Македонија
13 починати лица, регистрирани нови 469 случаи на Ковид-19
Денес се регистрирани 469 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со Ковид-19 изнесува 208.467
Оздравени се 375 пациенти а пријавени се 13 починати лица, соопшти Министерството за здравство.
Од таму информираат, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направени 3.296 тестирања, а регистрирани се 469 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 205, Битола – 50, Кавадарци – 35, Прилеп – 23, Куманово и Штип – по 20, Тетово – 13, Велес и Охрид – по 11, Крива Паланка и Делчево – по 9, Кочани – 7, Гевгелија – 6, Струмица, Неготино, Ресен и Кратово – по 5, Пехчево – 4, Гостивар, Кичево, Свети Николе, Радовиш и Демир Хисар – по 3, Виница и Македонска Каменица – по 2, Струга, Берово, Богданци, Крушево, Макдеонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 1 лице.
Регистрирани сe 375 оздравени пациенти од: Скопје – 178,Куманово – 29, Кавадараци и Битола – по 20, Прилеп – 18, Штип – 13, Неготино – 12, Велес – 11, Кочани – 10, Тетово – 9, Свети Николе – 8, Кичево и Пробиштип – по 7, Крива Паланка и Делчево – по 6, Гевгелија и Крушево – по 5, Берово – 3, Радовиш – 2, Охрид, Ресен, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1 лице.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 3 починати лица од Скопје (44 г, 60г и 77 г), по 2 починати лица од Велес (73 г и 80 г) и Струмица (57 г и 77 г) и по едно починато лице од Прилеп (73 г), Битола(73 г), Кавадарци (75 г), Кичево (77 г), Неготино (33 г) и Крива Паланка (82 г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.
Направени се 3.296 тестови преку: ИЈЗ-244, ЦЈЗ Скопје-76, ЦЈЗ Битола-67, ЦЈЗ Прилеп-33, ЦЈЗ Тетово–60, ЦЈЗ Куманово-41, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-0,лабораторија болница Козле-21, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–152, Жан Митрев (Филип Втори)-71,Авицена-166, Биотек-165, Систина-66, лабораторија Лаор-105, Синлаб-9, Ремедика-13, Плодност–58, Генеа-5,Никоб лаб-281, ВФВ Медикал-47, Ели Медика-46, Ројал Медика –8, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб – 6, ЈЗУ и ПЗУ(рапид тест) – вкупно 1.545.
Досега во земјата се направени вкупно 1.421.951 тестирањана Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.467,бројот на оздравени пациенти е 192.745, на починати е 7.307, а бројот на активни случаи изнесува 8.415.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

