Црна хроника
Скопјанец доби кривична за растурање марихуана
Против 27-годишен скопјанец е поднесена кривична пријава под сомнение дека е дилер на марихуана, отккао кај него биел пронајден околу половина килограм марихуана
Скопската полиција подолго време иамла сомневања дека обвиантиот се занимава со нелегална продажба на марихуана, пи што биле преземени мерки за добивање сознанија и обезбедување докази.Притоа бил извршен и претрес на домот во кој тој привремено престојува на ул. „Желево“, при што се пронајдени 30 зипер кесички, една голема паковка, седум најлон кеси и тенџере со марихуана во вкупна маса од 433,5 грама, по што бил приведен. Тој дрогата ја набавил во септември, ја препакувал во помали количества од каде преку телефон ја договарал продажбата со уќивателите на кои им ја продавал по цена од 300 денари. Инаки скопјанецот со инцијали Г.Т., според полицијата бил познат како извршител на овој вид кривични дела, како и на кражби,за што му бил одреден притвор од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

