ во телефонски разговор за Тера не сакал да го коментира немилиот настан кој се случил синоќа, ниту пак, мотивите на напаѓачот, оставајќи полицијата да си го расветли случајот./крај/тера/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.