Европа
Германија повторно воведува бесплатни тестови поради рекордниот број заразени

Поради рекордните бројки на новозаразени од коронавирус во Германија, техничката влада воведува засилени мерки во борбата против пандемијата, кои вклучуваат повторно преземање на трошоците за тестирање на коронавирус, беше објавено денеска.
„Мора да направиме сè што е во наша моќ за да ја прекинеме оваа динамика“, рече министерот за здравство, Јенс Шпан, посочувајќи на рекордниот број новозаразени луѓе во Германија.
Епидемиолошкиот институт „Роберт Кох“ денеска пријави 48.640 нови случаи на коронавирус, нешто помалку од вчера, но 11.500 повеќе од минатиот петок. Седумдневната инциденца се искачи на 263,7, највисока вредност од избувнувањето на пандемијата.
Шпан препорача на јавни места, без разлика дали се работи за угостителски објекти или културни и спортски институции, да се воведе т.н. правило 2Г, кое дозволува влез само на луѓе што се вакцинирани или прележале Ковид-19.
Редовно тестирање на работните места се препорачува за оние што не се вакцинирани.
„Кај нас не е пет до дванаесет, туку пет по дванаесет“, рече директорот на Институтот „Роберт Кох“, Лотар Вилер, на заедничката прес-конференција.
И Шпан и Вилер ги повикаа оние граѓани што сè уште не се вакцинирани да го сторат тоа.
„Потребна ни е 90-отстотна вакцинација за да постигнеме имунитет, а ние сме со километри далеку од тоа“, рече Вилер посочувајќи на моментната стапка на вакцинација во Германија од 67,4 отсто.
Шпан најави зголемување на приходите за лекарите што вршат вакцинација, што треба да влијае на брзината на вакцинирањето.
Од утре тестовите за коронавирус повторно се бесплатни за сите граѓани еднаш неделно. Оваа мерка беше укината во септември бидејќи властите сметаа дека со нејзино укинување може да принудат повеќе граѓани да се вакцинираат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Размислете внимателно за вашите капацитети за воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците на Киев да ги преиспитаат своите капацитети за воздушна одбрана откако беспилотните летала, за кои Варшава тврди дека се руски, влегоа во полскиот воздушен простор.
Зборувајќи во Киев заедно со финскиот претседател Александар Стаб, Зеленски рече дека Украина е отворена и подготвена да ги поддржи сојузничките напори. Украина одби многу руски воздушни напади користејќи украинско и странско оружје, од митралези до напредни ракети.
Зеленски рече дека земји како Полска треба да размислат за слични повеќеслојни пристапи бидејќи ракетните системи како што е американскиот систем „Патриот“ се премногу скапи за употреба против поевтини руски беспилотни летала.
„Никој во светот нема доволно ракети за да собори сите различни видови дронови“, рече тој. Полска, со поддршка на сојузниците од НАТО, вчера собори неколку дронови што влегоа во нејзиниот воздушен простор.
Полскиот претседател го опиша инцидентот како руска провокација насочена кон тестирање на одговорите на Полска и НАТО. Зеленски рече дека Украина, која развила софистициран домашен пристап за одбивање на руските напади, е во позиција да им помогне на своите сојузници во тоа.
Тој рече дека полскиот премиер Доналд Туск веќе се согласил да испрати воени претставници во Украина за таа цел. Полските воени претставници ќе бидат обучени да соборуваат дронови, изјави извор запознаен со ова прашање.
фото: принтскрин
Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин