Македонија
На улицата Орце Николов денеска ќе се отстранат дрвја од сортата липа

Општина Центар ја известува јавноста во текот на денешниот ден на улицата Орце Николов бр. 3 ќе бидат отстранети две дрвја од сортата липа.
„Отстранувањето ќе се иврши по поднесено барање од Комерцијална банка, со решение заведено под бр. 14-6/117/2 од 12.3.2021 и образложение за небезбедност на минувачите.
По поднесеното барање од Комерцијална банка, вработени стручни лица од Град Скопје заедно со стручни лица од ЈП „Паркови и зеленило“ го разгледаа барањето и извршија непосреден увид на посочената локација на 25.3.2021 година. Притоа е утврдено дека дрвјата се суви, со деградирани и шупливи стебла, имаат суви гранки што паѓаат покрај тротоарот, каде што има голем број минувачии, и при посилно невреме постои опасност да паднат и да предизвикаат материјална или друга штета. По наведеното, одлучено е тие да се отстранат“, велат од Општината.
Од таму додаваат дека Општината плански ќе се грижи за зеленилото поради што ќе изработи посебен катастар на дрвја што ги има во самата општина. Целта, како што се наведува, е да се знае кои дрвја се за сечење поради старост и небезбедност, односно кои не смеат да бидат отстранети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР најави засилени мерки против непрописното паркирање

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
МВР информира дека се преземени вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило “пајак” и 2 мерки по останати прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР.
Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул 100 и ул 21 во Волково (Општина Ѓорче Петров)
-во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул.3 во Ракотинци (општина Сопиште)