Спорт
Селекторот Милевски уверен: Со ладни глави и жешки срца одиме на победа
Одлучувачкиот меч за Македонија во квалификациите за Мундијалот во Катар е утре, од 18 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје – противник селекцијата на Исланд.
Триумфот над Ерменија и одличниот резултат кој оди во наша корист што „рибарите го остварија кај Романија не остави во живот по прокоцканите шанси и загубените бодови со Исланд на гости и со Ерменија дома.
Македонските фудбалерите пред полн стадион против немотивиран противник (немаат шанси ниту за бараж) – селекторот Благоја Милевски го знае рецептот.
„Не може да се каже дека за нас Исланд е најтежок натпревар, се работи за меч кој е последен и одлучува околу исполнување на нашите цели. Ама ние се подготвуваме како за сите претходни натпревари, исто и тие беа важни. Сега сме пред финална можност за пласман во баражот и тоа не ни носи притисок, туку дополнително не мотивира. Се доведовме во позиција сами да одлучуваме, среќни сме поради тоа. Полниот стадион ќе ни биде инспирација плус, нема да биде притисок. Со ладни глави и жешки срца одиме на победа. Ерменија е зад нас, ова е нов предизвик. Знаеме се за противникот, подготвени сме за тоа што не очекува. Знам дека знаат да се случат грешки на вакви мечеви, но верувам дека нема да има и ќе дојдеме до целта“ потенцираше Милевски.
Фото: ФФМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

